Вести од граѓанските организации

Содржината на информациите презентирани во овој дел од веб странaта се единствена одговорност на грантистите и на ниту еден начин не може да се смета дека ги одразуваат гледиштата на Цивика мобилитас, Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC) или организациите што ја спроведуваат. Информациите се презентирани како што се пристигнати и печатните или други грешки во нив се одговорност на самите автори.

  • Jaшари: Поддршката што ја дава ЕУ во борбата со дезинформациите е многу важна

    Секојдневно ги чувствуваме последиците и знаеме на кој начин делуваат оние кои што шират дезинформации и ги знаеме ефектите. И затоа мора да делуваме, да ја следиме ЕУ. Ако сакаме граѓаните да имаат доверба во државните институции и во демокртијата, тие мора да имаат точни информации. Тоа е единствениот начин, потенцира директорот на Метаморфозис, Бардил […]

  • Спортот не е имун на нееднаквост и насилство: потребни се конкретни и системски промени за надминување на пречките

    Со конференцијата „Фер игра: еднаквост и нулта толеранција за родово базирано насилство во спортот“, Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) го заокружи процесот на собирање на податоци кои покажуваат како жените се застапени на позиции на одлучување во спортските организации. Истражувањата укажуваат и на искуствата и препознавањето на различните форми на родово базирано насилство врз жените во спортот, нивото на свесност на спортистките и постоењето, видливоста и користењето на механизмите за заштита. Учесниците на конференцијата отворија широка дискусија која овозможи да се согледаат пречките и бариерите и можните решенија.

  • Говорот на омраза во спортот

    Спортските трибини и натаму остануваат простор каде што се шират навредливи и дискриминаторски пораки, особено на етничка и национална основа. Таквиот говор, особено кога е јавно манифестиран, има потенцијал да предизвика длабоки поделби да ја наруши меѓуетничката кохезија, а има потенцијал да предизвика и злосторства од омраза. Во прилог, нашата колешка Наташа Петковска при гостување […]
    Read More… from Говорот на омраза во спортот
    The post Говорот на омраза во спортот appeared first on Хелсиншки комитет за човекови права.

  • ЈАВНА РАСПРАВА ЗА ВЛИЈАНИЕТО ВРЗ ЖИВОТНАТА СРЕДИНА ОД ИЗГРАДБАТА НА КОРИДОР 10 Д (ПРИЛЕП – БИТОЛА)

    Претставници на Здружението СТАНИЦА ПЕТ учествуваа на јавната расправа по Студијата за оцена на влијание врз животната средина за проектот „Изградба на Коридор 10 Д, делница на автопат: Прилеп – Битола“, која се одржа во Прилеп и Битола во организација на Министерството за животна средина и просторно планирање. На почетокот на настанот, накратко беше презентирана…

  • Ограничени ефекти од обидот за регулација на онлајн медиумите

    „Порталите конечно ќе се препознаат како медиуми“. „Конечно и порталите влегуваат во закон“. „Владата со измени на закон ќе ги професионализира онлајн медиумите“. Ова се дел од новинарските наслови со кои се најавија измените на Законот за медиуми, со кои требаше да се регулира медиумскиот простор во Северна Македонија кога се во прашање онлајн медиумите. […]

  • ВИ во редакциите – новинарство што се менува  

    Од печатарска машина до интернетот, преку весниците што се печатеа од денес за утре до интернет-порталите што пренесуваат настани во моментот кога се случуваат – технологијата постојано го преобликува начинот на кој се собираат, се објавуваат и се консумираат вестите. Вештачката интелигенција (ВИ) е последната новина што ја трансформира работата во редакциите, давајќи му шанса […]

  • WAVE: Зајакнување на улогата на жените во спортовите на отворено во Западен Балкан

    Спортот има моќ да инспирира, поврзува и создава заедници. Сепак, во многу спортски дисциплини, особено во outdoor спортовите, жените сè уште се соочуваат со ограничени можности за учество, лидерство и развој. Токму затоа проектот Women Actively Venturing Exploration (WAVE) е создаден со цел да придонесе кон поголема родова еднаквост и активно учество на жените во […]

  • Ова не е честитка за 8 Март – ова е повик за одговорност

    По повод 8 Март, Здружението СТАНИЦА ПЕТ ја објави онлајн кампањата со пораката „Ова не е честитка за 8ми Март“, со цел да потсети дека зад симболиката на овој ден стои реалност со која многу жени сè уште се соочуваат – насилство, институционална незаинтересираност и системски пропусти. Флаерот не е порака на одбележување, туку на…

Нема повеќе содржини

Нема повеќе содржини

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор