[Aggregator] Downloaded image for imported item #52289

Зголемувањето на влијанието и одржливоста на организациите во фокусот на вториот модул на Академијата за ГО

Застапувањето, градењето партнерства, комуникациите и долгорочната одржливост беa главните теми на вториот модул на Академијата за граѓански организации, кој се спроведе на 15-16 октомври 2026 година, во Граѓанскиот ресурсен центар во Скопје.

Вториот модул е дел од Академијата која претставува тримесечна програма за јакнење на капацитетите на граѓанските организации, а која комбинира организациска самооценка, онлајн обуки, три модула во живо и менторска поддршка. Преку теоретска и практична работа, учесниците стекнуваат знаење и вештини, со цел да го зголемат влијанието и да ја зајакнат својата улога во општеството.

29 (Large)

Застапување, волонтерство и градење партнерства

Во рамките на првата сесија посветена на Застапувањето и учеството во креирањето политики, учесниците се запознаа со механизмите за застапување и учество преку кои граѓанските организации (ГО) можат да учествуваат во подготовка на политики и донесување одлуки. Посебно внимание беше посветено на нивната улога во процесот на пристапување кон ЕУ и Реформската агенда, како и на мониторингот на реформските процеси, мапирањето на засегнати страни и дефинирањето клучни цели и пораки за застапување.

Волонтерството како алатка на граѓанско учество и мобилизација на заедницата беше втората тема на овој модул. Учесниците се запознаа со пристапите за мотивирање, регрутирање и ангажирање волонтери, како и со начините за нивно задржување и поттикнување подолгорочен придонес во работата на организациите.

Во фокусот на вториот модул беше и Соработката и партнерствата на граѓанските организации, меѓусебно, но и со институциите, локалната самоуправа, медиумите, донаторите, компаниите и др. На оваа сесија учесниците научија како се градат функционални и доверливи партнерства, а работеа и на пристапи за поефикасно вмрежување, коалициско делување и спроведување заеднички проектни иницијативи.

Комуникации, дигитални алатки и мобилизација на ресурси

Комуникациското планирање, развојот на клучни пораки, соработката со медиумите и подготовката на соопштенија и онлајн содржини беа дел од сесијата за Комуникации, односи со јавноста и видливост. Преку практични вежби и дискусии беа разработени каналите за зголемување на видливоста на резултатите и влијанието на граѓанските организации.

Во делот за Дигиталните алатки и АИ претставниците на граѓанските организации се запознаа со алатките за онлајн комуникација, спроведувањето анкети и соработката. Посебен акцент беше ставен на етичката и одговорна употреба на вештачката интелигенција (АИ) при подготовка на текстови, идеи, извештаи и комуникациски содржини, со посебен осврт на проверката на точноста на информациите, заштитата на податоците и ограничувањата на АИ.

Последната сесија од вториот модул беше посветена на Мобилизација на ресурси и одржливост на која учесниците се запознаа со организациската одржливост, диверзификација на изворите на финансирање и развој на дигитални социјални иновации.

Искуства и придобивки од Академијата за ГО

Во текот на дводневната работилница учесниците го изразија своето задоволство од програмата на Академијата за граѓански организации.

„Учеството на Модулот 2 од Академијата за ГО ми понуди вредно искуство и практични насоки за развој. Преку интересни вежби и продуктивни дискусии научив како да го зголемиме влијанието и да ја осугураме одржливоста на нашата организација. Стекнатите знаења и размената на искуства претставуваат јасна алатка што ќе ја споделам со колегите во мојата организација, но воедно тие се и мотивација за понатамошна успешна работа“, рече Милена Игњатова од Здружението на граѓани СМАРТ АП – Лабораторија за социјални иновации од Сĸопје.

 Дивна Јанкова од Здружението Доверба од Куманово како особено корисни ги издвои практичните насоки за градење партнерства и примената на дигиталните алатки. “Особено ми се допадна поврзувањето на застапувањето со конкретни можности за учество на граѓанските организации во креирањето политики и следењето на реформските процеси. Корисни ми беа и практичните насоки за градење партнерства со институциите и локалната самоуправа, како и користењето на вештачката интелигенција во подготовка на проекти, извештаи и комуникациски содржини. Обуката ми даде идеи како овие знаења да ги применам во работата на нашата организација за поголема видливост и поефикасно застапување за потребите на граѓаните“, истакна Јанкова.

Како и првиот, така и вториот модул се реализираше како последователна активност на онлајн обуките од соодветните темиски области опфатени со Модулот 2, кои беа услов за учество на Академијата. Идејата е по стекнатото основно знаење од онлајн обуките, учесниците за време на модулите во живо, да дискутираат за предизвиците, да се разјаснат одредени прашања и преку практична работа да се се здобијат со вештини и знаења за примена на наученото во нивното секојдневно работење на соодветните теми. Поддршката продолжува и преку последователни менторски сесии според потребите на организациите.

Третиот и последен модул на Академијата во живо ќе биде спроведен во ноември 2026 година.

Академијата за граѓански организации е организирана во рамки на проектот „ЕУ поддршка за Граѓанскиот ресурсен центар – фаза 2“, финансиран од Европската Унија, а спроведуван од Националната фондација за развој на граѓанско општество Граѓански ресурсен центар, Македонскиот центар за меѓународна соработка, Медиа плус, Штип и Асоцијација за демократски иницијативи – АДИ, Гостивар.

Source

Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на Граѓански ресурсен центар

Продолжи со читање

  • Од градење патишта до дигитална безбедност: Поврзаноста со ЕУ како градење имунитет против геополитичките потреси

    Како една мала држава да остане стабилна во свет полн со војни, хибридни закани и нестабилни синџири на снабдување? Одговорот што се наметна на панел-дискусијата „Стратешка поврзаност за стабилност: ЕУ и Северна Македонија во новата геополитичка реалност“ е поврзаноста со Европската Унија. Тоа не значи само патишта и пруги, туку и енергија, дигитална безбедност, силни […]
    The post Од градење патишта до дигитална безбедност: Поврзаноста со ЕУ како градење имунитет против геополитичките потреси appeared first on IDSCS.

  • „Превенцијата почнува со разговор“: училиштата и ЛСП во Арачиново заеднички против насилството

    Директорите и стручните работници од трите основни училишта во Арачиново, заедно со членовите на Локалниот совет за превенција (ЛСП), разговараа за можностите за поефикасна соработка во спречувањето на насилството меѓу учениците на работилница одржана на 22 октомври 2026 година. Работилницата ја организираа Општина Арачиново и Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС), а на неа учествуваа 22 лица. Покрај директорите, стручните работници од основните училишта, членовите на ЛСП, учествуваше и градоначалникот, претставници на администрацијата и на Советот на општината.

  • Веќе ништо не е така како што изгледа: Средношколци учеа за вештачката интелигенција и медиумската писменост

    Средношколци од Куманово и Скопје денеска учествуваа на интерактивна работилница на тема „Во ерата на ВИ: Веќе ништо не е така како што изгледа“, каде преку вежби, квизови и дискусија разговараа за влијанието на вештачката интелигенција врз образованието, медиумите и секојдневниот живот. Работилницата им овозможи на младите подобро да ги разберат можностите што ги нуди […]

  • Продолжение на обуката на тренерите за управување со животната средина

    На 17.10.2026 год. (сабота) на Шар планина беше организиран вториот дел од тренингот за тренери. На овој настан присуствуваше Анастасија Давчева ИО“Димитар Влахов”-Велес. Исто така овој настан беше организиран заедно во соработка на ОБСЕ.Во текот на работилниците беа спроведени забавни но и корисни активности. Учесниците беа поделени во неколку тимови…

  • ХЕРА: СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА НАЗАДУВА ВО ПОВЕЌЕ СЕГМЕНТИ ОД ЧОВЕКОВИТЕ ПРАВА ВКЛУЧИТЕЛНО И ВО РОДОВАТА ЕДНАКВОСТ, ПРЕДУПРЕДУВА ЕВРОПСКИОТ ЕКОНОМСКИ И СОЦИЈАЛЕН КОМИТЕТ (ЕЕСК)

    Уназадувањето според извештајот на ЕЕСК е нотирано во економските, медиумските, социјалните области како и во владеењето на правото, а видливо назадување има и во родовата […]

  • Повеќе од 80 граѓански организации им ја претставија работата на граѓаните на Фестивалот на Цивика мобилитас

    Шестиот по ред Фестивал на Цивика мобилитас „Ден на граѓанските организации“ се одржа на 3 октомври 2026 година, од 11 до 15 часот, во Градскиот парк во Скопје, кај фонтаната „Лотос“. Над 80 граѓански организации од целата земја пристигнаа за да им ги покажат своите активности и резултати на граѓаните. Програмата се одвиваше на главната бина, во пет шатори и во детското катче, а посетителите можеа да разговараат со организациите на штандовите.
    „Овој Фестивал е прослава на граѓанскиот активизам и неговиот придонес за општеството и за граѓаните, и сакам да им се заблагодарам и да им искажам признание на организаторите“, рече амбасадорот на Швајцарија, НЕ Кристоф Сомер во своето обраќање до присутните. Амбасадорот потсети дека Швајцарија речиси 15 години ги поддржува организациите на граѓанското општество во Северна Македонија и нагласи дека демократските општества се под притисок, а дека организациите треба да се потпираат на веродостојни информации и да создаваат простор за добро втемелена дебата. „Ова е добар момент ние, како граѓани, да се потсетиме на клучната улога на активното и живо граѓанско општество за нашите демократии. Во тој дух, особено сум среќен што гледам сè поголем број посетители, граѓани заинтересирани за работата на организациите на граѓанското општество. Повторното поврзување на организациите со граѓаните, помагањето да ги консолидираат своите заедници и зголемувањето на довербата на граѓаните во организациите на граѓанското општество се важни цели на Цивика мобилитас и клучни предизвици во овие времиња“, рече Сомер.
    Директорот на МЦМС, Александар Кржаловски, нагласи дека организациите своите постигнувања ги претставуваат токму пред оние за кои работат. „Затоа ги поканувам сите да ги посетат штандовите, да разговараат со организациите и да се уверат колку многу може да направи граѓанското општество кога е поврзано со граѓаните“.
    Граѓанските организации, учесници на Фестивалот се потрудија да им ја приближат својата работа на граѓаните преку интересни и едноставни примери. Подолу ви пренесуваме дел од активностите низ неколку теми.
    Додека сите овие активности се случуваа, атмосферата ја засилуваа музичарите. Бендот The Ringtones, а потоа и DJ UX, Андреја Јовановски, заедно направија фестивалот да биде уште позабавен и да привлече повеќе од 1000 посетители кои дојдоа, се вклучија и се дружеа со граѓанските организации, активистите и воопшто луѓето од граѓанскиот сектор.
    Веруваме дека придонесовме за подобро разбирање на улогата на граѓанските организации, се надеваме дека тоа ќе ги мотивира граѓаните да станат дел од активностите, заедно да го јакнеме граѓанскиот активизам и да се бориме за подобро општество за сите!

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор