[Aggregator] Downloaded image for imported item #52268

Продолжение на обуката на тренерите за управување со животната средина

На 17.10.2026 год. (сабота) на Шар планина беше организиран вториот дел од тренингот за тренери. На овој настан присуствуваше Анастасија Давчева ИО“Димитар Влахов”-Велес. Исто така овој настан беше организиран заедно во соработка на ОБСЕ.Во текот на работилниците беа спроведени забавни но и корисни активности.

Учесниците беа поделени во неколку тимови и имаа за задача да размислуваат и истражуваат за “Кој се засегнати страни” за различни теми и потоа тие своите пронајдени информации ги презентираа. Сесиите беа предводени од страна на: Елисавета Лукановска и Александар Мирчевски кои што им помогнаа полесно да пристапат до информациите и да ги најдат засегнатите страни.

А пак на ден 21.10.2026 во Скопје во матичниот центар беше организиран третиот дел од тренингот за тренери.Во кој што учесниците имаа за задача да се поделат во тимови,и да ги спремаат своите теми за презентирање.Исто така настанот беше организиран заедно со ОБСЕ. Учесниците од овој дел научија многу презентирачки вештини кој што ќе ги применуваат и понатаму.

The post Продолжение на обуката на тренерите за управување со животната средина appeared first on Scout Veles.

Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на Извиднички одред “Димитар Влахов“ - Велес

Продолжи со читање

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор