ЦИВИЛ во потрага по граѓански новинари
Цивил – Центар за слобода, успешно ги заврши обуките за граѓански новинари во рамки на проектот „Граѓански објектив“. Во период од два месеца се одржаа четири регионални семинари во Скопје, Битола, Струмица и Велес, каде се одржа и завршниот, петти семинар на кои учесници и учеснички беа сите заинтерсирани граѓанки и граѓани кои немале можност да учествуваат на претходните семинари.



Организација на жените на општина Свети Николе на 25 Декември 2015 година одбележува 25 години работа во женското движење за подобрување на општата состојба на граѓаните, за подобрување на условите за соодветна здравствена заштита на жените, децата и младите, активно вклучување на децата и младите во општествените текови на живеење, како и почитување и заштита на човековите права.


