VEGEFEST PROGRAMA

ВЕГЕФЕСТ – Револуција која почнува во твојата чинија, за права на животните!

Недела, 15 ти ноември, хотел Континентал. Влез бесплатен.

Почитувани,
И оваа година со огромна радост го најавуваме ВЕГЕФЕСТ, фестивалот кој го организираме по четврти пат, со цел да го насочиме вниманието кон најобесправените, речиси невидливи битија на овој свет – фармските животни. Секојдневно искористувани, свирепо убивани за храна, мода и профит, лишени од слобода и од можност нормално да живеат според карактеристиките на својот вид, овие сетилни битија во модерното конзумерско општество се сведени на продукти и предмети, безгласни робови на кои им е одземено достоинството, одгледувани и размножувани во ужасни услови, деградирани до болка, со една единствена цел – свирепа непотребна експлоатација.

НИЕ МОЖЕ ДА ЖИВЕЕМЕ И ПОИНАКУ.

Со ВЕГЕФЕСТ се обраќаме на совеста на сите, повикуваме на сочувствителност, хуманост и разум, повикуваме да му дадете шанса на животниот стил без насилство, почнувајќи од својата исхрана. Со овие мали чекори можеме да направиме големи и значајни промени за подобро на сите: животните, луѓето, екосистемот и планетата земја. Нашиот апел до секој еден е да не биде пасивен конзумент и да го бојкотира и осуди насилството врз животните со тоа што ќе ѝ даде шанса на веге исхраната.

VEGEFEST PROGRAMA

ГАРАНТИРАМЕ:
Одлични предавања! Превкусна храна! Богата забавна и едукативна програма и весела дружба!

Учествуваат „JAZZNA бенд“; професионално танцово „Ребис“ ; танцов клуб „Сонриса“ ; Јога Клуб „Тара“ – Аеродром, Си фу Предраг Петрески и „Стрела“ [Вин Чунг] – вештини; Body Sculpt – Марина Милановска – фитнес; Вушу клуб – Феи Лонг ;AMAJAART ; Moonlight Jewelry и други.

Голема новина за овој Вегефест се Циклусот ПРЕДАВАЊА НА ВЕГЕФЕСТ

Која исхрана е најсоодветна, здрава, најприродна за нашиот организам, нашето тело и дух? Како најлесно да ги замениме штетните прехрамбени навики со полезни, нови? Како од својата исхрана да извлечеме максимум, во сопствен интерес, но и во интерес на милиони недолжни битија кои се обезвреднети, искористувани, убивани за храна? – СО ОГРОМНО ЗАДОВОЛСТВО ВИ ГИ НАЈАВУВАМЕ УЧЕСНИЦИТЕ И ЦИКЛУСОТ ПРЕДАВАЊА НА ВЕГЕФЕСТ, кои ќе понудат одговор на овие и бројни други прашања (леток во прилог) – Д-р АЛЕКСАНДАР МИТОВ – магистер по здравствена екологија и влијанија на животната средина врз здравјето; главен стручен консултант и иницијатор на кампањата на Владата на Република Македонија – „Здравјето е избор!; Д-р ЈАДРАНКА БИБАН – специјалист по гинекологија и акушерство, експерт и едукатор за лекување на болестите со храна и со здрави животни навики, основач на „8-ка лајфстајл магазин; ЕЛЕНА КИРЈАС ТРАЈКОВСКА – нутриционистка, работи во областа на безбедноста на храната и исхраната; ЕЛЕНА НАЈЧЕСКА – нутриционистка и долгогодишна фитнес инструкторка. Веганка, основачка на групата „Вежбаме и се храниме здраво“; М-р ВЛАТКО ТАНЕВСКИ – нутриционист, основач на ВТ диет клуб.

Излагачи и учесници на Вегефест со превкусна и здрава веган храна, храна која исклучува продукти од животинско потекло се: „Ајде да јадеме “ „ Наша Добра Земја“; „Сурово и вкусно“ ; „Go Healthy – Хелтико ДОО“ ; „Хармонија“ ; „Мелани – Свежа храна“; Хотел Континентал; „БиоКосмос “, „Биокулт“ ; ресторан „Дамаскино“;„Nutrivita“; „Кадино – пити, леб “, „Агрофила (ФИЛА)“ „LACHA – LaSoy“ „Aloe Vera Macedonia“ , „Етно шоп Куманово“; „Чеза комерц“ и други.

Во рамки на ВЕГЕФЕСТ, во времетраење од 11:00 – 15:00 ќе има богато ДЕТСКО КАТЧЕ – учествуваат ѕвездичките од „РЕБИС МИНИ КИДС“ ; магионичарот Кристијан; „ГИ САКАМ ЖИВОТНИТЕ!“ – едукативна и креативна работилница за цртање и сликање со професорките Маја Танева и Наташа Антонијевиќ; а ќе се оддржи и претставата „ОЈЛЕ БРАДА ВО ЖИВОТИНСКА БАЛАДА“ -театарска претстава за деца

Повеќе информации за настанот достапни на https://www.facebook.com/events/955597967841480/

Продолжи со читање

  • Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода

    Кои се приоритетите за твојата населба? Заедно со Општина Кисела Вода, ги покануваме граѓаните да се вклучат во креирањето на буџетските приоритети за 2027 година. Предложи. Дискутирај. Приоритизирај. Не можеш да присуствуваш? Испрати го својот предлог тука: https://tinyurl.com/PrijaviProblem Твојот глас е важен за буџетот на твојата општина! #CHinMK #CivicaMobilitas Civica Mobilitas Embassy of Switzerland in […]
    The post Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода first appeared on Finance Think.
    The post Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода appeared first on Finance Think.

  • 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон!

    На 27 и 28 октомври, Finance Think учествува на Euromed Summit 2026 во Лисабон, Португалија, претставуван од извршната директорка, Благица Петрески.Во фокусот на дискусиите беа предизвиците на пазарот на труд, несовпаѓањето меѓу вештините и потребите на работодавачите, развојот на човечкиот капитал и економската конкурентност – теми кои се во сржта на истражувачката и аналитичката работа […]
    The post 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон! first appeared on Finance Think.
    The post 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон! appeared first on Finance Think.

  • Претставување на Вардарската регата на утринската програма “Здраво Македонијо“ на ТВ Канал 5

    На 29.10.2026 год. (четврток) на покана на редакцијата на националната ТВ Канал 5 во рамките на утринската програма “Здраво Македонијо“ во друштво на Жана Ѓоргиева, Емилија Вучиновска (miss urban viba), естрадниот уметник Дејан Николовски – Чуле учество зема и старешината на извиднички одред “Димитар Влахов“ и координатор на Вардарската регата…

  • Струмица: Женските кружоци бараат поголема поддршка и учество во локалното одлучување

    Струмица, октомври 2026 – Поголема вклученост на жените во месните заедници, обезбедување простор за нивно организирање и подобра институционална поддршка за нивните иницијативи беа дел од главните теми на јавната дебата „Женското лидерство како огледало на заедницата“, одржана на 28 октомври во Струмица. Дебатата ја организираше Хуманитарното здружение „Мајка“ – Куманово, во соработка со Организацијата […]

  • Прилеп: Жените од локалните заедници со конкретни предлози за поголемо учество во одлучувањето

    Прилеп, октомври 2026 – Во Прилеп се одржа јавната дебата „Женското лидерство како огледало на заедницата“, посветена на можностите и предизвиците за учество на жените, особено од руралните средини, во процесите на локално одлучување. Дебатата ја организираше Хуманитарното здружение „Мајка“ – Куманово, во соработка со Здружението за рурален развој „ЛАГ Агролидер“, во рамки на проектот […]

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор