regionalen forum bitola

Организациите од Пелагонија договараа заеднички идеи за граѓански активизам и заштита од семејно насилство

Осмиот, и последен за годинава, регионален форум на Цивика мобилитас се одржа на 15 октомври 2015 година во просториите на НУУБ „Св. Климент Охридски“ во Битола и им беше наменет на организациите од пелагонискиот регион.

Присутните го отворија прашањето на одржливоста на проектите на граѓанските организации. За Сајмон Форестер, меѓународен експерт на Цивика мобилитас, тој предизвик е насекаде. „Недостатокот на резултати и одржливост на проектите е поради зависноста од надворешните донатори, и нивните критериуми“, рече Форестер и додаде дека како последица, многу граѓански организации не се поврзани со граѓаните заради чии интереси се воспоставени, се оддалечуваат од реалноста и од вистинските потреби. Тој се осврна на потребата од соработка, што е една од целите на форумите. „Колку повеќе се соработува меѓу граѓанските органзиации, толку повеќе има резултати. Соработка наместо натпревар е клучната насока. Соработката значи да ги делите ресурсите. Во очите на корисниците вие сте пример за солидарност. Соработката овозможува да се развивате заедно разменувајќи ги знаењата.“ 

regionalen forum bitola2

Претставниците на граѓанските организации дискутираа на повеќе теми. Ѕала Бојковска од организацијата Семпер ја потенцираше потребата од сензитирање на професионалците кои работат со жртви на семејно насилство. „Насилството врз жените е застапено во голем процент“, рече Бојковска. „Потребно е акцентот да се стави на препознавање на семејното насилство и во таа насока потребна е поголема соработка со државните институции“. Според Томе Крстевски од Глобал, потребно е да се зборува за криминалот и корупцијата, затоа што се актуелен, голем проблем. „Нарушени институции, корумпирано судство, нарушени човекови права, непримена на законите, нема одговорност кај функционерите на власта, нема слободни медиуми. Никој не сака да зборува за тоа, а тоа е всушност улогата на граѓанското општество“.

regionalen forum bitola3

Во Младинскиот културен центар – Битола размислуваат за тоа како да ги вклучат младите во нивната работа. Сметаат дека луѓето се заситени од сите политички случувања и немаат доверба. Мери Нашоку го потенцираше проблемот со миграциите на младите или интелектуалното опустошување. „Токму луѓето кои се најквалитетни и биле активно вклучени заминуваат во Скопје или надвор од Македонија. Крушево најсериозно се соочува со овој проблем, таму е најалармантно“, рече Нашоку.

Според Илија Балтовски од „За нас се работи“ дел од проблемот лежи и во граѓанските организации. „Ние не сме координирани и затоа е тешко да го кренеме својот кредибилитет. Не ја постигнуваме целта поради која сме основани“, рече Балтовски и ја потенцираше потребата од капацитет за спроведување на активностите. „Нашиот протест резултираше со потпишување на Меморандум за соработка со локалните власти. Но, тој никогаш не се спроведе“.

regionalen forum bitola

Присутните зборуваа и за урбанистичките решенија, учеството на граѓаните во носењето на одлуките поврзани со урбанистичкото планирање и за потребата од иновативни решенија за некои од проблемите.

Во дискусијата за заеднички каузи и акции, се фокусираа на граѓанскиот активизам и заштита од семејно насилство.
Форумот го фасилитираше Даниела Стојанова, национален проектен координатор на Цивика мобилитас.

Цивика мобилитас е проект на Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC), кој го спроведуваат NIRAS од Данска, Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) и Шведскиот институт за јавна администрациј (SIPU). Цивика мобилитас обезбедува поддршка за граѓанските организации и другите актери на граѓанското општество. Спроведувањето започна во октомври 2014 година и ќе трае до 2018 година.

Продолжи со читање

  • Практична поддршка за полесно финансиско известување

    На 30 април 2026 година, во просториите на Граѓанскиот ресурсен центар (ГРЦ) во Скопје, тимот на Цивика мобилитас одржа работилница за финансиско известување. Работилницата беше наменета за добитниците на партнерските грантови од повикот ЦМ-ПГ-2. Вкупно 19 учесници од сите 11 грантисти, вклучително координатори на проекти и лица задолжени за финансии,…

  • Придонесот на граѓанските организации во медиумската слобода

    „Обликување иднина во мир“ е глобалната порака под која оваа година се одбележува 3 Мај – Светскиот ден на слободата на медиумите, посветен на улогата на новинарството во заштитата на човековите права, демократските процеси и јавниот интерес. Денот се одбележува од 1993 година, по одлука на Обединетите нации и препорака…

  • Седма едукативна работилница во Куманово за унапредување на здравјето на мајките и децата со фокус на мајчиното ментално здравје

    На 23.04.2026 година во Куманово се одржа седмата по ред едукативна работилница посветена на здравјето на мајките и децата, со посебен фокус на мајчиното ментално здравје. На работилницата учествуваа 18 жени, бремени или во период до 12 месеци по породувањето. Работилницата им овозможи на учесничките да добијат важни информации за…

  • Наша моќ, наша планета: Граѓанскиот сектор предводник на промените

    Секоја година, 22 април нè потсетува дека планетата не се заштитува само со големи ветувања, туку со секојдневни работа, одлуки, практични решенија и заедници кои знаат дека имаат моќ да направат промена. Овогодинешното мото на Денот на планетата Земја, „Нашата моќ, нашата планета“, особено силно се поврзува со работата на…

  • Меѓународниот ден на Ромите низ призмата на граѓанското општество

    Меѓународниот ден на Ромите е уште една можност за проверка на напредокот на општеството за предизвиците со кои се соочуваат нашите сограѓани, но исто така и е и можност да го препознаеме придонесот на сите оние што секојдневно работат на нивно надминување. Во тој процес, граѓанските организации имаат клучна улога….

  • Средба со раководителката на секторот за Источна Европа на СДЦ

    Тимот на Цивика мобилитас на 5 март се сретна со Северин Доне-Декарт (Séverine Donnet-Descartes), раководителката на секторот за Источна Европа во Швајцарската агенција за развој и соработка (СДЦ). Таа се интересираше за предизвиците во граѓанското општество, како и за можностите што програмата ги нуди за граѓанските организации во земјата. Александар…

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор