Состојбата во Република Македонија vis a vis човековите права и слободи
Институтот за човекови права (ИЧП) ги поканува сите заинтересирани на Форумот што ќе се одржи на 6 декември 2016 година во 12 часот, во Јавна соба во Скопје, а го организира по повод Меѓународниот ден на човекови права и слободи – 10-ти декември. Акцентот ќе биде ставен на моменталната состојба на промовирање, почитување, гарантирање и заштита на човековите права и слободи во Република Македонија.







Здружението на новинарите на Македонија се согласува со оценката на Европската комисија дека состојбата со слободата на медиумите годинава во Македонија се влошува. Комисијата во извештајот за напредокот на Македонија за годинава, со право заклучува дека во најголем дел од македонските медиуми отсуствува политички плурализам и дека националните телевизии координирано ја поддржуваат владејачката партија.