SEMM

Прес конференција на Советот за етика во медиумите на Македонија

SEMMСоветот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) во изминатата година и половина има добиено над 120 жалби по различни основи, беше соопштено на денешната прес-конференција на СЕММ. „Бројката на пристигнати жалби и интересот на граѓаните, но и на другите организации и институции влева надеж дека саморегулацијата како процес може да влијае позитивно врз подобрувањето на медиумскиот систем во земјата, кој што во моментот е во криза од аспект на професионализмот и етиката“, информира Сефер Тахири, член на Комисијата за жалби при СЕММ.

 

SEMM

Основите за поднесување жалби се различни, а најчесто неточно и нефер известување, говор на омраза, дискриминација, незастапена втора страна, нарушување на приватноста, како и мешање факти и мислења. Страни кои најчесто се жалат се граѓаните, граѓанските организации, новинарите и политичарите.

„Сепак, потребно е уште време да се научат правилата, што е саморегулација, а што регулација. Тоа го мешаат и новинарите и граѓаните, а особено политичарите“, рече Драган Антоновски, претседател на СЕММ.

Само мал дел од жалбите се решени преку медијација, што потврдува дека медиумите се’ уште пружаат отпор да ги признаат грешките во известувањето. „Во исто време, тука е и проблемот со необјавување на одлуките кој и понатаму постои“, истакна Марина Тунева, извршен директор на СЕММ. Таа нагласи дека се’ уште е потребно да се работи активно на информираноста за ефектите на саморегулацијата, а за остварување на оваа цел СЕММ доби поддршка од УНЕСКО и ЕУ, во рамки на проект за промовирање на слободата на изразување и информирање и за зајакнување на механизмите за медиумска саморегулација кој ќе се реализира во текот на годинава.

СЕММ е корисник на институционален грант на прграмата Цивика мобилитас.

 

 

Продолжи со читање

  • Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество на средба со организациите во Куманово

    На 1 октомври 2026 година претставници на Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество се сретнаа со граѓанските организации и активистите од Североисточниот регион. Средбата беше посветена на улогата, работата и соработката со Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество, како значаен механизам за унапредување на дијалогот меѓу институциите и граѓанските организации.

  • OТВОРЕНО ПИСМО | Дали претседателката Сиљановска-Давкова легитимира организации поврзани со движења против правото на абортус?

    Мрежа за заштита од дискриминација испраќа отворено писмо до претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, по повод нејзината неодамнешна средба со претставнички на здружението „Јас сум жена“. Со […]

  • Finance Think на Форумот за граѓански организации и тинк-тенкови 2026 во Приштина

    Од 5 до 7 октомври, во Приштина се одржа Civil Society & Think Tank Forum 2026, официјалната платформа на граѓанското општество во рамки на Берлинскиот процес, на кој учествуваше и Finance Think. Во текот на трите дена, низ повеќе тематски дискусии, претставниците на граѓанските организации и тинк-тенковите од Западен Балкан имаа можност да дадат свои […]
    The post Finance Think на Форумот за граѓански организации и тинк-тенкови 2026 во Приштина first appeared on Finance Think.
    The post Finance Think на Форумот за граѓански организации и тинк-тенкови 2026 во Приштина appeared first on Finance Think.

  • Граѓанското општество од Западен Балкан го даде својот придонес во пресрет на Самитот на Берлинскиот процес

    Овогодишниот Форум на граѓанското општество и тинк-тенк организации (CSF 2026) се одржа во Приштина од 5 до 7 октомври. Форумот, како официјална платформа на граѓанскиот сектор во рамките на Берлинскиот процес, уште еднаш ја потврди незаменливата улога на граѓанскиот сектор како мост меѓу граѓаните, експертската заедница и донесувачите на одлуки.

  • Одржана базична обука за прва помош во Свети Николе

    Одржана базична обука за прва помош во Свети Николе На 4 и 5 октомври 2026 година, во просториите на ООУ „Гоце Делчев“ во Свети Николе, се одржа базична обука за прва помош, организирана со поддршка на Operation Florian од Велика Британија. На обуката учество земаа членови од три доброволни противпожарни друштва: ДПД Свети Николе, ДПД…

  • ЗАКОНИТЕ МОРА ДА ГИ РЕШАВААТ ПРОБЛЕМИТЕ ЗА ЗАШТИТАТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА, А НЕ ДА ГИ КРЕИРААТ

    Вчера (7.10.2026 година) на Пленарна седница на Собранието на Република Северна Македонија, на прво читање беа разгледани предлог измени и дополнувања на Законот за животната средина. Веќе за 13.10.2026 година е закажана седница на Комисијата за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање на […]
    The post ЗАКОНИТЕ МОРА ДА ГИ РЕШАВААТ ПРОБЛЕМИТЕ ЗА ЗАШТИТАТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА, А НЕ ДА ГИ КРЕИРААТ appeared first on Myla.

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор