Вести од граѓанските организации

Содржината на информациите презентирани во овој дел од веб странaта се единствена одговорност на грантистите и на ниту еден начин не може да се смета дека ги одразуваат гледиштата на Цивика мобилитас, Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC) или организациите што ја спроведуваат. Информациите се презентирани како што се пристигнати и печатните или други грешки во нив се одговорност на самите автори.

  • Одржана обука за нови предавачи по „Учиме право“

    MOF 06122016На 3 и 4 декември (сабота и недела), 2016 година во просториите на Младински клуб се одржа обуката за нова генерација на предавачи по „Учиме право“ организирана од Младинскиот образовен форум, поддражана од Цивика мобилитас и Фондацијата Отворено Општество Македонија. На оваа обука учествуваа 23 учесници од Скопје, Куманово, Тетово, Кичево, Струга, Делчево и Прилеп. За целите на оваа обука МОФ распиша јавен повик на кој учесниците беа избрани врз основа на поднесената апликација која се состоеше од кратка биографија, мотивационо писмо како и пополнување на формулар.

  • Покана за презентација на две анкети за условите и ставовите на социјалните случаи и на работоспособните граѓани

    idscs logoИнститутот за Демократија „Социетас Цивилис“ – Скопје (ИДСЦС) Ве поканува на 7 декември (среда) од 10 часот во хотел Карпош на презентација на два извештаи од истражување на јавното мислење за “Перцепции на јавноста за условите за живот и социјалната вклученост” и “Искуства и перцепции на примателите на социјална помош за условите за живот и можностите”.

  • Предлози и барања за хуман третман на животните

    Анима Мунди заедно со останатите македонски здруженија за заштита на животните упати предлози до претставниците на сите политички партии и независните кандидати за Парламентарните избори во Република Македонија.

  • Состојбата во Република Македонија vis a vis човековите права и слободи

    logo ICPИнститутот за човекови права (ИЧП) ги поканува сите заинтересирани на Форумот што ќе се одржи на 6 декември 2016 година во 12 часот, во Јавна соба во Скопје, а го организира по повод Меѓународниот ден на човекови права и слободи – 10-ти декември. Акцентот ќе биде ставен на моменталната состојба на промовирање, почитување, гарантирање и заштита на човековите права и слободи во Република Македонија.

  • Повик за еднодневна обука за застапување засновано на податоци

    logo isshs1Институтот за општествени и хуманистички науки – Скопје организира обуки за моделот на застапување засновано на податоци. Овој модел подразбира вклучување на истражувачки алатки во процесот на анализа на проблемот што се застапува како и современи алатки за визуелизација и употреба на податоци во процес на креирање политики.

  • Поддршка и солидарност од „Меѓаши“ за The Agenda the Child Association (Gündem Çocuk Derneği) од Турција

    Првата детска амбасада во светот „Меѓаши“ упати реакција до членовите на Комититетот за права на детето при ООН, до меѓународните организации и мрежи за заштита на правата на детето, до амбасадите и медиумите во врска со затворањето на партнерската организација The Agenda the Child Association и уште 375 граѓански организации во Турција. Реакцијата е подолу.

  • Порта за излез од пеколот

    Тежок е патот за излез од пеколот, но не е невозможен. Исполнет е со многу предизвици и препреки, а за да се помине потребни се волја и решителност. Низ сведоштва на зависниците од дрога, алкохол и коцка кои одлучиле да го поминат трнливиот пат, ви ја носиме сторијата од тераписката заедница „Покров“.

  • СЕММ апелира на одговорност и коректно известување за изборите

    SEMM logoСо почетокот на изборната кампања во Република Македонија, Советот за етика во медиумите (СЕММ) апелира за целосна професионална одговорност во новинарството, промовирање партиципаторен политички процес и континуиран пристап на јавноста до релевантни и веродостојни информации.

  • ПХВ театарска претстава

    CKGS CKA PHV 1Во рамките на ЦКА ПХВ неделата која традиционално се одбележува од 21 до 27 септември, волонтерите од Kлуб на млади при Црвен крст на град Скопје на 13.11.2016г. (недела) во Драмски театар ја изведоа театарската претстава „Приказна за една идеја“. Преку изведбата волонтерите ја доближија приказната за формирањето на Црвениот крст, принципите, женевските конвенции , со акцент на ликот и делото на нобеловецот Анри Динан.

  • Покана за обука за граѓанско учество во носењето одлуки за животната средина

    ccc logoЦентарот за климатски промени ве поканува на дводневна обука наменета за граѓанските организации (ГО) на тема: „Подигнување на јавната свест на граѓанските организации за потребата од нивно активно вклучување во процесот на донесување на одлуки од областа на животната средина“ што ќе се одржи на 29 и 30 ноември 2016 година, со почеток во 11 часот во хотел Гарденија во Велес.

Нема повеќе содржини

Нема повеќе содржини

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор