Вести од граѓанските организации

Содржината на информациите презентирани во овој дел од веб странaта се единствена одговорност на грантистите и на ниту еден начин не може да се смета дека ги одразуваат гледиштата на Цивика мобилитас, Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC) или организациите што ја спроведуваат. Информациите се презентирани како што се пристигнати и печатните или други грешки во нив се одговорност на самите автори.

  • „Разбистри сѐ“: Доколку не преземеме мерки за заштита на водните ресурси, многу лесно можеме неповратно да ги загубиме

    Околу 1,7 милијарди евра инвестиции се потребни за пречистување на урбаните отпадни води кои сега директно се испуштаат во реките, езерата и почвите. Водата е ресурс што неограничено се троши, а надлежните институции со години наназад немаат реален увид во квалитетот и квантитетот на водите во Северна Македонија. Ова се…

  • Резиме на проектот: АКТ – Активна граѓанска акција 2.0

    Проектот АКТ – Активна граѓанска акција 2.0 има цел да ја зголеми вклученоста на општата јавност во дебата со носителите на одлуките, која ќе овозможи национален дијалог околу потребните механизми за ефективна демократска транзиција во Северна Македонија. DOWNLOAD PDF The post [Резиме на проектот] АКТ – Активна граѓанска акција 2.0…

  • ПОВИК ЗА АНГАЖИРАЊЕ НА ЕКСПЕРТ ЗА ЈАКНЕЊЕ НА КАПАЦИТЕТИ ЗА ДИГИТАЛНО ЗАЈАКНУВАЊЕ И ВИДЛИВОСТ НА ОРГАНИЗАЦИЈАТА

    Почитувани, Здружение Национален ромски центар (НРЦ)  објавува „Повик за ангажирање наексперт за дигитално зајакнување на организацијата и видливост“ повикувајќи ги сите субјекти кои ги исполнуваат условите да поднесат понуди со следниве содржински спецификации: 1.Општи услови 1.1. Набавувач на услуги Здружение „Национален ромски центар“ од Куманово, со седиште на ул. Доне…

  • Курс за Превенција на радикализација на ХЕЛП: Прв пат во Северна Македонија и Косово програмата на Советот на Европа

    Група од 50 затворски и пробациски службеници од Северна Македонија и Косово се запознаа со он-лајн курсот на ХЕЛП програмата на Советот на Европа (СоЕ) за Превенција од радикализација, што ќе им помогне да го зголемат своето знаење за справување со радикализацијата во затворите и отргнувањето од насилство. Во Северна Македонија, он-лајн…

  • Панел на ЦИВИЛ во Штип: Пописот е статистика, а не политика

    ЦИВИЛ организира панел дискусија на тема „Попис: Статистика, не политика“ на 4 март 2021 (четврток), хотел „Оаза“, Штип, со почеток во 16 часот. Во согласност со мерките за заштита од Ковид-19, панел дискусијата ќе биде одржана без публика, но ќе биде пренесувана во живо на Фејсбук страницата на ЦИВИЛ, а…

  • Презентирана Анализата на ризик факторите за појава на детско престапништво

    На 23 февруари 2021 година, дел од членовите на проектниот тим што го спроведуваат проектот „Превенција на детско престапништво“ беа поканети да учествуваат на редовната седница на Државниот совет за детско престапништво. На седницата д-р Елена Мујоска Трпевска, м-р Ненад Алексиќ и м-р Игор Петровски од ПИМ имаа можност да ги изложат…

  • Онлајн сесија на ЕВРОТИНК: Затворот како втора шанса

    ЕВРОТИНК – Центарот за европски стратегии организираше онлајн сесија каде што се дискутираше за улогата на граѓанскиот сектор во процесот на затворање на „кругот на насилство“ и подготовка на затворениците за враќање во своите заедници. Говорничка на настанот беше Мариет Форму де Сартел, основачка на „Brilliance Inside”, невладина организација од…

  • Повик за експерт/и за подготовка на две методологии за спроведување на анкети

    Институтот за европска политика објавува повик за ангажирање на експерт/ка за подготовка на две методологии за спроведување на анкети со претставници од бизнис секторот и јавната администрација и подготовка на прашалници. Целта на оваа задача е да се подготват две методологии за спроведување на две репрезентативни анкети: една со претставници…

  • Случај Гостивар: Борба за поголем простор на градските улици

    Со изградба на катни гаражи и нов кружен тек, општина Гостивар планира да ја подобри хаотичната ситуација со сообраќајот. На семафорите ќе има и звучна сигнализација за поголема безбедност на слепите лица – најавува локалната власт.  Граѓаните сепак бараат и организиран јавен превоз, но  засега според надлежните, тоа не е…

  • ЕПИ, Академијата за судии и јавни обвинители, Комората на медијатори и Холандската федерација на медијатори потпишаа меморандум за соработка

    Со цел промоција и зголемена употреба на медијацијата во земјава, Институтот за европска политика, Академијата за судии и јавни обвинители ,,Павел Шатев’’, Комората на медијатори на Република Северна Македонија и Холандската федерација на медијатори потпишаа меморандум за соработка. Меморандумот за соработка е за имплементација на проектот „Медијација, без дилема!“, кој…

Нема повеќе содржини

Нема повеќе содржини

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор