
Finance Think во партнерство со UNICEF MK спроведе серија од 3 работилници со претставници од клучните институции во сферата на #образованието, #социјалната заштита и #здравството, со цел детално да се проценат причините и ефектите околу повеќедимензионалната сиромаштија што ги засега и децата.
На состаноците се разговараше како подобро да се следи сиромаштијата помеѓу #децата во Северна Македонија, како да се одреди заемно поврзаниот однос меѓу секторските приоритети и постојните политики, вклучително и да се препознаат празнините во сегашните политики и потенцијалните дополнителни мерки за поддршка на ранливите категории.




![[Aggregator] Downloaded image for imported item #47555](https://civicamobilitas.mk/wp-content/uploads/2026/05/www-1.png)


