опм

УНИ Банка АД Скопје се стекна со сертификатот „Фер финансиски услуги за потрошувачите“

УНИ Банка АД Скопје Скопје се стекна со сертификатот „Фер финансиски услуги за потрошувачите“ кој го доделува Организацијата на потрошувачите на Македонија врз доброволна основа. Доделувањето на сертификатот претставува потврда дека УНИ Банка АД Скопје е ориентирана кон почитување на правата на потрошувачите и дека посветено се грижи за задоволството на потрошувачите во сите области на делувањетo. Сертификатот „Фер финансиски услуги за потрошувачите“ се доделува заради исполнетоста на критериумите во шест одделни области кои се битни за потрошувачите, а се однесуваат на: обезбедување точни, недвосмислени, разбирливи и навремени информации, примена на чесни пазарни практики, овозможена комуникација и пристап кон банката за различни категории лица, воспоставен систем за одговорно управување со поплаки од потрошувачите, како и едукација на потрошувачите и развој на финансиската писменост. „Задоволство ни е да го поздравиме пристапувањето на УНИ Банка АД Скопје кон процесот на сертификација. Во сите наведени области банката ги исполни условите и се стекна со сертификатот – Фер Финансиски услуги за потрошувачите.

Сертификатот ја верификува обврзаноста на УНИ Банка АД Скопје да негува примерен однос кон потрошувачите, а со тоа да придонесе кон нивната доверба и задоволство,“ изјави претседателката на ОПМ д-р Маријана Лончар Велкова.

Продолжи со читање

  • КОНФЕРЕНЦИЈА | ФЕР ИГРА: EДНАКВОСТ И НУЛТА ТОЛЕРАНЦИЈА ЗА РОДОВО БАЗИРАНО НАСИЛСТВО ВО СПОРТОТ

    Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) и Олимпискиот Комитет (ОКСМ), Ве покануваат на конференцијата: „Фер игра: еднаквост и нулта толеранција за родово базирано насилство во спортот.“ Ве молиме пријавете го учеството на следниот линк: https://ee.kobotoolbox.org/x/NMnvO5ol најдоцна до 08.03.2026г. Конференцијата има за цел да отвори јавна и институционална дискусија за состојбите…

  • Црвено знаме за целиот систем! Бараме целосна истрага, итна одговорност и санкции за институционалното непостапување!

    Националната мрежа против насилство врз жените и семејно насилство бара итна, темелна и независна истрага за трагедијата што се случи на 2 март во скопската населба Тафталиџе, каде животот го загубија триесет и едногодишна мајка и нејзината шестгодишна ќерка. Според сведоштвата на најблиското семејство, мајката подолг период била жртва на семејно насилство кое било пријавувано […]
    Read More… from Црвено знаме за целиот систем! Бараме целосна истрага, итна одговорност и санкции за институционалното непостапување!
    The post Црвено знаме за целиот систем! Бараме целосна истрага, итна одговорност и санкции за институционалното непостапување! appeared first on Хелсиншки комитет за човекови права.

  • Покана за панел дискусија

    Со особена чест и задоволство Ве покануваме да присуствувате на панел-дискусијата на тема: „Жените на работното место: предизвици и проблеми

  • Успешно реализиран #ЗеленПеток 5: „Размена наместо отпад“

    Петтиот #ЗеленПеток го одбележавме со акцијата „Размена наместо отпад“, иницијатива што ја слави повторната употреба и одговорната потрошувачка. Настанот беше најавен ден претходно во утринската емисија Македонија наутро на Македонска радио телевизија, што придонесе за поголема информираност и вклученост на граѓаните. Акцијата предизвика значителен интерес и позитивен одзив од заедницата. Околу 30 граѓани учествуваа во…

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор