20180402 SCOOP vest

Општините не ги третираат сериозно загадувачите


ДОКУМЕНТАЦИЈА


 

Донатела Конеска, Сандра Никчевска, Ива Андреевска

 

Сендвичари, фирми за кетеринг, фирми со разни дејности од општина Кисела Вода немале Елаборати за животна средина кога во 2014 година инспектори за животна средина ги посетиле за да ја проверат нивната работа.  Дел од нив до следната контрола направиле Елаборати и завршиле само со едукација, но не и казни за непочитување на Законот за животна средина. Општината Кисела Вода е единствената од сите скопски општини која ни даде целосна информација за работата на нејзините инспектори за животна средина за периодот од 2014-2018 година. Повеќето скопски општини молчат за работата на нивните инспектори. Додека некои од нив се соочуваат со технички проблеми. Таков е примерот со општина Центар, каде надлежните немаат пристап до канцеларијата на инспекторите, кои ја заклучиле и си заминале од работните места. Експертите велат дека дел од општините воопшто немаат овластен (општински) инспекторат за животна средина или ако го имаат, тој извршува повеќе работи. Па, според тоа заклучуваат дека  општините немаат капацитет во спроведување на оваа контрола.

Во општините се уште има фирми кои не се усогласени за да ги исполнат критериумите за добивање на потребните еколошки дозволи. На територија на Град Скопје има 21 ваква инсталација.

„Град Скопје има издадено 21 дозволи за усогласување со оперативен план на инсталации кои треба да исполнат одредени услови за да добијат Б-интегрирани еколошки дозволи“, се вели во одговорот кој го добивме од Град Скопје, на нашето Барање по слободен пристап до информации од јавен карактер. Досега, вакви еколошки дозволи од Град Скопје добиле 9 фирми.

Од општина Центар, пак, одговорија вака:

„Ве известуваме дека во периодот од 2012-2017 година, на работно место овластен инспектор за животна средина работеа двајца колеги кои не работат повеќе во општината. Сите записници се наоѓаат во канцеларија каде што немаме пристап„ се вели во одговорот од општина Центар, на нашето Барање по слободен пристап на информации од јавен карактер”.

Од општината Центар појаснуваат дека ваквите дозволи ги издава Министерството за животна средина и просторно планирање, а дека тие како општина одлучуваат за Елаборатите за животна средина за правните субјекти на нивна територија.

Според истражувањето на СКУП-Македонија само половина од општините во Македонија имаат издадено Б-интегрирани еколошки дозволи.

Сајтовите на општините се оскудни со информации за тоа каде може да се пријави загадување или за тоа какви мерки општината презела за загадувањето на нејзина територија.

Исклучок е општината Карпош, каде на веб страницата можат да се видат повеќе информации околу загадувањето, како и телефонот 078/257 640 каде може да се пријави палење на секаков вид токсичен отпад. Кога се јавивме на овој телефон ни кажаа дека пријавувањето на загадувањето сега е поретко во однос на претходните месеци, кога имало почести поплаки од граѓани.

Општината Гази Баба е единствена која има поле наречено катастар на загадувачи, но кога ќе отворите, преку слики се само дадени најкритичните точки на загадувањето. Тука електронски може да се пријави каков било проблем во општината, меѓу кои и несовесното справување со отпадот во општината. „Пријави проблем“ стои и на страницата на општина Центар. Слично и во општина Чаир, каде има посебна секција “Пријави загадување”, каде исто така, се бара да се наведе кој го пријавува проблемот.

Општина Аеродром, пак, има наведено куп мерки за загадувањето, но не е видливо каде тоа да се пријави. И општина Кисела Вода на својот веб сајт наведува куп документи и инфoрмации околу животната средина, а за граѓаните од оваа општина има опција да пријават проблем кој не се однесува само на загадувањето, туку генерално. Додека пак, општината Ѓорче Петров има само мал дел за екологија и две секции: „Прашај го Советот„ и „Прашај го градоначалникот“. На сајтот, пак на Општина Бутел можат да се најдат само основни информации, но не и каде да се пријави проблем поврзан со загадување.

Според Александра Бујаровска од невладината организација „ФРОНТ 21/42“ општините немаат капацитет во контрола на загадувачите, па затоа, смета таа, ретко кога општините учествуваат и бараат построги гранични вредности за загадувачите.

Во однос на отпадот, таа коментира: „ Законот за управување со отпад усвоен во 2004 година предвидуваше санација и затварање на сите диви депонии до 2010 година. За жал до денес Македонија ниту ги санира дивите депонии ниту пак поседува депонија која работи согласно стандардите и правилата за работа на депонија. Тоа значи дека дури и она што генерално се смета дека се депонира легално е во суштина депонирање на илегалните депонии. За да биде уште полошо се појавуваат нови илегални депонии. Истото се однесува и на спалувањето отпад“.

Бујаровска ја прашавме и да ни појасни што значи одговорот од Град Скопје дека „имаат издадено 21 дозволи за усогласување со оперативен план на инсталации кои треба да исполнат одредени услови за да добијат Б-интегрирани еколошки дозволи“. Таа вака го коментира одговорот:

„Тоа значи дека овие загадувачи работат без исполнување на оперативниот план чиј краен рок согласно Законот за животна срдина беше април 2014 година. Исто како и Владата (преку Министерството за животна средина), општината може да даде дополнителен рок за исполнување на активностите предвидени во оперативниот план по што инсталацијата би се здобила со Б-интегрирана еколошка дозвола. Оние кои не добиле дополнителен рок за да го намалат загадувањето треба да бидат затворени од страна на општинскиот инспектор“.

            Во Извештајот за оценка на квалитетот на воздухот во Република Македонија од 2005-2015 година се констатира:

„Загадувањето на воздухот во земјава предизвикува сериозна загриженост поради тоа што граничните вредности, особено оние за концентрациите на суспендирани честички кои се утврдени со цел да се заштити здравјето на луѓето, се надминуваат во голема мера“. Во него се потенцира дека земјава треба под итно да преземе активности за подобрување на квалитетот на воздухот со имплементација на мерките дефинирани во националните и локалните планови за подобрување на квалитетот на воздухот.

 

Центарот за истражувачко новинарство СКУП- Македонија е корисник на институционален грант од Цивика мобилитас.

Продолжи со читање

  • Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода

    Кои се приоритетите за твојата населба? Заедно со Општина Кисела Вода, ги покануваме граѓаните да се вклучат во креирањето на буџетските приоритети за 2027 година. Предложи. Дискутирај. Приоритизирај. Не можеш да присуствуваш? Испрати го својот предлог тука: https://tinyurl.com/PrijaviProblem Твојот глас е важен за буџетот на твојата општина! #CHinMK #CivicaMobilitas Civica Mobilitas Embassy of Switzerland in […]
    The post Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода first appeared on Finance Think.
    The post Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода appeared first on Finance Think.

  • 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон!

    На 27 и 28 октомври, Finance Think учествува на Euromed Summit 2026 во Лисабон, Португалија, претставуван од извршната директорка, Благица Петрески.Во фокусот на дискусиите беа предизвиците на пазарот на труд, несовпаѓањето меѓу вештините и потребите на работодавачите, развојот на човечкиот капитал и економската конкурентност – теми кои се во сржта на истражувачката и аналитичката работа […]
    The post 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон! first appeared on Finance Think.
    The post 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон! appeared first on Finance Think.

  • Претставување на Вардарската регата на утринската програма “Здраво Македонијо“ на ТВ Канал 5

    На 29.10.2026 год. (четврток) на покана на редакцијата на националната ТВ Канал 5 во рамките на утринската програма “Здраво Македонијо“ во друштво на Жана Ѓоргиева, Емилија Вучиновска (miss urban viba), естрадниот уметник Дејан Николовски – Чуле учество зема и старешината на извиднички одред “Димитар Влахов“ и координатор на Вардарската регата…

  • Струмица: Женските кружоци бараат поголема поддршка и учество во локалното одлучување

    Струмица, октомври 2026 – Поголема вклученост на жените во месните заедници, обезбедување простор за нивно организирање и подобра институционална поддршка за нивните иницијативи беа дел од главните теми на јавната дебата „Женското лидерство како огледало на заедницата“, одржана на 28 октомври во Струмица. Дебатата ја организираше Хуманитарното здружение „Мајка“ – Куманово, во соработка со Организацијата […]

  • Прилеп: Жените од локалните заедници со конкретни предлози за поголемо учество во одлучувањето

    Прилеп, октомври 2026 – Во Прилеп се одржа јавната дебата „Женското лидерство како огледало на заедницата“, посветена на можностите и предизвиците за учество на жените, особено од руралните средини, во процесите на локално одлучување. Дебатата ја организираше Хуманитарното здружение „Мајка“ – Куманово, во соработка со Здружението за рурален развој „ЛАГ Агролидер“, во рамки на проектот […]

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор