Вкупен буџет: 3.023.400
Времетраење: 01.4.2016 – 31.3.2018

СКУП- Македонија е невладина организација, чија цел е промоција на истражувачкото новинарство. Мисијата на СКУП- Македонија е да им дава финансиска, логистичка и професионална поддршка на новинарите и да им помага во процесот на промовирање на истражувачкото новинарство. Постоењето на СКУП- Македонија е овозможено со помош на Данската асоцијација за истражувачко новинарство. Во изминатите години, СКУП поддржа бројни истражувачки стории објавени во локални, национални печатени и електронски медиуми во земјата. Голем дел од сториите се наградени, или пак предизвикале влијание во јавноста. СКУП е специфичен по изработката на истражувачките стории, што како пракса го наследи од данскиот СКУП, а тоа е правното толкување на сториите и превод на повеќе јазици со цел да стигнат до поширока публика.

Конституенти

Конституенти на организацијата се граѓаните кои се и најдобар извор за истражувачките стории, но и најголеми поддржувачи во обидите да се влијае врз креаторите на политики, од кои зависи и квалитетот на животот на граѓаните. Организацијата се темели на партиципативниот пристап на граѓаните и невладините организации при изработка на истражувачките стории.

Претходно искуство/проекти

  • Подигнување на јавна свест за корупцијата преку истражувачко известување;
  • Промовирање и дистрибуција на публикацијата „Истражување врз база на постоечка приказна – Прирачник за истражувачки новинари“ меѓу студентите;
  • Креирање независен онлајн медиум „ИНБОКС“ кој за неполна година успеа да израсне во мејнстрим онлајн медиум во земјава;
  • Изработка на четири краткометражни и висококвалитетни ТВ документарни филмови во траење од 10 минути на тема „Студентски стандард“, „Партиски вработувања за дисфункционални институции“, „Земја на богатите лидери“ и „Сомнителни странски инвестиции“.

Веб страница