Зошто бараме измени на Законот за пристап до информации

ССНМ како дел од медиумските организации кои бараат системски медиумски реформи инсистира на  измени на Законот за слободен пристап до информации од јавен со цел  да се утврди пократок рок за пристап што би им овозможил на новинарите побрзо да дојдат до бараните информации и документи (по можност помеѓу 7 и 10 работни денови), и максимално да се стеснат основите за одбивање на барањата за слободен пристап до информации од јавен карактер односно да не им се остава простор на институциите за своеволно толкување на основите за одбивање со цел да се прикриваат информации и да се оневозможи правото на пристап.

При образложувањето на потребата од промена на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер би сакале јавноста да ја потсетиме на некои темелни вредности воспоставени во меѓународното право:

Универзална Декларација за правата на човекот – Париз, 1948 година усвоена на Генерално Собрание на УН:

Член 19.

Секој има право на слобода на мислење и на изразување. Ова право подразбира и право на задржување на своето мислење без мешање и барање тоа да се смени, подразбира примање и давање на информации преку кој било медиуми, без оглед на границите

Телото кое генерално се грижи за спроведувањето и функционирањето на ова основно загарантирано човеково право е Советот за човекови права на ОН со седиште во Женева. Советот е интервладино тело во рамките на ООН составено од претставници на 47 земји и со него управува комитет, а на негово чело е Специјален известител на Генералниот секретар на ООН за човекови права.

Овој Совет во 2012 г. го прошири правото на мислење и изразување и преку итернет, со Резолуција усвоена во Женева, што е прва таква резолуција во рамките на ООН.

Врз основа на погоре наведените документи и други резолуции што не се споменати, а се донесени и во рамките на ООН и во рамките на Советот на Европа, како и врз основа на документи на Европската унија, Република Македонија ова универзално човеково право – слобода на мисла изразување и уверување, како и слобода на медиуми, ги има вградено во највисокиот правен акт – Уставот.

Врз основа на тоа се носени законски и подзаконски акти кои треба ги гарантираат овие права и нивната примена во пракса.

Покрај Уставот како општ гарант, клучно законско решение за слободен проток на информации – за она што е всушност најважната алатка во истражувачкото новинарство – е токму Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер. Донесен е во 2006 година (што само по себе зборува доволно), менуван четири пати, а со него е формирана и Комисија за заштита на ова право. Збор два за Законот и за Комисијата.

М.Н: Правото овоможено, ставовите рестриктивни

Бегла анализа на законските решенија упатуваат на следниот заклучок:

Член 2 од законот кој ги опишува целите, дефинира дека треба да се обезбеди јавност и отвореност на институциите што поседуваат информации и дека имателите на информации се должни да овозможат информираност на јавноста.

Член 4 го гарантира правото на секое физичко или правно лице дека има пристап до информациите од јавен карактер.

Но, веќе ако се погледне Член 6, ќе се види рестриктивноста – една долга листа од 8 точки и неколку под точки кои го ограничуваат слободниот пристап до информациите од различни причини, од кои повеќето се ширко дефинирани.

Член 6

(1) Имателите на информации можат да одбијат барање за пристап до информација во согласност со закон ако информацијата се однесува на:

1) информација која врз основа на закон претставува класифицирана информација со соодветен степен на тајност;

2) личен податок чие откривање би значело повреда на заштитата на личните податоци;

3) информација за архивското работење која е утврдена како доверлива;

4) информација чие давање би значело повреда на доверливоста на даночната постапка;

5) информација стекната или составена за истрага, кривична или прекршочна постапка, за спроведување на управна и на граѓанска постапка, а чие давање би имало штетни последици за текот на постапката;

6) информација, што се однесува на комерцијални и други економски интереси, вклучувајќи ги и интересите на монетарната и фискалната политика и чие давање ќе има штетни последици во остварувањето на функцијата;

7) информација од документ што е во постапка на подготвување и се уште е предмет на усогласување кај имателот на информации, чие откривање би предизвикало погрешно разбирање на содржината и

8) информација која ги загрозува правата од индустриска или интелектуална сопственост (патент, модел, мостра, стоковен и услужен жиг, ознака на потеклото на производот).

(2) Информациите утврдени во ставот (1) на овој член, стануваат достапни кога ќе престанат причините за нивната недостапност.

(3) По исклучок од ставот (1) на овој член имателите на информации ќе одобрат пристап до информација, по задолжително спроведениот тест на штетност со кој ќе се утврди дека со објавувањето на таквата информација последиците врз интересот кој се заштитува се помали од јавниот интерес утврден со закон што би се постигнал со објавувањето на информацијата.

Треба да се спомене и Член 9 – тој е особено важен за новинарите:

„Имателите на информации се должни редовно да водат и да ја ажурираат листата на информации со кои тие располагаат и да ги објавуваат на начин достапен за јавноста (интернет страница, огласна табла и друго)“.

Овој член можеби би требало да се засили и со уште пообврзувачки ставови да ги натера институциите на транспаретност преку нивните веб страници, кои новинарите (и граѓаните) потоа ќе си ги користат како релевантни извори на информирање. Во етичката пракса за која се грижи Советот за етика на медиумите на Македонија, веќе е констатирно дека веб страница на институција на централно или локално ниво се смета како валиден извор на информација дури и ако медиумот не се обратил лично или со меил до раководителите на институцијата или до нивните служби.

М.Н. Рокот да се скрати, казните да се зголемат

Можеби најдискутиран во медиумската заедница е Член 21, кој го пропишува рокот од 30  денови (не се наведува дали календарски дали работни, и во пракса инстиуциите тоа го толкуваат као работни) за да се добие одговор.

На повеќе собири, стручни расправи, конференции, советувања, итн, речиси едногласно е дојдено до заклучок дека рок од 15 дена и тоа календарски, би бил максимално прифатлив рок од аспект на медиумската заедница.

Законот има и други слабости, на пример во прекршочниот дел. Казните се премали за да засегнат некое правно лице, особено ако е тоа буџетска институција. Казните се движат од 200 до 1500 евра.

Казните, на пример, за неоправдано недавање на информација во рокот од 30 дена, изнесува од 300-500 евра (Чл. 44). Но ако имателот на информација го прекрши Чл. 6 и даде информација што не требал, не смеел да ја даде според одредбите од Чл.6, ќе се казни со прекршочна казна и до 1500 евра. Ова јасно покажува дека намерата била повеќе да се стимулира недавањето отколку давањето информации….

Има и други спорни одредби во Законот, особено второстепената постапка пред Управниот суд ако имателот не е задоволен со решението на Комисијата, односно ако на крајот не добил информација. Ниту се наведени роковите за колку време треба да добие одговор, ниту пак се фер роковите за колку време треба да ја покрене второстепената, односно третостепената постапка, до Вишиот управен суд.

Самата Комисија е тело кое работи активно и ажурно (имаат рок од 15 дена да постапат по жалба до нив и тие тоа и го прават). Комисијата има(ла) и преку стотина и кусур жалби годишно. Но ефектот е сепак мал, зашто механизмите за спроведување на нивните одлуки се слаби, дури и кога решаваат позитивно по жалбите

Заклучокот од погоренаведените аргументи е јасен – неопходна е итна и квалитативна промена на Законот и Синдикатот, тоа како конкретно барање веќе го има предадено и до Владата на премирот Зоран Заев, уште на правата офцијална средба, во средината на јуни 2017 година, и е содржано во барањето за системски реформи на медиумските организации.

The post Зошто бараме измени на Законот за пристап до информации appeared first on ССНМ.

Продолжи со читање

  • Започнаа подготовките за XXVI Вардарска регата Гемиџии 2026

    На 14.3.2026 год. (сабота) претставници на извидничкиот одред “Димитар Влахов“ – Велес, во состав Владимир Ивановски, Иван Гушев и Ангелче Гушев ги посетија извидниците во Солун каде што ги започнаа разговорите за реализација на XXVI Вардрската регата Гемиџии 2026. Оваа година заради зголемени финасиски трошоци се доведува во прашање организирањето…

  • Работна средба со извидниците на Првата извидничка чета од Поликастро

    На 14.3.2026 год. (сабота) во Поликастро, Република Грција се одржа работна средба помеѓу претставниците од Првата извидничка чета на Поликастро и претставниците на извидничкиот одред “Димитар Влахов“ од Велес, Република Македонија. На оваа средба се разговараше за поддршка на извидниците од Поликастро односно поддршката што по трет пат треба да…

  • Годишно Собрание на одредот за неговата активност во 2025

    На 15.03.2026 год. (недела) во големата сала на во Домот на НВО во Велес се одржа редовното Годишно собрание на извиднички одред “Димитар Влахов“ – Велес. Собранието се одржа по следниот ред Процедурален дел: Отварање на Собранието Воведен збор на старешината Избор на работни тела на собранието Работно претседателство –…

  • Реакција за Предлог-законот за високо образование

    Младинскиот образовен форум (МОФ), како организација која скоро 27 години работи на промовирање и заштита на правата на младите во образованието, внимателно го анализираше Предлог‑законот за високо образование. Во текот на […]
    The post Реакција за Предлог-законот за високо образование appeared first on МОФ.

  • Спортот не е имун на нееднаквост и насилство: потребни се конкретни и системски промени за надминување на пречките

    Со конференцијата „Фер игра: еднаквост и нулта толеранција за родово базирано насилство во спортот“, Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) го заокружи процесот на собирање на податоци кои покажуваат како жените се застапени на позиции на одлучување во спортските организации. Истражувањата укажуваат и на искуствата и препознавањето на различните форми на родово базирано насилство врз жените во спортот, нивото на свесност на спортистките и постоењето, видливоста и користењето на механизмите за заштита. Учесниците на конференцијата отворија широка дискусија која овозможи да се согледаат пречките и бариерите и можните решенија.

  • Говорот на омраза во спортот

    Спортските трибини и натаму остануваат простор каде што се шират навредливи и дискриминаторски пораки, особено на етничка и национална основа. Таквиот говор, особено кога е јавно манифестиран, има потенцијал да предизвика длабоки поделби да ја наруши меѓуетничката кохезија, а има потенцијал да предизвика и злосторства од омраза. Во прилог, нашата колешка Наташа Петковска при гостување […]
    Read More… from Говорот на омраза во спортот
    The post Говорот на омраза во спортот appeared first on Хелсиншки комитет за човекови права.

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор