[Aggregator] Downloaded image for imported item #52637

Високите цени ја надминаа корупцијата како клучен проблем, но расте прифатливоста и подложноста на корупција во Северна Македонија

За разлика од 2021 и 2023 година, кога корупцијата беше идентификувана како најсериозен општествен проблем, во 2025 година граѓаните на Северна Македонија ги рангираат високите цени како своја главна грижа (46,6%), а корупцијата е веднаш зад нив (40,1%). Ова укажува дека инфлацијата, зголемените трошоци за живот и намалената куповна моќ ја зголемуваат економската несигурност, додека корупцијата и понатаму останува еден од клучните предизвици со кои се соочува општеството.

Иако загриженоста за корупцијата е намалена во однос на 2023 година, кога достигна 63,5%, таа и понатаму е рангирана како втор најзначаен проблем, што одразува трајна недоверба во институциите, управувањето и механизмите за отчетност. Здравствената заштита за прв пат влезе меѓу петте најважни грижи на граѓаните, додека политичката нестабилност (15,2%) е помалку приоритетна. Меѓуетничките проблеми и загадувањето и понатаму се меѓу најретко посочуваните проблеми.

Како главни причини за корупцијата граѓаните ги посочуваат желбата за брзо лично богатење на оние на власт (77%), неефикасниот судски систем (75%), недостатокот на строга административна контрола (74%) и непочитувањето на владеењето на правото (73%). Повеќе од две третини од испитаниците сметаат дека антикорупциското законодавство е слабо и недоволно се спроведува, а најмал дел ги посочуваат ниските плати во јавниот сектор како клучен фактор.

page 1 2

Пораст на коруптивниот притисок и вклученоста

Во 2025 година, 36,7% од испитаниците биле изложени на коруптивен притисок – ситуации во кои од нив било побарано или им било сигнализирано дека се очекува поткуп – додека 30,6% пријавиле директна вклученост во корупција. Во споредба со 2023 година, ова е пораст од над пет процентни поени кај двата показатели. Разликата меѓу притисокот и вклученоста останува речиси непроменета, што укажува на стагнација во отпорот на граѓаните кон корупцијата.

Проекциите покажуваат дека на околу 536.000 полнолетни граѓани барем еднаш им бил побаран поткуп, а над 448.000 дале поткуп во изминатата година, што укажува на широка распространетост на административната корупција. Со оглед на тоа што станува збор за поединечни случаи, ова значи најмалку 447.839 потенцијални коруптивни дела годишно.

page 2 2

Расте прифатливоста и подложноста на корупција

Во 2025 година, 53,7% од испитаниците изјавуваат дека не би прифатиле ниту една форма на коруптивно однесување, наспроти 46,3% кои би прифатиле такво однесување. Ова е значително влошување во однос на претходните истражувања (62,9% наспроти 37,1% во 2023 и 63,3% наспроти 36,7% во 2021 година). Иако младите на возраст од 18 до 29 години и понатаму се групата со најниска толеранција кон корупцијата, негативна промена се забележува и кај нив: во 2025 година околу 70% од младите ги сметаат повеќето коруптивни практики за неприфатливи, наспроти над 80% во 2023 година.

Проектирано на последната процена на населението, за околу 677.763 полнолетни граѓани корупцијата е прифатлив начин на однесување. Оваа бројка е значително повисока од претходните и претставува сериозен предизвик за креирање и спроведување ефективни антикорупциски политики, особено бидејќи ваквите ставови лесно можат да бидат злоупотребени од политички и бизнис актери.

Дополнително загрижува тоа што дури 45% од граѓаните се оценети како подложни на корупција – највисоко ниво забележано од 2014 година, наспроти 19% во 2023 и 31% во 2021 година. Истовремено значително опаѓа уделот на граѓаните кои не се подложни на корупција (од 39,9% на 26%), како и на оние со мешано однесување (од 41,1% на 29%). Иако се намалува уделот на граѓаните кои би дале поткуп „по секоја цена“, вкупната подложност и понатаму расте. Наодите укажуваат на трајна амбивалентност: моралната осуда е широко распространета, но практичната толеранција постојано расте – што говори за ниска доверба во институциите и во можноста проблемите да се решат без коруптивни практики.

page 3 2

Судиите и обвинителите на врвот на перцепцијата за корупција

Судиите и понатаму се професионалната група која најмногу се перцепира како корумпирана – 79% од граѓаните сметаат дека речиси сите или повеќето судии се вмешани во корупција. По нив следуваат јавните обвинители (74,6%), полициските службеници (69,8%), лидерите на политичките партии и коалиции (66,3%) и пратениците (64,9%). Најниска перцепција за корупција има кај наставниците (24,6%) и банкарите (28,1%), како и кај универзитетските професори и претставниците на граѓанските организации. На институционално ниво, судовите се на врвот со 73,1% високи оценки (4 и 5), а по нив следуваат Јавното обвинителство (64,1%), Царината (64,0%) и Министерството за здравство (63,3%).

Резултатите покажуваат дека граѓаните сè повеќе ја перцепираат корупцијата како системски проблем, обликуван од општата состојба во општеството, медиумското известување и јавните дебати, а не само од личното искуство. Иако довербата во Владата и министрите е подобрена, вниманието на јавноста сè повеќе е насочено кон судството, обвинителството, полицијата и царината.

page 4 2

Песимизам за иднината, но подобрена доверба во дел од институциите

Мнозинството граѓани очекуваат коруптивниот притисок да продолжи: 78,9% сметаат дека постои веројатност или голема веројатност за тоа, а само 21,1% дека изложеноста ќе биде мала или нема да постои. Граѓаните се и изразито песимистични за можностите за намалување на корупцијата – дури 66,6% веруваат дека таа не може значително да се намали, наспроти 33,2% кои веруваат дека може значително да се намали или искорени. Ваквиот песимизам може да ја зголеми толеранцијата кон корупцијата и ризикот од вклученост во коруптивни практики.

Сепак, довербата во антикорупциските институции покажува позитивен тренд. Во 2025 година, 47,4% од граѓаните изразиле целосна или делумна доверба во Владата, наспроти 23,6% во 2023 година, а најголем пораст на доверба бележи Министерството за внатрешни работи (50,3%). Кај Државната комисија за спречување корупција има благ пораст на недовербата, додека судовите (86,3%) и Јавното обвинителство (77,3%) остануваат институциите со најниска доверба во справувањето со корупцијата.

page 5 2

Преземи ги инфорграфиците (PDF)

„Извештајот за процена на корупцијата во Северна Македонија 2025“ е подготвен од Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) во рамки на проектот „Граѓанско општество за добро владеење и антикорупција во Југоисточна Европа: градење капацитети за застапување засновано на докази, влијание врз политиките и вклучување на граѓаните (SELDI.net)“, финансиран од Европската комисија.

Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на Македонски центар за меѓународна соработка

Продолжи со читање

  • Демир Капија: Жените бараат редовни средби со институциите и поголема поддршка за локалните иницијативи

    Демир Капија, октомври 2026 – Поголема вклученост на жените во локалното одлучување, редовни консултации со жителките од руралните средини и навремени повратни информации од институциите беа дел од главните теми на јавната дебата „Женското лидерство како огледало на заедницата“, одржана во Демир Капија. Дебатата ја организираше Хуманитарното здружение „Мајка“ – Куманово, во соработка со Организацијата […]

  • Младите од Струга во улога на новинари на работилница за медиумите на заедницата

    Средношколци од Струга учеа за медиумите на заедницата, разговараа за етиката во новинарството и за момент влегоа во улога на новинари. Тие предлагаа теми, анализираа како да ја обработат приказната и дискутираа колку е важно да се зборува јавно за проблемите на локалните заедници и да се бараат решенија.

  • Два дена партиципативно буџетирање со граѓаните на Општина Кисела Вода

    Во соработка со Општина Кисела Вода спроведовме процес на партиципативно буџетирање. Граѓаните ги споделија своите потреби, проблеми и предлози за подобрување на квалитетот на животот во општината. Тие ја препознаа иницијативата како корисна и изразија поддршка за организирање ваков тип на настани, кои овозможуваат нивните потреби и идеи да бидат слушнати. Следниот чекор е анализа […]
    The post Два дена партиципативно буџетирање со граѓаните на Општина Кисела Вода first appeared on Finance Think.
    The post Два дена партиципативно буџетирање со граѓаните на Општина Кисела Вода appeared first on Finance Think.

  • Ден на климатските промени – 4 Ноември

    Денес го обележивме 4ти ноември Денот на климатски промени со учество на Утринска програма на Телма телевизија со нашата  Тамара Радовановиќ Анѓелковска на која што разговаравме за активностите на нашата организација поврзани со заштита на животна средина и намалување/ адаптација на климатските промени.
    Зборувавме за тоа како локалните заедници можат да станат отпорни на климатски промени и зошто е тоа важно.
    Благодарност до редакцијата на Телма телевизија за поканата!
     

  • Од управување со миграциите до интеграција: Истражувањето во рамки на ФОСТЕР го анализира пристапот на странските државјани до права во Северна Македонија

    Миграцискиот профил на Северна Македонија се менува. Иако традиционално се препознава како транзитна земја, таа сè повеќе станува земја на дестинација за странски работници и други странски државјани што бараат подолгорочен престој. Според податоците презентирани во нашето истражување, бројот на странски работници се зголемил од […]
    The post Од управување со миграциите до интеграција: Истражувањето во рамки на ФОСТЕР го анализира пристапот на странските државјани до права во Северна Македонија appeared first on Myla.

  • МРЕЖА ПРОТИВ НАСИЛСТВО ВРЗ ЖЕНИ: УШТЕ КОЛКУ ЖИВОТИ ТРЕБА ДА СЕ ИЗГУБАТ ДОДЕКА СОБРАНИЕТО РАСПРАВА ДАЛИ ЗАШТИТАТА ОД РОДОВО БАЗИРАНО НАСИЛСТВО Е „ПРЕМНОГУ ПРОГРЕСИВНА“?

    Длабоко сме потресени од трагедијата во Богданци, каде што се пронајдени две безживотни тела, а според досегашните информации, на настанот му претходела пријава за партнерско […]

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор