[Aggregator] Downloaded image for imported item #51969

Започна менторирањето на идните ментори за родово сензитивно правосудство

Минатата недела во Академијата за судии и јавни обвинители започна процесот на менторирање на идните ментори, како важен чекор кон воспоставување родово сензитивна менторска програма во правосудството.
Целта е потребите и предизвиците идентификувани преку претходното истражување да се преточат во практични знаења, вештини и конкретни алатки за секојдневната правосудна практика.
Преку тематски менторски сесии, анализа на реални и симулирани случаи и размена на искуства и добри практики, програмата ќе ги поддржи судиите и јавните обвинители во препознавањето и соодветното постапување во случаи на родово базирано насилство и дискриминација.
Бидејќи родово сензитивното правосудство не се гради само преку познавање на законите, туку и преку начинот на кој тие се применуваат во пракса.
Активноста се организираше во рамки на проектот „Менторство во правосудството и младински ангажман за родова еднаквост“, имплементиран од Центар за правни истражувања и анализи во партнерство со Македонско здружение на млади правници/Macedonian Young Lawyers Association, со поддршка од Владата на Швајцарија преку Цивика мобилитас.
Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на Центар за правни истражувања и анализи

Продолжи со читање

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор