Mrtv analiza

Презентирана анализата на Етичкиот кодекс на Македонската радио-телевизија

Во Македонската радио-телевизија беше презентирана анализата на постоечкиот Етички кодекс на јавниот радиодифузен сервис, подготвена од Македонскиот институт за медиуми (МИМ). Наодите и препораките беа претставени пред членовите на Програмскиот совет, раководството и уредниците на МРТ.

Анализата е подготвена како стручна основа за Програмскиот совет на МРТ во процесот на преиспитување и унапредување на Етичкиот кодекс. Таа нуди конкретни насоки за развој на современа и применлива етичка рамка, со појасни правила, механизми за одговорност и практична поддршка за новинарите и уредниците во секојдневното донесување професионални одлуки.

Клучните наоди и препораки  ги претстави авторката, вонр. проф. д-р. Марина Тунева, а потоа следуваше дискусија околу  натамошните чекори во процесот, чија цел е зајакнување на професионалните стандарди, транспарентноста и одговорноста кон публикатa на јавниот сервис.

Анализата е подготвена во рамки на проектот „Јакнење на етичките стандарди за поголема доверба во медиумите“, што го спроведуваат Здружението на новинарите на Македонија и Македонскиот институт за медиуми, со финансиска поддршка од Владата на Швајцарија преку Цивика мобилитас.

Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на Македонски институт за медиуми

Продолжи со читање

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор