5

Свети Николе: Жените и локалната самоуправа во дијалог за поефективни механизми на граѓанско учество

Свети Николе, 18 септември 2026 – Хуманитарното здружение „Мајка“ Куманово ја одржа јавната дебата „Женско лидерство како огледало на заедницата“, во рамки на проектот „Жените го преземаат водството во локалните заедници“.

Дебатата беше посветена на механизмите за граѓанско учество во процесите на локално одлучување, со фокус на можностите за поголемо и посуштинско вклучување на жените, особено на жените од руралните средини, во локалните процеси на планирање и донесување одлуки.

На јавната дебата учествуваа жени од Свети Николе, Лозово и руралните заедници, претставници на локалната самоуправа и граѓанскиот сектор. Преку отворена дискусија, учесничките имаа можност да ги споделат своите искуства, потреби и предизвици и директно да разговараат за можностите за нивно поголемо учество во локалниот јавен живот.

Во воведниот дел, Ирина Поцкова, претседателка на ГИЖ Свети Николе, ги презентираше наодите од теренот поврзани со женското граѓанско учество. Наодите послужија како основа за понатамошната дискусија за предизвиците со кои се соочуваат жените од руралните средини и за тоа колку постојните механизми за граѓанско учество им овозможуваат активно да влијаат врз локалните процеси.

Во панел-дискусијата учествуваа Оливера Арсов, претседателка на Советот на Општина Свети Николе, Сузана Јованчева Илиевска, претседателка на Советот на Општина Лозово, како и две жени од локалните заедници, кои ги споделија своите лични искуства и перспективи за учеството на жените во локалното одлучување.

Присуството на жените од терен овозможи дискусијата да се темели на конкретни искуства и реални потреби. Тие посочија на предизвиците со кои се соочуваат при пристапот до информации, комуникацијата со локалните институции и можностите за вклучување во процесите во кои се носат одлуки што директно влијаат врз нивниот секојдневен живот.

Посебно внимание беше посветено на прашањето како локалната самоуправа може да воспостави поконтинуирана и директна комуникација со жените од руралните средини, како и како постојните механизми за граѓанско учество можат да бидат попристапни и пофункционални.

Дискусијата покажа дека за поголемо учество на жените не е доволно само да постојат формални механизми. Потребни се навремени информации, достапни канали за комуникација, директни консултации и реални можности жените да ги застапуваат своите потреби и предлози во локалните процеси.

Од дискусијата произлегоа неколку важни насоки:

  • подобрување на директната комуникација меѓу локалната самоуправа и жените од руралните заедници;
  • подобра информираност на жените за механизмите и можностите за граѓанско учество;
  • создавање попристапни и разновидни форми на учество, приспособени на потребите на жените од различни локални средини;
  • поголемо вклучување на жените од руралните заедници во консултациите и процесите на локално планирање;
  • зајакнување на соработката меѓу локалната самоуправа, граѓанските организации и жените од терен, со цел нивните потреби и предлози да бидат навремено препознаени и разгледани.

Јавната дебата покажа дека жените од Свети Николе и руралните заедници имаат јасни ставови и предлози за прашањата што ја засегаат нивната заедница. Отворањето простор за нивно директно учество е важен чекор кон поинклузивни и попартиципативни процеси на локално одлучување.

Јавната дебата е дел од проектот „Жените го преземаат водството во локалните заедници“, финансиран од Европската Унија, ко-финансиран од Шведска, а имплементиран од The Kvinna till Kvinna Foundation во партнерство со Акција Здруженска и Хуманитарното здружение „Мајка“ Куманово.

Оваа содржина е единствена одговорност на Хуманитарното здружение „Мајка“ и партнерите и не ги одразува ставовите на Европската Унија и Шведска.

Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на Хуманитарното здружение Мајка Куманово

Продолжи со читање

  • МЗМП достави извештај до ГРЕВИО за спроведувањето на Истанбулската конвенција во Северна Македонија

    Македонското здружение на млади правници (МЗМП) достави извештај до Групата експерти за акција против насилството врз жените и семејното насилство – ГРЕВИО, како придонес кон следењето на спроведувањето на Истанбулската конвенција во Северна Македонија. Извештајот го опфаќа периодот од 2023 до 2026 година и се […]
    The post МЗМП достави извештај до ГРЕВИО за спроведувањето на Истанбулската конвенција во Северна Македонија appeared first on Myla.

  • Совети и упатување

    Совети и упатување Кога се соочуваш со насилство, закани, контрола или страв, сосема е разбирливо да не знаеш од каде да започнеш. Не мора сама да ги знаеш институциите, процедурите и своите права. Станица ПЕТ може да те сослуша, да ти помогне да ја разбереш ситуацијата и да ти даде информации за можностите за поддршка…

  • Како да побарам помош?

    💜 Не си сама. Побарај поддршка. Понекогаш најважниот чекор е да кажеш: „Ми треба помош.“ Доколку се соочуваш со семејно или родово базирано насилство, закани, контрола, заплашување, психичко, физичко, сексуално или економско насилство, не мораш сама да се справуваш со ситуацијата. Станица ПЕТ е тука да те слушне, информира и поддржи. Обраќањето до нас е…

  • Психолошка и психосоцијална поддршка

    Психосоцијална, психолошка и психотерапевтска поддршка Станица ПЕТ обезбедува психосоцијална, психолошка и психотерапевтска поддршка за жени и деца кои се соочуваат со семејно и родово базирано насилство, како и за лица кои се соочуваат со последици од насилство или други тешки животни ситуации. Нашата цел е да обезбедиме безбедно, доверливо и неосудувачко место каде што можеш…

  • Шведските искуства како поттик за зајакнување на демократската отпорност и интегритетот во информирањето

    Делегација составена од новинари, уредници, проверувачи на факти, медиумски експерти и претставници на институции од Северна Македонија учествуваше на студиска посета во Стокхолм, организирана од Делегацијата на Европската Унија и Македонскиот институт за медиуми, во рамките на проектот „Градење синергии против дезинформациите, вклучително и за политиките и активностите на ЕУ“. Во текот на дводневната програма, […]

  • Програми за обука и прирачници за Повелбата на ЕУ и постапките пред Судот на правдата на ЕУ

    Во рамки на регионалниот проект „Зајакнување на регионалната судска соработка на Западен Балкан за ефективно водење постапки пред Судот на правдата на Европската Унија и примена на Повелбата на ЕУ за фундаменталните права“, поддржан од Кралството Холандија, развиени се две програми за обука и прирачници посветени на клучни аспекти од примената на правото на Европската […]

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор