[Aggregator] Downloaded image for imported item #52833

РУРАЛНА ЖЕНА – СИЛЕН ГЛАС

Во рамки на проектот „Рурална жена – силен глас“, ја започнавме реализацијата на првата активност – мобилизирање на жени од руралните средини во Општина Чашка, со цел нивно поврзување, организирање и формирање женски кружок.
Кружокот ќе претставува неформална локална група преку која жените ќе се поврзуваат, ќе ги споделуваат своите потреби и идеи и заеднички ќе иницираат активности за подобрување на условите за живот во својата заедница.
Во изминатиот период остваривме средби и разговори со жени од населените места: с.Горно Јаболчиште, с.Извор, с.Согле, Општина Чашка, с.Теово, с.Лисиче, с.Богомила, с.Врановци и с.Стари Град.
Преку овие средби разговаравме за предизвиците со кои се соочуваат жените, нивните потреби, можности и идеи за поголемо вклучување во животот на локалната заедница.
Формирањето на женскиот кружок има за цел да создаде организиран простор во кој жените ќе можат:
Да ги идентификуваат проблемите со кои се соочуваат;
Да предлагаат иницијативи и конкретни решенија;
Да ги пренесуваат своите потреби и предлози до локалната власт;
Да се охрабруваат за активно учество во јавниот живот и процесите на донесување одлуки.
Жените од руралните средини, особено оние кои припаѓаат на ранливите категории, често се соочуваат со ограничени можности за учество во јавните дебати, локалните иницијативи и креирањето политики кои директно влијаат врз нивниот живот. Веруваме дека секоја жена треба да има можност да биде слушната, нејзиниот глас да биде препознаен, а нејзините идеи да станат дел од промените во заедницата.
Затоа, започнуваме со градење заедништво, доверба и простор за активно женско учество, затоа што промените започнуваат кога жените се организираат и зборуваат со заеднички глас.
Проектот „Рурална жена – силен глас“ е поддржан од Здружението за унапредување на родовата еднаквост „Акција Здруженска“.
*Содржината е единствена одговорност на авторот и во никој случај не ги одразува ставовите на „Акција Здруженска“.

The post РУРАЛНА ЖЕНА – СИЛЕН ГЛАС appeared first on Здружение на лица со церебрална парализа и други попречености – Велес.

Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на Здружение на лица со церебрална парализа и други попречености Велес

Продолжи со читање

  • Пристапот до правда се подобрува во дел од светот и покрај глобалното назадување на владеењето на правото

    И покрај продолжувањето на глобалното назадување на владеењето на правото, најновиот Индекс на World Justice Project за 2026 година покажува позитивни промени во одредени аспекти на пристапот до правда. Во 54 % од анализираните земји е забележано подобрување во достапноста и финансиската пристапност на граѓанската правда, додека во 52 %…

  • Извидниците од Велес работеа на молеро-фарбарски зафати за санирање на сместувачките капацитети во ИЦО – Охрид

    Во периодот од 4 до 9 ноември 2026 год. (среда-понеделник) велешките извидници на извидничкиот одред “Димитар Влахов“ од Велес, Благој Јорданов и Валентин Јанкуловски работеа на молерофарбарски зафати во извидничкиот центар Охрид. Избелени и офарбани се конференциската сала, сите бунгалови и направени се внатрешни корекции во сите апартмани. Демонтирани се…

  • Извидниците во чест на ослободувањето на Велес!

    Денес на  9 Ноември, денот кога го одбележуваме Денот на Општина Велес – ден посветен на богатата историја, традицијата, културата и гордоста на нашиот град делегација на извиднички одред “Димитар Влахов“ – Велес во состав Симона Љуткова, Марија Стефановска и Љупче Неделковски положија свежо цвеќе на спомен костурницата во Велес….

  • Новинарите ги декодираат постепената интеграција, Планот за раст и Реформската агенда

    На 6 и 7 ноември 2026 година, Институтот за европска политика (ЕПИ) го организираше вториот модул за обука во рамките на проектот „Decode the EU – Communicating EU policies together“ во Струмица. Дводневната работилница собра 10 новинари и уредници од национални и локални медиуми на македонски и албански јазик, со цел да се зајакне аналитичкото […]
    The post Новинарите ги декодираат постепената интеграција, Планот за раст и Реформската агенда appeared first on EPI.

  • Критичка мисла или кога уметноста му пречи на градот: Скопје и невидливите граници на слободата на изразување

    Избришани дела, отстранети билборди и герила-акции што ги исмеваа урбанистичките политики отвораат прашање за тоа кој одлучува што ќе биде видливо во јавниот простор. Случаите со Игор Тошевски, групата ОПА, Велимир Жерновски и Ирена Паскали покажуваат различни начини на кои критичката уметност се соочувала со пречки. И денес нема целосна документација за одлуките, а тогашните […]
    Read More… from Критичка мисла или кога уметноста му пречи на градот: Скопје и невидливите граници на слободата на изразување
    The post Критичка мисла или кога уметноста му пречи на градот: Скопје и невидливите граници на слободата на изразување appeared first on Хелсиншки комитет за човекови права.

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор