[Aggregator] Downloaded image for imported item #50748

ТЕКСТИЛИЈАДА #10 години гласно за правата на работниците

Наши права, наша иднина!

Ве покануваме да бидете наши гости на јубилејното десетто издание на Текстилијада 10, кое ќе се одржи од 1 до 3 октомври 2026 година во Штип, во организација на здружението Гласен Текстилец.

Оваа година одбележуваме 10 години борба, солидарност и промени, една деценија посветена на унапредување на работничките и женските права, достоинствената работа, економското зајакнување на жените и создавањето подобри услови за живот и работа.

Во текот на трите дена, преку меѓународни конференции, дискусии, работнички сведоштва, изложба на фотографии, литературни и уметнички настани, заедно со работници, институции, синдикати, граѓански организации и домашни и меѓународни партнери, ќе направиме осврт на постигнатото во изминатата деценија, но и на предизвиците што сè уште остануваат пред нас.

Посебен фокус ќе биде ставен на економската сигурност и зајакнувањето на жените, женските и работничките права, платата за живот и достоинствениот труд.

Истовремено, преку културата и уметноста ќе им оддадеме признание на луѓето, приказните и заедничките борби кои ја создаваа и обликуваа Текстилијада во изминатите десет години.

Текстилијада 10 е повеќе од јубилеј. Таа е можност заедно да го одбележиме постигнатото, да ги слушнеме гласовите на работниците и нашите партнери и да разговараме за следните чекори кон поправедно општество во кое достоинствениот труд и човековите права се реалност за сите.

Се надеваме дека ќе ни се придружите и заедно ќе одбележиме 10 години Гласен Текстилец и 10 години Текстилијада.

Настаните во рамките на Текстилијада 10 се финансиски поддржани од Шведска, Olof Palme International Center и The Kvinna till Kvinna Foundation, а во партнерство со Friedrich-Ebert-Stiftung, канцеларија во Скопје.
Содржината објавена на оваа страница е единствена одговорност на Гласен Текстилец – Штип и не ги одразува нужно ставовите на донаторите и партнерските организации.

Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на Здружение за заштита на работничките права „Гласен Текстилец“

Продолжи со читање

  • МОТ усвои прва меѓународна конвенција за достоинствена работа во платформската економија

    Меѓународната организација на трудот (МОТ) ја усвои Конвенцијата бр. 193 за достоинствена работа во платформската економија, првиот меѓународен трудов стандард посветен на работата преку дигитални платформи. Конвенцијата беше усвоена на 12 јуни 2026 година, на 114-тата сесија на Меѓународната конференција на трудот во Женева. Новата Конвенција одговара на брзите промени…

  • Нова глобална база на политики и закони за јавни услуги, грижа и правично јавно финансирање

    Global Initiative for Economic, Social and Cultural Rights (GI-ESCR) ја објави новата Global Repository of Promising Policies and Laws – глобална база која на едно место обединува примери на политики и закони насочени кон унапредување на јавните услуги, системите за грижа и поправедното јавно финансирање. Базата е создадена за да…

  • Скринингот заврши. Добро е да имаме план за постапување по него

    Поминаа речиси четири години од почетокот на скринингот и повеќе од две и пол години од неговото завршување во декември 2023 година. Европската комисија во меѓувреме ги објави скрининг-извештаите за сите шест преговарачки кластери. Со нив Република Северна Македонија доби детална дијагноза и домашна задача за степенот на усогласеност со правото и стандардите на Европската […]
    The post Скринингот заврши. Добро е да имаме план за постапување по него appeared first on IDSCS.

  • Соопштение за медиуми – Герила акција: Чекална – симбол на корупцијата во здравството

    Чекална која ги симболизира најчестите форми корупција во здравството утринава беше поставена на скверот помеѓу булеварот Партизански одреди и улицата Ленинова. Станува збор за „герила“ акција чија цел е преку уметничка инсталација во просторот, директно да ги соочи граѓаните и надлежните институции со коруптивните практики во системот на јавното здравство….

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор