Screenshot 2026 09 15 at 11 45 40 ПОКАНА „ГЛАСОТ НА ЖЕНИТЕ ВО ОПШТИНСКИОТ БУЏЕТ“ Гласен Текстилец

ПОКАНА: „ГЛАСОТ НА ЖЕНИТЕ ВО ОПШТИНСКИОТ БУЏЕТ“

Почитувани,

Со особено задоволство Ве покануваме на завршниот настан „Гласот на жените во општинскиот буџет“, кој ќе се одржи на 22 септември 2026 година во Хотел „Александар Парк“ во Виница.

Настанот претставува завршница на проектот „Преку женски активизам и граѓански иницијативи до родово инклузивни и одговорни општини“, поддржан од Владата на Швајцарија преку Цивика мобилитас, а спроведуван од Гласен текстилец, ЕХО Едукативно хуманитарна организација и Иницијатива на невработени интелектуалци (ИНИ).

Во текот на настанот ќе бидат презентирани клучните резултати од проектот, локалните родово буџетски иницијативи развиени од граѓаните, како и искуствата од соработката со локалните институции во Штип, Виница и Делчево.

Преку панел и отворена дискусија со претставници на локалните власти, граѓанските организации и учесниците во проектот, заеднички ќе разговараме за значењето на граѓанското учество, родово одговорното буџетирање и можностите за продолжување на соработката и регионалното вмрежување. Настанот ќе биде модериран од Огнен Јанеки.

По официјалниот дел, од 15:00 до 16:30 часот е предвидено неформално вмрежување на учесниците. Програмата е достапна тука.

Вашето присуство ќе даде значаен придонес кон заедничките напори за поголемо учество на граѓаните, а особено на жените, во креирањето на локалните политики и буџети. Присуството можете да го потврдите на следниот мејл: todorconev@gmail.com

 

Содржината на оваа објава е единствена одговорност на Иницијатива на невработени интелектуалци и партнерите и на ниту еден начин не смее да се смета дека ги одразува гледиштата на Владата на Швајцарија, Цивика мобилитас или на организациите што ја спроведуваат.

Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на Здружение за заштита на работничките права „Гласен Текстилец“

Продолжи со читање

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор