Img

Национален младински форум „Тука сме за да останеме!“: Време е младите да добијат реална моќ во одлучувањето

Денес се одржа Националниот младински форум „Тука сме за да останеме!“, кој создаде простор за директен дијалог меѓу млади луѓе од целата држава и претставници на институциите, меѓународните организации, локалната самоуправа, академската заедница и граѓанскиот сектор.

Форумот беше посветен на пет теми кои младите ги препознаваат како клучни за нивниот живот, развој и одлуката дали својата иднина ја гледаат во земјата: младинско учество и локално одлучување, култура и меѓукултурен дијалог, вработување и претприемништво, животна средина и одржливост, и творечко изразување.

Настанот се одржа во период кога официјалните податоци покажуваат сериозен застој во спроведувањето на обврските кон младите. Според Мониторинг-извештајот за имплементацијата на Законот за младинско учество и младински политики за 2025 година, објавен од Националниот младински совет на Македонија, локални младински совети постојат во само 24 општини, односно во 30% од вкупниот број општини, додека само 11 општини го одвоиле законски предвидениот минимум од 0,1% од буџетот за млади во 2025 година.

Дополнително, иако Законот за младинско учество и младински политики, донесен во 2020 година, предвидува формирање на Национално собрание на млади и Национално советодавно тело за младински политики, овие механизми сè уште не се воспоставени. Од вкупно 205 активности планирани со Акцискиот план за Националната стратегија за млади 2023–2025, само 23% се целосно реализирани, 30% се делумно реализирани, а за 26% нема достапни информации за статусот на реализација.

Овие податоци потврдуваат дека младинските политики не смеат да останат само на хартија. Потребни се функционални механизми, реални буџети, отчетни институции и директно вклучување на младите во одлуките што го обликуваат нивниот живот.

На форумот, претставниците на младинските организации, институциите, локалната самоуправа и академската заедница испратија заедничка порака: младите мора да бидат препознаени како активни носители на промени, а не само како тема во политики и извештаи.

„Младите во Северна Македонија предолго се сведени на статистика во извештаи, наместо на партнери во носењето одлуки. Форумот ‘Тука сме за да останеме!’ е обид тој однос конечно да се промени – создаваме простор каде младите директно ќе зборуваат за тоа што им недостасува, што ги оттурнува и што би ги задржало тука. Не ни требаат уште декларативни пораки за младите, туку институции што ќе имаат храброст навистина да ги слушнат и да споделат моќ со нив. Покажуваме дека јавните простори можеме да ги наполниме со млади луѓе и да им дадеме доверба дека одговорно ќе носат одлуки и ќе водат напред“, изјави Драгана Каровска Чемерска, раководителка на младинската програма во ХЕРА.

Албина Сефадини од НМСМ потенцираше дека наодите од овогодишниот мониторинг-извештај укажуваат на опаѓачки тренд во имплементацијата на законот, односно на намалување на бројот на младински механизми, политики и сервиси за млади.  „Потребна е многу поголема институционална посветеност и вистинска приоритизација на младите“, истакна Сефадини.

Од страна на институциите беше нагласено дека младите не треба да се гледаат како проблем, туку како дел од решението.

„Наместо да ги гледаме младите како проблем, треба да ги гледаме како решение. Мојата задача е да создадам услови во кои тие ќе сакаат и ќе можат да останат во сопствената земја,“ изјави Фатмир Сабриу, државен секретар во Министерството за социјална политика, демографија и млади.

Градоначалникот на Општина Гостивар, Валбон Лимани, порача дека младите се и сегашноста, не само иднината на државата. „Младите не се само нашата иднина, туку и нашата сегашност. Тие секојдневно покажуваат талент, посветеност и потенцијал на меѓународно ниво, а наша обврска како институции е да создадеме реални можности за нивниот развој, учество и претставување овде, во сопствената држава. Во Гостивар остануваме посветени на оваа цел преку локални младински политики, младински центри и директна поддршка за младите. Верувам дека само преку вистинска соработка помеѓу институциите, организациите и младите можеме да изградиме одржливи и ефикасни младински политики“ изјави Лимани.

Борис Шамбевски, советник во Град Скопје, нагласи дека локалните самоуправи имаат важна улога во отворањето простор за младинско учество. „Поттикнувањето на младите луѓе да се вклучат во креирањето на градските политики и да ги споделуваат своите идеи за насоката во која треба да се развива еден град е од исклучителна важност за секоја локална самоуправа“ изјави Шамбевски.

Форумот покажа дека младите имаат јасни ставови, конкретни потреби и силна волја да учествуваат во градењето на општеството. Но, нивното учество мора да биде поддржано со функционални институционални механизми, локални младински совети, младински центри, реални буџети и политики што се креираат заедно со младите, а не само во нивно име.

Пораката од форумот беше јасна: младите се тука, имаат што да кажат и бараат систем што ќе им даде причина да останат.

Форумот го организираше ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување, во партнерство со Националниот младински совет на Македонија (НМСМ), во соработка со Министерството за социјална политика, демографија и млади и Природно математичкиот факултет при УКИМ и со поддршка на RYCO – Регионалната канцеларија за младинска соработка преку германската развојна соработка, во рамки на проектот Youth Connect: Building Inclusive Participation Through Local Partnerships.

Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на Асоцијација за здравствена едукација и истражување ХЕРА Скопје

Продолжи со читање

  • ЈАВЕН ПОВИК ЗА АНГАЖИРАЊЕ НА ЕКСПЕРТ/ТИМ ЗА ГРАФИЧКИ ДИЗАЈН И МУЛТИМЕДИЈАЛНА ПРОДУКЦИЈА

    Центарот за правни истражувања и анализи (ЦПИА) објавува јавен повик за ангажирање експерт или тим за подготовка на визуелни и мултимедијални содржини во рамки на кампања за животна средина, јавна партиципација и пристап до правда. Ангажманот опфаќа развој на креативен концепт и подготовка на најмалку 10 содржини за социјални медиуми, вклучително инфографици, кратки анимации и […]

  • Како да се слушне гласот на граѓаните? РЕСИС организираше работилница и дебата во Велес

    Како граѓанските барања и проблеми да бидат повидливи и слушнати од локалната власт? Токму ова прашање беше во срцето на работилницата и јавната дебата што Институтот РЕСИС ја одржа во Велес со граѓани и со претставници на општините од Вардарскиот Регион.

  • Етичка рамка за колумни

    Колумната, како уникатен новинарски жанр, ги надминува традиционалните правила на новинарството и во медиумската теорија се смета за една од најслободните и „најживи“ форми, во која доминираат авторскиот став и интерпретацијата. За разлика од класичниот коментар или уредничкиот текст, колумната често остава простор за личен тон, анегдота, полемика, намерна провокација или потсмев. Во неа не […]

  • Изборите се ранлив момент кога граѓаните се изложени на манипулации и надворешни влијанија

    На 19 мај, во Скопје, Фондацијата Метаморфозис во соработка со International IDEA го организираше настанот „Зајакнување на отпорноста кон изборни манипулации со информации“, посветен на справувањето со странското мешање и манипулациите со информации (ФИМИ), дезинформациите и заканите по изборниот интегритет. Настанот се реализираше во рамки на проектот „Справување со изборно поврзани манипулации со информации и […]

  • Дојди на донаторски кружок

    Почитувани, Седмиот донаторски кружок на Конект ќе се одржи на 04.06.2026 г. во просториите на Македонски Телеком (Кеј 13-ти Ноември“ бр. 6, Скопје) со почеток од 19 часот. Приемот на гостите започнува во 18.30 часот.

  • УЧЕСТВО НА ВЕЖБАТА “DURIOS 1” И ПРЕЗЕНТАЦИЈА НА ПРОЕКТОТ “ENSURE”

    Во периодот од 15 до 17 мај 2026 година, претставници од Доброволното противпожарно друштво Св. Николе учествуваа во вежбата “Durios 1”, која беше во организација на “E.P.O.M.E.A” Грција и меѓународната федерација “ELIT MISSION EUROPEAN FEDERATION”. Вежбата се одржа во комплексот Порто Крас, Солун, Грција. Целта на вежбата беше пребарување и спасување во случај на природни…

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор