[Aggregator] Downloaded image for imported item #47638

Трета средба на мултисекторски тим

Во рамки на проектот „Заедно против насилството: Подобрување на информираноста и реакцијата на заедницата“, на 30 април 2026 година  се одржа третата средба на мултисекторскиот тим во организација на Здружение Станица ПЕТ.

Целта на оваа средба беше зајакнување на мултисекторската соработка помеѓу институциите со фокус на раната идентификација и упатување на жртви, односно начинот на кој институциите го препознаваат ризикот од насилство, постоечките механизми за навремено упатување и предизвиците со кои се соочуваат во практиката. Дополнително, се дискутираше за достапноста на услугите за заштита и поддршка, вклучително и достапноста на специјализирани услуги на локално ниво. Посебен акцент се стави и на пристапот до услуги за ранливите групи, како и на улогата на граѓанските организации во обезбедувањето поддршка и унапредувањето на системот на заштита.

На средбата учествуваа претставници од:

  • Центар за социјална работа
  • ОВР Прилеп
  • ЈЗУ Општа болница Прилеп
  • Локална самоуправа

Оваа активност е дел од проектот „ Заедно против насилството: Подобрување на информираноста и реакцијата на заедницата “, кој го спроведувa Здружение за правна едукација и транспарентност Станица ПЕТ Прилеп“, во рамки на акцијата „СЕ ГРИЖИМЕ: Заедно се бориме против сексуалното и родовото насилство “, финансирана од Европската Унија, а предводена од Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство. Содржината на оваа објава е единствена одговорност на Здружение за правна едукација и транспарентност Станица ПЕТ Прилеп, и на никој начин не може да се смета дека ги претставува ставовите и гледиштата на Европската Унија.

This post was originally published on this site

Продолжи со читање

  • Учество во проектот Боренка во Василево

    На 11.05.2026 год. (понеделник) членовите на извиднички одред “Димитар Влахов“ – Велес, Иван Гушев и Владимир Ивановски – Вуцо заедно со членови од канцеларијата на Сојуз на извидници на Македонија организираа работилница за проектот за пошумување на опожарени подрачја – Боренка. Оваа работилница се организираше и истата се одржа во…

  • Од порака до влијание: приказната како алатка за застапување

    Дваесет и еден млад учесник учеше како личната и заедничката приказна може да стане моќна алатка за застапување, влијание и поттикнување промени во заедницата. Наместо приказната да се третира како креативно пишување, фокусот беше ставен на нејзината практична примена – поврзување, убедување и поттикнување на акција.

  • Велешките извидници втори на 51от повеќебој “Чика Драги“ во Ниш

    Во периодот од 8-10 мај 2026 год. десет извидници од извидничкиот одред “Димитар Влахов“ – Велес земаа учество на традиционалниот извиднички 51ри ориентационен повеќебој “Чика Драги“ во Ниш во организација на нашиот братски извиднички одред “Мија Станимировиќ“. На овој повеќебој учество земаа 70 извидници од Србија и Република Македонија. На…

  • Одржана средба на работните групи за подготовка на новиот Национален акциски план за Партнерство за отворена власт 2026–2028

    Денеска во Клубот на органите на управата се одржа состанок на работните групи за подготовка на Националниот акциски план за Партнерство за отворена власт 2026–2028 (НАП7), како продолжение на процесот на ко-креација започнат со конференцијата организирана на почетокот на април оваа година. Настанот беше организиран од Министерството за јавна администрација, во соработка со Фондацијата Метаморфозис […]

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор