[Aggregator] Downloaded image for imported item #45606

Вештачката интелигенција во редакциите, доверба, транспарентност и проверка

Здружението на новинарите на Македонија организираше обука на тема „Вештачката интелигенција во редакциите: доверба, транспарентност и проверка“, посветена на практичната и етичката примена на вештачката интелигенција (ВИ) во новинарството, која се одржа од 26 до 28 февруари 2026 година во Штип.

Обуката имаше за цел да им понуди на новинарите и уредниците конкретни насоки за одговорно користење на генеративни и други ВИ алатки во редакциската работа, да се истакне потребата од проверка на содржини, што ќе придонесе да се задржи довербата на јавноста.

Во текот на трите работни дена, учесниците заедно со Александар Манасиев кој беше предавач, работеа во интерактивна атмосфера исполнета со практични вежби, анализа на реални случаи и отворени дискусии.

Посебен акцент беше ставен на етичките и правните дилеми поврзани со генеративната ВИ, методите за проверка на визуелни содржини и препознавање на дипфејк материјали, како и на изработка на интерни уреднички прирачници за транспарентна употреба на ВИ. Дополнително, се разгледуваа стратегии за заштита од координирани дигитални напади поттикнати со ВИ и механизми за правна и техничка поддршка на новинарите.

Беа споделени искуства и конкретни технички пристапи за верификација на синтетички содржини, а беа дискутирани и уреднички критериуми за носење одлуки кога одредена содржина треба да се објави веднаш, а кога е неопходна дополнителна проверка. Учесниците добија насоки за тоа кои бесплатни алатки и материјали можат да ги користат во иднина, што можат директно да ги интегрираат во своите редакциски процеси.

Претседателот на ЗНМ, Младен Чадиковски, истакна дека  секој новинар мора да биде во чекор со технолошките промени, со фокус на задржување на новинарските етички стандарди или поконкретно практичните решенија и јасните уреднички процедури се неопходни за зачувување на професионализмот во време на брзи технолошки промени.

Катерина Јакимовска, виш проектен офицер од Wilfried Martens Centre for European Studies, нагласи дека поддршката на вакви иницијативи е дел од пошироката европска заложба за унапредување на медиумската отпорност и усогласување со најдобрите практики, при што довербата се гради преку транспарентни процеси и јасни стандарди.

Даниел Браун, претставник на Konrad-Adenauer-Stiftung (KAS), посочи дека инвестирањето во знаење и практични вештини за новинарите претставува вложување во квалитетни и одговорни медиуми и е клучно за заштита на јавниот интерес во дигиталната ера.

Настанот беше организиран од ЗНМ со поддршка на Wilfried Martens Centre for European Studies и Konrad-Adenauer-Stiftung и беше отворен за новинари, уредници и медиумски експерти заинтересирани за унапредување на своите вештини за работа со ВИ и за воспоставување стандарди што ќе ги заштитат професионалните новинарски практики.

Фото: ЗНМ

Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на Здружение на новинари на Македонија (ЗНМ)

Продолжи со читање

  • Национален младински форум „Тука сме за да останеме!“: Време е младите да добијат реална моќ во одлучувањето

    Денес се одржа Националниот младински форум „Тука сме за да останеме!“, кој создаде простор за директен дијалог меѓу млади луѓе од целата држава и претставници […]

  • ЈАВЕН ПОВИК ЗА АНГАЖИРАЊЕ НА ЕКСПЕРТ/ТИМ ЗА ГРАФИЧКИ ДИЗАЈН И МУЛТИМЕДИЈАЛНА ПРОДУКЦИЈА

    Центарот за правни истражувања и анализи (ЦПИА) објавува јавен повик за ангажирање експерт или тим за подготовка на визуелни и мултимедијални содржини во рамки на кампања за животна средина, јавна партиципација и пристап до правда. Ангажманот опфаќа развој на креативен концепт и подготовка на најмалку 10 содржини за социјални медиуми, вклучително инфографици, кратки анимации и […]

  • Како да се слушне гласот на граѓаните? РЕСИС организираше работилница и дебата во Велес

    Како граѓанските барања и проблеми да бидат повидливи и слушнати од локалната власт? Токму ова прашање беше во срцето на работилницата и јавната дебата што Институтот РЕСИС ја одржа во Велес со граѓани и со претставници на општините од Вардарскиот Регион.

  • Етичка рамка за колумни

    Колумната, како уникатен новинарски жанр, ги надминува традиционалните правила на новинарството и во медиумската теорија се смета за една од најслободните и „најживи“ форми, во која доминираат авторскиот став и интерпретацијата. За разлика од класичниот коментар или уредничкиот текст, колумната често остава простор за личен тон, анегдота, полемика, намерна провокација или потсмев. Во неа не […]

  • Изборите се ранлив момент кога граѓаните се изложени на манипулации и надворешни влијанија

    На 19 мај, во Скопје, Фондацијата Метаморфозис во соработка со International IDEA го организираше настанот „Зајакнување на отпорноста кон изборни манипулации со информации“, посветен на справувањето со странското мешање и манипулациите со информации (ФИМИ), дезинформациите и заканите по изборниот интегритет. Настанот се реализираше во рамки на проектот „Справување со изборно поврзани манипулации со информации и […]

  • Дојди на донаторски кружок

    Почитувани, Седмиот донаторски кружок на Конект ќе се одржи на 04.06.2026 г. во просториите на Македонски Телеком (Кеј 13-ти Ноември“ бр. 6, Скопје) со почеток од 19 часот. Приемот на гостите започнува во 18.30 часот.

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор