[Aggregator] Downloaded image for imported item #45039

Промоција на прирачникот “Ориентација во природа“ од м-р Ангелче Гушев

Извидничкиот одред “Димитар Влахов“ од Велес остварувајќи ја својата програма за работа за 2026 година, а во рамките на прославата по повод светскиот ден на извидниците 22 февруари, организираче промоцијата на прирачникот “Ориентација во природа“ од м-р Ангелче Гушев. Промоцијата  се одржа на 25.2.2026 год. (среда) во  медиотеката при локалната библиотека “Гоце Делчев“ во Велес. Ова беше последната планира активност од програмата по повод прославата на светскиот ден на извидниците – три еколошки активности за заедница Направи добро дело, крводарителска акција. На промоцијата учество земаа повеќе од педесет ученици од основните училишта од Велес, престставници од ИПО “Сидро“ – Скопје, ИО “ММ-Брицо“ – Скопје, ИО “Еквинокс“ – Штип, Првиот скопски извиднички одред, ИО “Браќа Миладиновци“ – Скопје, ИО “Мирко Милевски“ – Кичево и претсставници на Сојузот на извидници на Македонија, општествено одговорни компании од Велес, претставници на локалната библиотека “Гоце Делчев“ од Велес и претставници на локалниот клуб на писатели.

Градскиот извиднички одред “Димитар Влахов“ кои на територијата на општина Велес постои седум и пол децении остварувајќи ја својата програма за работа во сите изминати години секогаш посветуваше внимание на Ориентацијата во природа како примарна извидничка дејност и дисциплина. Кадрите на одредот беа секогаш препознаени по квалитетната ориентација во природа која ја практикувавме на голем број одредски натпревари, РИОН, ДИОН, РАПИ. Со овој прирачник даваме. На промоцијата се обрати рецензентот на прирачникот Бојан Миклош кој го напомена следното:

Ние извидниците често сакаме да кажеме дека извидничкото движење е училиште за животни вештини, затоа што навистина тоа сме го почувствувале. Неформалното образование кое го стекнуваме под плаштот на извидничкиот метод, научените лекции од извидничките средби и стекнатите социјални, морлани и други животни вештини, ги прават извидниците доблесни личности кои во иднина ќе го претставуваат темелот на општеството во кое живеат. Убавината на извидништвото е токму во нефомралноста, што обезбедува работите да бидат правени од чиста кауза, љубов и идеја за и кон извидништвото. Така, извидниците научиле дека иницијативноста е одлика која треба да го краси секој извидник и доблесен граѓанин. Дека способноста да се забележи дека нешто недостига, да се задвижи позитивна промена и да се најде начин да го надмине забележаниот недостаток, така што сите ќе ги уживаат бенефитите од личната иницијативност, е исклучителна важна способност и карактеристика за извидникот. Пишувањето на прирачникот „Ориентација во природа“ од страна на Ангелче , е одличен пример за иницијативноста за која зборуваме. Впрочем, тој уште во воведните страници го нагласува историскиот предизвик со недостигот на соодветна литература, кој довел овие вештини постепено да исчезнуваат од извидничката пракса.

Овој мотив, како и фактот што авторот избрал да ги кондензира стручните и искуствените сознанија од областа на традиционалната ориентацијта и топографијата, претставува особено значаен концепт, особено, во време кога животните вештини поврзани со преживувањето отапуваат или паѓаат во сенка од дигитализацијата и технолошките напредоци. Овој прирачник овозможува враќање кон основите и потсетување на основните вештини за ориентација во природа и работа со карта и на карта, нешто што имаме тенденција да го забораваме или по линија на помал отпор да рационализираме дека не е повеќе важно. Овој прирачник обезбедува суштина, основа, траење, влијание и безвременост.

Извидништвото отсекогаш било повеќе од збир на воннаставни активности, и поблиску како филозофија на воспитување на младите. Извидничките закони како што се “извидникот е оптимист добар другар, постојано учи и ги применува своите знаења, ја цени природата“ може да се каже дека се отелотворени токму преку вештините како ориентацијата и движењето во природата. Имено, преку нив младите не учат само како да стигнат од едно место на друго, туку развиваат самостојност, самодоверба, логичко размислување, просторна интелигенција, дисциплина, и најважно, тимска работа во контекст на извидништвото. Земајќи го ова предвид, прирачникот го материјализира суштинското живеење на извидничкиот дух преку изучувањето на топографијата и ориентацијата.

Прирачникот како основа, е исклучително корисен за извидници кои имаат малку или воопшто немаат предзнаења во тематиката, за да започнат да се обучуваат во оритенација и топографија. Структурата на прирачникот е јасна, содржината систематска, а објаснувањата го застапуваат принципот на систематичност и постапност. Ова го прави прирачникот одлично средство за обука на нови генерации извидници, но, и за доусовршување на искусни членови на извидничките  одреди.

Континуитетот и траењето, авторот го обезбедуваат преку тоа што создава наставно средство кое ќе остане во ризницата на извидничка литература, која пак ќе им помогне да ги искористат научените лекции од искуствата на постарите извидници за да се подготват за државните извиднички ориентациони натпревари и за Средбите на извидници на кои оваа тематика се става на вистински тест. Авторот потсетуваат дека овие натпревари се дел од седумдесет и пет години традиција на извидништвото во Велес и Македонија — па токму затоа нивното ревитализирање преку ваква литература е од огромно значење за зачувување на богатата извидничка култура.

Ако се разгледува поширокото влијание кое го има прирачникот на општеството, може да се нотира дека тој директно влијае на културата и колективната меморија. Ваквите изданија имаат потенцијал да градат генерации на извидници и граѓани кои не се плашат од предизвиците на животот во природа, кои знаат да размислуваат критички, го разбираат просторот, картата и светот околу себе. Сигурноста која доаѓа од овие животни вештини ја надминуваат рамката на извидништвото и стануваат дел од општата култура.

Аспектот на безвременост може да се согледа како порака која индиректно произлегува од писанието, дека напредокот на модерната технологија е ограничен на капацитетот на напојувањето кое таа го носи, правејќи ги традиционалните вештини на ориентација незаменливи и безвременски. Денес секој носи GPS-уред во џебот, правејќи го зависен од технологијата и давајќи му привидна сигурност, која трае до празнењето на батеријата. Во ваков контекст, каде овие вештини се на залезот и можат да потонат во заборав, „Прирачникот за Ориентација во природа“ обезбедува безвременско зачувување знаењето и вештините за генерациите кои доаѓаат во иднина.

„Ориентација во природа“ е повеќе од прирачник — тоа е мост меѓу генерациите, меѓу традицијата и современоста, меѓу искуството и наследството, меѓу човекот и природата. Со тоа, заслужува место во секоја извидничка библиотека и во секој извиднички ранец. Како автор на прирачникот се обрати и м-р Агелче Гушев кој истакна дека треба да се посвети повеќе на Ориентацијата во природа како основна извидничка дисциплина, а овој прирачник е добро четиво кое ке ја осовремени Ориентацијата во природа.

На промоцијата на овој прирачник беше претставен и ликот и делото на основачот на светкиот скаутизам Лордот Роберт Баден Пауел. За животното дело на Баден Пауел присутните ги запозна началникот на одред Иван Гушев кој воедно додели и Благодарница на извиднички одред “Димитар Влахов” за успешна соработка, поддршка и помош во развојот и унапредувањето на одредот и тоа на следните институции и поединци:

1.Градоначалник на Општина Велес, г-дин Марко Колев

2.Општина Велес

3.Градоначалник на Општина Чашка, г-дин Суад Шакири

4.Општина Чашка

5.Сојуз на извидници на Македонија

6.Фито Бест Груп – Струмица

7.Џуниор парк – Велес

8.Ресторан Снупи

9.Месна заедница Голозинци

The post Промоција на прирачникот “Ориентација во природа“ од м-р Ангелче Гушев appeared first on Scout Veles.

Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на Извиднички одред “Димитар Влахов“ - Велес

Продолжи со читање

  • Јавен надзор над јавните набавки: неправилности и отстапувања во три големи јавни набавки

    СООПШТЕНИЕ ЗА МЕДИУМИ Денес, 19 март 2026 година, Центарот за граѓански комуникации го објави истражувањето Јавен надзор над јавните набавки: Студии на случај (издание бр.1). Издвојуваме дел од клучните наоди: 1. Тендер за корисниците на народни кујни во Скопје: За 1,5 милиони евра, храната се дели на улица и не секогаш според договореното Договорот за јавна набавка на готови оброци за корисниците на народни кујни во вредност од 1,5 милион евра не се спроведува во…

  • Превенција што дава резултати: објавени националните стандарди за превенција од употреба на дроги

    ХОПС – Опции за здрав живот Скопје го објави документот „Национални стандарди за превенција од употреба на дроги“, развиен во рамките на проектот за воспоставување национален систем за превенција во средните училишта, со поддршка од Европската Унија. Овие стандарди претставуваат сеопфатна рамка за планирање, спроведување, следење и проценка на превентивните активности на национално и локално […]
    The post Превенција што дава резултати: објавени националните стандарди за превенција од употреба на дроги appeared first on ХОПС.

  • Легалната миграција и правата на странците во фокус на втората тематска дискусија

    На 10 март 2026 година, во хотел Холидеј Ин во Скопје, се одржа настанот „Легална миграција и правата на странците: состојби и предизвици“, како продолжение на дискусијата одржана на 16 декември 2025 година. Настанот беше организиран од Македонското здружение на млади правници (МЗМП), во рамките […]
    The post Легалната миграција и правата на странците во фокус на втората тематска дискусија appeared first on Myla.

  • Благодарница за организација и постигнати резултати во крводарителството и покажана хуманост и солидарност

    На 17.3.2026 год. (вторник), по повод 17 март – Ден на крводарителството во конференциската сала во хотел Интернационал во организација на Црвениот крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Велес се организираше Свечен настан за доделување на јубилејни признанија за крводарителството. Во рамките на овој настан беше доделена Благодарница…

  • Метаморфозис објави истражување за ефектите од дезинформациите и странските влијанија врз демократските процеси

    Фондацијата „Метаморфозис“ го објави истражувањето „Ефектот на дезинформациите и странските влијанија врз демократските процеси во Северна Македонија во 2025 година“, кое анализира како дезинформациите и пропагандните наративи влијаат врз јавната дебата, довербата во институциите и учеството на граѓаните во демократските процеси. Истражувањето комбинира анализа на дезинформациски наративи и анкета на репрезентативен национален примерок, со што […]

  • Како да се сопре падот на критичкото размислување?

    Критичкото размислување е основа на демократските општества, но и на научното истражување и на интелектуалната слобода и независност. Во рамките на една функционална демократија критичкото размислување им помага на граѓаните да ги оневозможуваат злоупотребите на власта и да им се спротивстават на манипулациите. Тоа е и вештина што филозофите, од Сократ до Џон Стјуарт Мил, […]

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор