Процена на влијанието на Стратегијата за сексуално и репродуктивно здравје 2010–2020
Коалицијата Сексуални и здравствени права на маргинализирани заедници на 26 април ги презентираше наодите од процената на влијанието на Стратегијата за сексуално и репродуктивно здравје 2010–2020 година која беше донесена од Владата на Република Македонија во 2011 година.
„Според индикаторите, имаме пораст на сексуално преносливите инфекции, загрижувачки висока стапка на перинатална смртност и немаме пристап до орална контрацепција. Исто така, нивото на информираност кај младите е многу ниско кога станува збор за сексуалното и репродуктивно здравје. Поради омразата и хомофобија што постојат, целните групи се сè поисплашени да пристапат за да побараат помош.“- изјави Драшко Костовски од Х.Е.Р.А.

Здруженијата на маргинализираните заедници бараат примена на Стратегија и обвинуваат дека државата досега нема превземено конкретни активности кои ќе го унапредат сексуалното и репродуктивно здравје и права.
Препораките од невладините организации за надминување на овој проблем вклучуваат воведување сеопфатно сексуално образование; обезбедување основни услуги од примарната здравствена заштита, особено гинеколошки услуги низ целата земја; унапредување на пристапот до контрацептивни средства; заштита на човековите права на маргинализираните заедници и измена на законот за прекинување на бременоста од 2013 година.
Коалицијата Сексуални и здравствени права на маргинализирани заедници е корисник на институционален грант на Цивика мобилитас. За повеќе информации, погледнете го нивниот профил.



![[Aggregator] Downloaded image for imported item #50854](https://civicamobilitas.mk/wp-content/uploads/2026/09/805116099_1781765449632825_2322957291490682722_n-768x1152.jpg)

![[Aggregator] Downloaded image for imported item #50718](https://civicamobilitas.mk/wp-content/uploads/2026/09/GI-ESCR-768x258.jpg)
![[Aggregator] Downloaded image for imported item #50748](https://civicamobilitas.mk/wp-content/uploads/2026/09/Tekstilijada10_A2PosterPrint-768x1086-1.jpg)
