Обука за компании „Бизнис сектор во зелена транзиција“
На 11 декември 2025 година, во хотел „Панорамика дизајн и спа“ – Скопје, се одржа обуката за компании „Бизнис сектор во зелена транзиција“, организирана во рамки на проектот „Еко дијалог кон ЕУ: Поттикнување на еколошки промени преку инклузивно застапување на политики“, кофинансиран од Европската Унија. Целта на обуката е претставниците од бизнис секторот да се стекнат со применливо знаење за принципите на зелена транзиција, циркуларна економија и одржлив развој.
👥 На обуката учествуваа 14 претставници од 8 компании, кои преку интерактивни сесии и практична работа дискутираа за улогата на бизнис секторот во процесот на зелена транзиција и одржлив развој.
Обуката ја водеше г-а Фросина Антоновска Јоскоска, експертка за животна средина со долгогодишно искуство во областа, која ги воведе учесниците во основите на зелената транзиција и клучните европски и национални политики:
- Концепт на одржлив развој: од Стокхолм до Рио и Целите за одржлив развој (SDGs)
- Европскиот Зелен договор и Зелената агенда за Западен Балкан
- Принципи на циркуларна економија и национална легислатива за управување со отпад
- ESG (Environmental, Social and Governance) стандарди: рамка, отчетност, регулаторни трендови и најдобри практики
Преку интерактивна работа во групи, учесниците имаа можност да разработат практични чекори за имплементација на регулативите, да споделат искуства и да се запознаат со примери од локални и европски компании.
Во рамки на обуката се промовираше и студијата „Климатска акција и заштита на природата – студија на добри практики од локален бизнис сектор“, изработена во рамки на проектот „Еко дијалог кон ЕУ: Поттикнување на еколошки промени преку инклузивно застапување на политики“. Публикацијата содржи 11 позитивни бизнис практики од успешни компании во земјава и придонесува за промоција на добри и репликативни бизнис модели, едукација и подигнување на капацитетите во бизнис заедницата, јавна видливост и препознавање на позитивни примери, како и кон поддршка на застапувањето за подобрување на политиките за зелена и одржлива економија во земјава. Споделените практики во студијата потврдија дека бизнисите се лидери во зелени и климатски акции. Благодарение на проектот и презентацијата на студијата, успеавме да конектираме две компании кои изразија подготвеност за понатамошна соработка испирирани од презентираните добри практики во студијата на добри практики од локален бизнис сектор.
Обуката беше одлична можност и за поширока промоција на информативната кампања „Еко еволуција: Од отпад до иднина“, пред претставниците на бизнис секторот со цел да се поттикне комуникација, видливост и активно учество на бизнисите во истата. Беа мапирани конкретни предлози за вклучување на бизнсите во кампањата во наредните фази од истата.
Обуката за компании „Бизнис сектор во зелена транзиција“ се спроведе во рамки на проектот „Еко дијалог кон ЕУ: Поттикнување на еколошки промени преку инклузивно застапување на политики“ е кофинансиран од Европската Унија и имплементиран од Фондацијата за развој на локалната заедница – Штип (ФРЛЗ) во партнерство со здружението „Конект“и здружение „АГОРА Центар за промовирање на граѓански вредности“ Скопје.

Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на КОНЕКТ


![[Aggregator] Downloaded image for imported item #43558](https://civicamobilitas.mk/wp-content/uploads/2025/12/img_5763-1024x768-1.jpeg)
![[Aggregator] Downloaded image for imported item #44301](https://civicamobilitas.mk/wp-content/uploads/2026/02/raf1-1018x1024-1-768x773.jpg)
![[Aggregator] Downloaded image for imported item #44384](https://civicamobilitas.mk/wp-content/uploads/2026/02/mk-grc-mala.png)
![[Aggregator] Downloaded image for imported item #44127](https://civicamobilitas.mk/wp-content/uploads/2026/02/630311151_895856849832384_2455287352878253917_n.jpg)
![[aggregator] downloaded image for imported item #40356](https://civicamobilitas.mk/wp-content/uploads/2025/09/web-page-cover-scaled-1-768x337.webp)
