[Aggregator] Downloaded image for imported item #43103

Граѓанскиот ресурсен центар во 2025

Зад нас е година исполнета со соработка, ангажман и заедничко дејствување, во која граѓанските организации беа во фокусот на активностите на Граѓанскиот ресурсен центар, редовно споделувајќи информации, јакнејќи ги нивните капацитети и поддржувајќи процеси релевантни за развојот на граѓанското општество. Во изминатата година, Граѓанскиот ресурсен центар постигна значајни резултати преку бројни активности спроведени за и со граѓанските организации.

Поттикнувавме граѓански активизам и учество преку 13 информативни настани, консултативни средби и дебати на различни теми релевантни за развојот на граѓанското општество, со вкупно 384 учесници. Овие активности обезбедија простор за дијалог, размена на мислења и консултации меѓу граѓанските организации, државните институции и другите засегнати страни. Го поддржавме консултативниот процес за новата Стратегија на Владата за соработка со и развој на граѓанското општество 2025-2028 и придонесовме кон подобра информираност на организациите за изборот на членови на Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество.

Продолживме со поддршка на локалните организации преку шест посети на Мобилниот ресурсен центар во КрушевоВаландовоДемир КапијаБитолаЈегуновце и Кочани, со учество на 82 претставници на локални организации, активнисти и други чинители. Преку овие посети беше обезбедена директна теренска поддршка и размена на информации и искуства со организациите, со што се придонесе кон јакнење на капацитетите и подобрување на пристапот до ресурси на локално ниво.

Ги зајакнувавме капацитетите на граѓанските организации преку шест обуки од важни организациски области како волонтерстводигитална трансформацијаадминистративно работење, собирање податоци со користење на алатката KoboToolboxдигитални социјални иновации и мониторинг, евалуација и учење на организациско ниво, со вкупно 165 учесници. Дополнително, беа спроведени 64 менторски сесии на теми како што се дигитализација, ЕРАЗМУС+, волонтерство, организациски развој, добро управување, транспарентност и отчетност, со што се обезбеди насочена и прилагодена поддршка согласно конкретните потреби на организациите.

Доделивме 11 грантови за поддршка на локалните избори 2025, со цел јакнење на организациите во нивното активно учество и ангажираност за инклузивни, транспарентни и отчетни локални избори. Во 2025 година, 28 локални организации ги спроведуваа акциските грантови за локални иницијативи за справување со различните локални предизвици на нивнте целни групи.

Подготвивме две анализи – „Огледало на Владата, Годишен извештај од следењето на ЕНЕР во 2024“ и „Спроведување на Стратегијата на Владата за соработка со и развој на граѓанското општество 2022-2024“ – како и 12 месечни прегледи од следењето на ЕНЕР, 35 неделни известувања за предлог-закони објавени на ЕНЕР и 12 месечни прегледи на можности за финансирање на граѓанските организации. Овие активности овозможија навремен пристап до информации и поддршка на организациите во нивното учество во процесите на креирање политики засновано на докази.

Во 2025 година, Граѓанскиот ресурсен центар продолжи со развој и промоција на дигитални алатки за самооценка на граѓанските организации. Беше изготвена нова онлајн алатка за самооценка на транспарентноста, отчетноста и доброто управување – „Огледало на граѓанските организации“, додека постоечката онлајн алатка за самооценка на организациските капацитети до сега е пополнета од вкупно 318 организации, обезбедувајќи вредни сознанија за потребите за организациски развој.

Обезбедувавме редовна поддршка преку совети и консултацииза повеќе од 350 организации и граѓани во 2025. Оваа поддршка е надополнета со платформата за поддршка на локалните организации преку ресурсните центри во Скопскиот, Полошкиот и Источниот регион, како и регионалните експерти од граѓанското општество за Пелагонискиот и Југозападниот плански регион, овозможувајќи достапна и прилагодена поддршка на локално ниво.

Редовно ги информиравме граѓанските организации преку листата за дистрибуција со 9.536 е-маил адреси, преку која во 2025 година беа споделени над 250 релевантни информации. Дистрибуираните информации опфатија можности за финансирање, настани и други содржини значајни за работата и развојот на граѓанските организации.

Обезбедивме простор во Скопје, Гостивар и Штип за спроведување на активности на граѓанските организации, при што во текот на годината беа организирани вкупно 167 настани од страна на други организации во Граѓанскиот ресурсен центар Скопје и над 200 настани во ресурсните центри во Гостивар и Штип. Со овозможување на овој простор, Граѓанскиот ресурсен центар им даде поддршка на организациите за навремена и ефикасна реализација на нивните активности и иницијативи. Платформата ЗООМ е користена од организациите за повеќе од 50 онлајн настани.  

Во 2025 година, Граѓанскиот ресурсен центар дополнително ги унапреди дигиталните алатки за поддршка на граѓанските организации. Во рамки на Онлајн академијата за граѓанските организации беше снимена и објавена една нова тема, фокусирана на мониторинг, евалуација и учење на организациско ниво. Дополнително, онлајн инструментот за следење и промоција на иницијативи за застапување на граѓанските организации беше ажуриран со шест иницијативи за застапување.

Во 2025 година, Граѓанскиот ресурсен центар го зајакна своето онлајн присуство преку веб-страницата, е-маил комуникацијата и социјалните медиуми. Веб-страницата оствари 79.395 прегледи во рамки на 49.432 посети од над 25.000 корисници, при што најпосетени содржини останаа прегледите на можности за финансирање и повиците за грантови. Комуникацијата преку мејлинг листата и Facebook, дополнително придонесе кон зголемена видливост и ангажман на граѓанските организации. Во 2025 година, на веб-страницата беа објавени 43 вести, додека на Facebook профилот беа објавени 190 објави, преку кои Граѓанскиот ресурсен центар комуницираше со 4.013 следбеници.

Ви благодариме за континуираната соработка и посветеноста во јакнењето на граѓанското општество.

Во 2026 година, ќе продолжиме да ве поддржуваме со ресурси, знаења и алатки кои придонесуваат кон одржливо, отпорно и влијателно граѓанско општество.

Ви посакуваме успешна и инспиративна 2026 година!

Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на Македонски центар за меѓународна соработка

Продолжи со читање

  • Национален младински форум „Тука сме за да останеме!“: Време е младите да добијат реална моќ во одлучувањето

    Денес се одржа Националниот младински форум „Тука сме за да останеме!“, кој создаде простор за директен дијалог меѓу млади луѓе од целата држава и претставници […]

  • ЈАВЕН ПОВИК ЗА АНГАЖИРАЊЕ НА ЕКСПЕРТ/ТИМ ЗА ГРАФИЧКИ ДИЗАЈН И МУЛТИМЕДИЈАЛНА ПРОДУКЦИЈА

    Центарот за правни истражувања и анализи (ЦПИА) објавува јавен повик за ангажирање експерт или тим за подготовка на визуелни и мултимедијални содржини во рамки на кампања за животна средина, јавна партиципација и пристап до правда. Ангажманот опфаќа развој на креативен концепт и подготовка на најмалку 10 содржини за социјални медиуми, вклучително инфографици, кратки анимации и […]

  • Како да се слушне гласот на граѓаните? РЕСИС организираше работилница и дебата во Велес

    Како граѓанските барања и проблеми да бидат повидливи и слушнати од локалната власт? Токму ова прашање беше во срцето на работилницата и јавната дебата што Институтот РЕСИС ја одржа во Велес со граѓани и со претставници на општините од Вардарскиот Регион.

  • Етичка рамка за колумни

    Колумната, како уникатен новинарски жанр, ги надминува традиционалните правила на новинарството и во медиумската теорија се смета за една од најслободните и „најживи“ форми, во која доминираат авторскиот став и интерпретацијата. За разлика од класичниот коментар или уредничкиот текст, колумната често остава простор за личен тон, анегдота, полемика, намерна провокација или потсмев. Во неа не […]

  • Изборите се ранлив момент кога граѓаните се изложени на манипулации и надворешни влијанија

    На 19 мај, во Скопје, Фондацијата Метаморфозис во соработка со International IDEA го организираше настанот „Зајакнување на отпорноста кон изборни манипулации со информации“, посветен на справувањето со странското мешање и манипулациите со информации (ФИМИ), дезинформациите и заканите по изборниот интегритет. Настанот се реализираше во рамки на проектот „Справување со изборно поврзани манипулации со информации и […]

  • Дојди на донаторски кружок

    Почитувани, Седмиот донаторски кружок на Конект ќе се одржи на 04.06.2026 г. во просториите на Македонски Телеком (Кеј 13-ти Ноември“ бр. 6, Скопје) со почеток од 19 часот. Приемот на гостите започнува во 18.30 часот.

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор