ЕЛМЕДИНА АБДУЛАХИ: ЖЕНИТЕ И МЛАДИТЕ – ГЛЕДАЧИ ВО ЛОКАЛНОТО ОДЛУЧУВАЊЕ

И покрај законските квоти и формалните обврски, застапеноста на жените, младите и помалите етнички заедници во локалната власт сè уште не успева да се претвори во реално влијание. Активистката Елмедина Абдулахи, во интервју за БИРС, предупредува дека овој формален пристап ризикува да ја претвори локалната демократија во затворен и ексклузивен процес. Според неа, енергијата на младите, перспективата на жените и гласот на малцинствата можат да бидат столбови на локалниот развој, но само ако општините преминат од симболична застапеност кон суштинско и инклузивно учество.

БИРС: Како ја гледате состојбата со застапеноста на жените, младите и помалите етнички заедници (Турци, Роми, Срби…) во процесот на одлучување во локалната власт?

ЕЛМЕДИНА АБДУЛАХИ: Состојбата со застапеноста на жените, младите и помалите етнички заедници во процесот на одлучување во локалната власт продолжува да останува недоволна. Иако законот предвидува обврска за еднакво вклучување на сите групи, а учеството на жените е регулирано и со задолжителни квоти според Изборниот законик, нивното вклучување често се реализира само за исполнување на минималниот формален услов, без реална улога, еднакво влијание или простор за активно придонесување во креирањето политики.
Ова создава повеќе симболична отколку суштинска застапеност, оставајќи ги овие групи надвор од одлучувањето и ограничувајќи ги нивните можности да влијаат врз развојот на заедницата. Според податоците од мониторинзите во 2024 година, околу 40% од општините имаат формирано локални младински совети, но многу од нив остануваат неактивни. Слична ситуација се забележува и кај застапеноста на жените и помалите етнички заедници, каде квотите често се почитуваат само формално, без создавање простор за вистинско учество и влијателно одлучување.

БИРС: Колку мислите дека младите, жените и претставниците на помалите етнички заедници се мотивирани да учествуваат во овој процес?

ЕЛМЕДИНА АБДУЛАХИ: Постојат млади, жени и претставници на помалите етнички заедници кои се мотивирани да учествуваат во процесот на одлучување и некои сè уште ја задржуваат надежта за промена, иако често се разочарани од актуелната политичка состојба. За жал, оние со добра волја често немаат реален пристап, додека оние што размислуваат поинаку или се обидуваат да ја оспорат статус квото се исклучени или маргинализирани, за да не го попречат функционирањето на постојната рамка, која често е доминирана од машко профилирано раководство.

БИРС: Како може да се подигне свеста кај актерите во локалната власт и да се сензибилизира јавноста за потребата од вклучување на овие категории во одлучувањето?

ЕЛМЕДИНА АБДУЛАХИ: Најпрво, раководството на општините треба да ги прифати критиките и предлозите што доаѓаат од заедницата. Важно е да се направи разлика меѓу конструктивна критика и клевета, бидејќи не секоја критика е злонамерна. Напротив, ако се земе предвид гласот на пошироката заедница, може да се најдат посоодветни и поинклузивни решенија за сите граѓани. Ова е можно само кога лицата на одлучувачки позиции дејствуваат во служба на заедницата, а не во тесен интерес на одредена група.
Клучна улога во овој процес имаат граѓанското општество и невладините организации, кои можат да служат како мост меѓу граѓаните и локалните институции. Исто така, транспарентноста и отчетноста на локалната власт остануваат суштински: преку објавување податоци за нивото на застапеност и постигнатите резултати, граѓаните можат да го следат исполнувањето на законските обврски и да бараат отчетност од институциите. Ако впечатокот и резултатите се позитивни, тие можат да бидат охрабрени да станат дел од процесот на одлучување.

БИРС: Дали медиумите обезбедуваат соодветен простор за кандидатите или избраните од овие општествени категории?
ЕЛМЕДИНА АБДУЛАХИ: Што се однесува до улогата на медиумите, од мое лично искуство можам со убеденост да кажам дека тие генерално обезбедуваат доволно простор за кандидатите или избраните од различни општествени категории. Често голем број медиуми покажале подготвеност да соработуваат и да пренесат ставови или реакции во врска со одредени појави, без двоумење. Дури имало случаи кога различни портали ги објавиле или направиле вест и од нашите индивидуални реакции на профилите на социјалните мрежи. Ова е добар механизам за дистрибуција на вестите и информациите, под услов содржината да не биде погрешно интерпретирана и извадена од контекст.

БИРС: Како го оценувате улогата на младинските совети во општините каде што тие функционираат?
ЕЛМЕДИНА АБДУЛАХИ: Иако немам внимателно следено секоја нивна активност, сепак сум убедена дека улогата на младинските совети во општините каде што функционираат е значајна, бидејќи им дава простор на младите да ги изразат своите идеи и грижи, како и да се вклучат во процесите на одлучување. Сепак, од искуство се гледа дека нивната функционалност зависи од подготвеноста на општината да ги третира како сериозни партнери и да им создаде реален простор за влијание, како и од нивото на ангажираност на самите млади во рамките на советите. Само ако овие два елементи се спојат, функционирањето на младинските совети може да биде плодно, да ја зајакне локалната демократија и да ја подигне граѓанската свест кај новите генерации, додека во отсуство на институционална поддршка или нивна активност, ризикуваат да останат формални структури (само за перење пари или исполнување на законска обврска) без реално влијание.

БИРС: Како може да се подобри застапеноста на овие категории со цел да се обезбеди што поголемо учество во овој процес?

ЕЛМЕДИНА АБДУЛАХИ: Подобра застапеност на жените, младите и помалите етнички заедници може да се постигне само ако локалните институции преминат од формален пристап кон суштинско вклучување. Тоа значи дека вклучувањето на овие категории не треба да биде само формалност за пополнување медиумски простор или за тесно партиски и изборни цели, туку да се гледа како реална вредност за развојот на заедницата. Само преку искрена ангажираност, каде нивните идеи и потреби се почитуваат и претвораат во конкретни политики, може да се обезбеди еднакво учество и инклузивно одлучување.

БИРС: Како може да се зголеми квалитетот на застапеноста на овие категории?

ЕЛМЕДИНА АБДУЛАХИ: Само ако се создадат еднакви услови, ослободени од политичко влијание, за да придонесуваат и да влијаат врз политиките, застапеноста на овие категории може да добие реална тежина и да го зголеми квалитетот на одлучувањето. Ова затоа што нивните предлози и критики произлегуваат директно од постојните потреби и проблеми и затоа го претставуваат автентичниот глас на заедницата, кој мора сериозно да се земе предвид од институциите.

Ова интервју е финансирано од Европската Унија во рамки на проектот „Гласовите на еднаквоста, демократија за сите“, спроведен од Балканскиот институт за регионална соработка – BIRC Тетово. Овој проект е субгрант добиен во рамки на „ЕУ поддршка за Граѓански ресурсен центар – фаза 2” финансиран од Европската Унија. Содржината на интервјуто е единствена одговорност на проектот  и не мора да ги одразува ставовите на Европската Унија и на Граѓанскиот ресурсен центар.

 

This post was originally published on this site

Продолжи со читање

  • МЦМС ја започна новата антикорупциска програма

    Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) го започна спроведувањето на програмата „Градење општество отпорно на корупција“, која ќе се реализира во периодот од 1 јануари 2026 до 30 јуни 2028 година со финансиска поддршка од Делегацијата на ЕУ во Северна Македонија.

  • Потврда на долгогодишното македонско-холандско пријателство

    Македонската развојна фондација за претпријатија (МРФП) и Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) на 16 јануари 2026 година беа домаќини на Н.Е. Узлем Џанел (Özlem Canel), Амбасадорка на Кралството Холандија во Република Северна Македонија и Иван Илиев, советник за економија и трговија во Амбасадата.

    „Денес беше убава прилика за освежување на долгото пријателство меѓу МРФП и Амбасадата на Кралството Холандија“, истакна Лазар Неданоски, извршен директор на МРФП.На средбата, која помина во пријатна и отворена атмосфера, директорот на МЦМС, Александар Кржаловски, потсети на почетоците на соработката со Холандија и на клучните поединци кои придонеле за развојот на организацијата. МЦМС како организација е основана во 1993 година, како потфат на домашни иницијативи поддржани од Холандската меѓуцрковна помош (ХМП) и агенциите на Светскиот совет на црквите (ССЦ). Пет години подоцна, во 1998 година, МЦМС ја основаше Македонската развојна фондација за претпријатија (МРФП), фокусирана на развој на малите претпријатија, преку пристап до финансиски услуги и промоција на претприемништво.

    Директорот на МРФП, Неданоски, даде хронолошки приказ на развојот на Фондацијата, нагласувајќи дека поддршката од Кралството Холандија била од клучно значење во првите години од нејзиното работење. Според него, таа поддршка не била важна само од финансиски аспект, туку имала значително влијание и врз организацискиот развој на МРФП, како и врз пошироката заедница мултиплицирајќи го ефектот во развојот на институциите, организациите и нивните лидери.
    Амбасадорката Џанел изрази задоволство што поддршката од Кралството Холандија резултирала со одржливи организации кои успешно работат и го пренесуваат своето искуство на други организации и институции. На средбата беше разговарано и за можностите за идна соработка.
     

  • Презентиран Индексот на политички интегритет

    На 27 ноември 2025 година во Клубот на пратеници се одржа презентацијата на првиот Индекс за политички интегритет (ИПИ) во земјата – инструмент создаден да ја измери, поттикне и промовира културата на интегритет во политичкиот и јавниот живот. Настанот беше проследен од голем број претставници на институции, медиуми, граѓански организации. Во своето…

  • Bure-Cycle: Од отпад до иновативен велосипедски паркинг

    Во светот каде ресурсите се ограничени, а отпадот се зголемува, секоја мала идеја за реупотреба има големо значење. Еко Логик со својот проект Bure-Cycle го покажува токму тоа – како старите метални буриња можат да добијат нов живот и да станат функционални, визуелно привлечни и одржливи велосипедски паркинзи за јавни простори. Иницијативата се роди од […]

  • Младите уметници го освојуваат јавниот простор: PATS – Уметност за активизам и општествени промени

    Европскиот проект „Младите уметници го освојуваат јавниот простор – PATS“ (Performance Artists Take The Streets – PATS) официјално започнува со јасна и силна мисија: да им овозможи на младите уметници нови простори, алатки и можности за креативно изразување и општествен ангажман. Уметноста како глас на промената PATS е проект финансиран преку Erasmus+ програмата на Европската […]

  • Високите цени ја истиснаа корупцијата од првото место, но таа и понатаму е меѓу најголемите општествени предизвици

    За разлика од 2021 и 2023 година, кога корупцијата беше препознаена како најголем општествен проблем, во 2025 година граѓаните на прво место ги издвојуваат високите цени (46,6%), додека корупцијата е веднаш зад нив (40,1%). Ова укажува дека инфлацијата, растечките трошоци за живот и намалената куповна моќ ја зголемуваат економската несигурност, но и дека корупцијата останува еден од клучните општествени предизвици.

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор