1aaaa

Што претставува био-отпадот и зошто е важно да го селектираме?

Во нашето секојдневие често не размислуваме каде завршуваат органските остатоци од храната, земјоделските производи или отпадот од градините и парковите. Но токму овој вид отпад — познат како био-отпад претставува значителен дел од вкупниот комунален отпад што се создава во домаќинствата, установите, угостителските објекти, градините и пазарите на земјоделски производи. Станува збор за органски отпад, како што се остатоци од храна, расипано овошје и зеленчук, талог од кафе, хартиени салфетки со остатоци од храна, треви, лисја, гранки и градинарски отпад кој се распаѓа по природен пат. Во Северна Македонија, био-отпадот сочинува до 40-50% од вкупниот отпад што завршува на депониите, што укажува на неговата нагласена присутност.

За жал, овој тип отпад најчесто се третира како обичен комунален отпад, без никаква селекција, и завршува на несоодветни депонии каде што создава значителни штетни емисии и придонесува за климатските промени. Имено, неправилното складирање и третирање на био-отпадот доведува до создавање на метан –стакленички гас кој има значителен удел во глобалното затоплување. Дополнително, био-отпадот што се разградува неконтролирано на отворено емитува непријатни миризби и привлекува штетници, што претставува ризик за јавното здравје и квалитетот на животната средина. Затоа, неопходно е да се воспостават функционални системи за негово одделно собирање и селекција, почнувајќи од самите граѓани и нивните домаќинства. Одвојувањето на био-отпадот е првиот чекор кон воспоставување на циркуларна економија во која отпадот се третира како ресурс.Селектираниот био-отпад може да се искористи за производство на компост – природно органско ѓубриво со висока хранлива вредност за почвата, или пак да се пренамени во биогас кој се користи како обновлив извор на енергија. На тој начин, од материјал што инаку би завршил на депонија, се добиваат производи со висока економска и еколошка вредност. Воедно, со развивање на системи за управување со био-отпадот се отвораат можности за нови зелени работни места, особено во секторите на социјалното претприемништво, земјоделството и енергетиката.

Клучен предуслов за успешно управување со био-отпадот е подигнувањето на јавната свест и информираноста кај граѓаните. Во таа смисла,  потребно е да се разбере дека био-отпадот не е безвреден, туку напротив – претставува важен ресурс кој ако соодветно е искористен може да ја намали потребата од хемиски ѓубрива, да ја подобри почвената структура и да го намали притисокот врз депониите. Во време кога климатските предизвици се сѐ понагласени, а урбаните средини се соочуваат со зголемен обем на отпад, управувањето со био-отпадот станува не само еколошка обврска, туку и прашање на одржлив развој и општествена одговорност. Затоа, важно е оваа тема да биде поставена високо на агендата на локалните власти, институциите и граѓанските организации, а секој граѓанин да стане активен дел од решението.

Оваа статија  е подготвена во рамките на Проектот „Граѓански активизам за остварување на циркуларна економија во управувањето со органски отпад“спроведуван од Центар за ресурси во животна средина (РЕЦ) – Северна Македонија,  Еко Логик и Флорозон – Центар за еколошка демократија и е поддржано од Владата на Швајцарија преку Цивика мобилитас

Содржината на оваа статија е единствена одговорност на Центар за ресурси во животна средина (РЕЦ) – Северна Македонија, Еко Логик и Флорозон – Центар за еколошка демократија  и на ниту еден начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на владата на Швајцарија, Цивика мобилитас, или организациите што ја спроведуваат.

Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на Здружение Центар за ресурси во животната средина (РЕЦ)

Продолжи со читање

  • Членовите на Советот на МЦМС ја истакнаа клучната улога на МЦМС во граѓанскиот сектор

    Советот на Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) на 28 април 2026 година одржа редовна седница, на која беше разгледан и усвоен Годишниот извештај на организацијата за 2025 година, наративен и финансиски, заедно со Извештајот од независниот ревизор.

  • МЛАДИНСКА ШКОЛА ЗА РОДОВА ЕДНАКВОСТ И ЛОКАЛЕН АКТИВИЗАМ

    Млади гласови, конкретни чекори: 21–24 април 2026, СкопјеУчесници од: Скопје · Штип · Битола · Струга · Крива Паланка · Центар Жупа Школата за родова еднаквост и локален активизам обедини седум млади луѓе од шест различни општини, со различни искуства и позадини, но со заедничка […]
    The post МЛАДИНСКА ШКОЛА ЗА РОДОВА ЕДНАКВОСТ И ЛОКАЛЕН АКТИВИЗАМ appeared first on Myla.

  • Европски зелен договор и Зелена агенда за Западен Балкан

    Како Европскиот зелен договор влијае врз нашата иднина? Што значи Зелената агенда за Западен Балкан за младите, бизнисите и заедниците? На настанот кој се одржа во соработка со СОУ Гимназија „Добри Даскалов“ – Кавадарци присуствуваа многу млади лица, претставници од општините, училиштата и институциите. Заедно имавме можност да дискутираме и да научиме нешто повеќе за Европскиот зелен договор и Зелената агенда за Западен Балкан. Без суштински реформи, јасна визија и политичка волја, Европскиот зелен договор за нас останува повеќе декларативна цел отколку реално достижен пат. Додека сè уште се бориме со основни системски слабости, зборуваме за Европскиот зелен договор како да сме подготвени за иднината, а не сме ги решиле проблемите на сегашноста. Зелената транзиција бара институции, инвестиции и одговорност – три столба што кај нас сè уште не се доволно цврсти за исполнување на европските стандарди. Зелена иднина започнува денес! Да бидеме дел од решението – не од проблемот. Фотографии:

  • Брифинг за медиуми: Македонија каска во превенцијата на рак на грло на матка

    На 28.04.2026 година ЕСЕ одржа брифинг за медиуми на кој беа презентирани наодите од мониторингот на спроведувањето на Програмата за скрининг на рак на грлото на матката. Анализата покажува дека Македонија е далеку од потребниот опфат на жени со скрининг, неопходен за навремено откривање и превенција на ова заболување. Во…

  • Соопштение за медиуми – Македонија каска во превенцијата на рак на грло на матка

    Македонија заостанува во борбата против рак на грло на матка и е далеку од исполнување на целта за опфат на 70% од жените со скрининг до 2030 година со цел целосно искоренување на смртноста од оваа болест, поставена од Светската здравствена организација. Главна причина за ваквата состојба е што Програмата…

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор