Untitled Design (8)

Конференција на ХЕРА: Младите се гласни, бараат образование без табуа, засновано на факти!

 

Учесниците на Националната конференција „Преку инклузивно образование до еднаквост – Патот кон младинско општество!“, организирана од ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување, oрганизирана соподдршка на Амбасадата на Кралството Холандија во Република Северна Македонија денеска во Скопје упатија гласна порака дека образованиетоморадагивклучи, дакористинаучнидокази и факти, и дабидебезбеденпросторзасите!

Во првата панел дискусија „Разбивање на табуата“, Сафет Балажи, од Институтот за политички и правни истражувања при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ -Скопје истакна дека искуственото учење е важен сегмет во живото на малдите.

„Искуственото учење претставува клучен пристап во едукацијата на младите за сексуалното и репродуктивното здравје и права, овозможувајќи им активно учество и подобро разбирање на сопствените тела и права. Преку практични активности и анализа на случаи, младите стекнуваат знаења и вештини што ги зајакнуваат во донесување информирани одлуки и градење здрави меѓучовечки односи“, рече Балажи.

Николина Кениг, од Институтот за психологија при Филозофски факултет во Скопје посочи дека објективните показатели добиени со евалуацијата на пилот програмата по ССО, потврдуваат дека дури и релативно кусата изложеност на квалитетна настава по сексуално образование значајно ја подобрува информираноста на адолесцентите и нивните ставови поврзани со релевантни прашања поврзани со заштитата на здравјето, односот кон сопственото тело, понатаму, ставовите кон заштита на нивните права и безбедност од сексуално насилство, а воедно, поттикнува воспоставување односи и врски кои се засноваат на еднаквост и почит.

Психологот, Гордана Блажевска-Спиридонова рече дека образованието треба да одговори на актуелните состојби кај младите и начинот на живеење во современото општество.

„Образовниот систем да развива алтернативни политики наменети за поддршка на развојот на капацитетот на младите луѓе да носат одговорни одлуки и совладуваат начини да се грижат одговорно за себе и сеопфатното ментално здравје и добросостојба“, рече Блажевска Спиридонова.

Психологот Ана Поп-Ризова, истакна дека влученоста во образованиот процес со поаѓање на детето во училиште,  не е само правен или етички императив, туку и начин да се осигура дека сите деца имаат еднакви шанси за успех.

„Училиштата треба активно да работат на создавање на инклузивна средина која ќе ги поддржува сите ученици преку приспособени практики, ресурси и заедничка соработка.

Училиштата преку наставните и воннаставните активности се средина која може да дава поддршка секоја млада индивидуа да ги развива своите потенцијали, да се поврзува со другите и да го негува менталното здравје“ посочи Поп-Ризова.

Во вториот панел „Преку неформално образование и креативни пристапи до безбедна општествена средина во која младите се соодветно информирани и едуцирани“, младинската претставничка Ема Мицевска рече дека уметноста им дава глас на младите кога зборовите не се доволни.

„Преку културата и уметноста, младите не само што добиваат глас – туку и простор за да го изразат својот личен и колективен идентитет. Темите од сеопфатното сексуално образование добиваат ново значење кога се пренесени преку искрен уметнички израз“, рече Мицевска.

Музичарот Петар Младеновски посочи на потешкотиите и предизвиците поврзани со сопствените искуства како родител поврзани со лажните информации и вести (од повеќе области), непристојни видеа и содржини, неприкладни текстови и песни како и реалната опасност од злоупотреба и онлајн насилство со кое се среќаваат тинејџерите од своите врсници, но, многу често и од возрасни лица. Посочи и на личната „борба” со истите а како последица на недостиг на конкретна програма за конкретна заштита и правилно образование.

Врсничката едукаторка Марија Ѓорѓиевска, рече дека предизвиците се бројни, но едукацијата е клучна.

„Во време кога младите се соочуваат со бројни предизвици, а легислативата не обезбедува соодветни решенија, неформалната едукација има клучна улога во нивното едуцирање. Сеопфатното сексуално образование ги информира за важноста на физичкото и психичкото здравје, и ги опремува со неопходни знаења за самозаштита и промоција на здравјето. Младите имаат потреба од инклузивни, практични и активни можности за учење, кои ќе им овозможат да донесуваат здрави, свесни и одговорни одлуки“, рече Ѓорѓиевска.

Рита Бехадини од Едукативната платформа „Шега“ рече дека неформалното образование игра клучна улога во оформувањето на свеста за родовата еднаквост.

„Тоа создава простор каде младите можат слободно да истражуваат, поставуваат прашања и да ги предизвикуваат стереотипите. Од родова перспектива, неформалното образование е моќна алатка за градење поинклузивно, праведно и чувствително општество“, рече Бехадини.

На конференцијата беа изнесени загрижувачки податоци: младите стапуваат во сексуални односи на 15 години, а стапката на тинејџерска бременост во 2023 изнесува 13.4 на 1000. ЛГБТИ младите се жртви на насилство до 4 пати почесто, со високо ниво на психосоматски симптоми, тага и самоубиствени мисли. Во периодот 2021–2023 се документирани 82 случаи на насилство во образовни институции. Три неодамнешни случаи на сексуално насилство меѓу малолетници ја потенцираат потребата од системска превенција.

 

Конференцијата овозможи дијалогмеѓу наставници, родители, стручнилица и млади, со фокус на формални и неформални образовни пристапи кои ги подготвуваат младите за информирани и безбедни одлуки. Испратена беше јасна порака дека сеопфатното сексуално образование (ССО) е неопходно за заштита на младите, зајавноздравје, човековиправа и иднинатанаопштеството.

 

Со почит,

Тимот на ХЕРА

This post was originally published on this site

Продолжи со читање

  • МЦМС ја започна новата антикорупциска програма

    Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) го започна спроведувањето на програмата „Градење општество отпорно на корупција“, која ќе се реализира во периодот од 1 јануари 2026 до 30 јуни 2028 година со финансиска поддршка од Делегацијата на ЕУ во Северна Македонија.

  • Потврда на долгогодишното македонско-холандско пријателство

    Македонската развојна фондација за претпријатија (МРФП) и Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) на 16 јануари 2026 година беа домаќини на Н.Е. Узлем Џанел (Özlem Canel), Амбасадорка на Кралството Холандија во Република Северна Македонија и Иван Илиев, советник за економија и трговија во Амбасадата.

    „Денес беше убава прилика за освежување на долгото пријателство меѓу МРФП и Амбасадата на Кралството Холандија“, истакна Лазар Неданоски, извршен директор на МРФП.На средбата, која помина во пријатна и отворена атмосфера, директорот на МЦМС, Александар Кржаловски, потсети на почетоците на соработката со Холандија и на клучните поединци кои придонеле за развојот на организацијата. МЦМС како организација е основана во 1993 година, како потфат на домашни иницијативи поддржани од Холандската меѓуцрковна помош (ХМП) и агенциите на Светскиот совет на црквите (ССЦ). Пет години подоцна, во 1998 година, МЦМС ја основаше Македонската развојна фондација за претпријатија (МРФП), фокусирана на развој на малите претпријатија, преку пристап до финансиски услуги и промоција на претприемништво.

    Директорот на МРФП, Неданоски, даде хронолошки приказ на развојот на Фондацијата, нагласувајќи дека поддршката од Кралството Холандија била од клучно значење во првите години од нејзиното работење. Според него, таа поддршка не била важна само од финансиски аспект, туку имала значително влијание и врз организацискиот развој на МРФП, како и врз пошироката заедница мултиплицирајќи го ефектот во развојот на институциите, организациите и нивните лидери.
    Амбасадорката Џанел изрази задоволство што поддршката од Кралството Холандија резултирала со одржливи организации кои успешно работат и го пренесуваат своето искуство на други организации и институции. На средбата беше разговарано и за можностите за идна соработка.
     

  • Презентиран Индексот на политички интегритет

    На 27 ноември 2025 година во Клубот на пратеници се одржа презентацијата на првиот Индекс за политички интегритет (ИПИ) во земјата – инструмент создаден да ја измери, поттикне и промовира културата на интегритет во политичкиот и јавниот живот. Настанот беше проследен од голем број претставници на институции, медиуми, граѓански организации. Во своето…

  • Bure-Cycle: Од отпад до иновативен велосипедски паркинг

    Во светот каде ресурсите се ограничени, а отпадот се зголемува, секоја мала идеја за реупотреба има големо значење. Еко Логик со својот проект Bure-Cycle го покажува токму тоа – како старите метални буриња можат да добијат нов живот и да станат функционални, визуелно привлечни и одржливи велосипедски паркинзи за јавни простори. Иницијативата се роди од […]

  • Младите уметници го освојуваат јавниот простор: PATS – Уметност за активизам и општествени промени

    Европскиот проект „Младите уметници го освојуваат јавниот простор – PATS“ (Performance Artists Take The Streets – PATS) официјално започнува со јасна и силна мисија: да им овозможи на младите уметници нови простори, алатки и можности за креативно изразување и општествен ангажман. Уметноста како глас на промената PATS е проект финансиран преку Erasmus+ програмата на Европската […]

  • Високите цени ја истиснаа корупцијата од првото место, но таа и понатаму е меѓу најголемите општествени предизвици

    За разлика од 2021 и 2023 година, кога корупцијата беше препознаена како најголем општествен проблем, во 2025 година граѓаните на прво место ги издвојуваат високите цени (46,6%), додека корупцијата е веднаш зад нив (40,1%). Ова укажува дека инфлацијата, растечките трошоци за живот и намалената куповна моќ ја зголемуваат економската несигурност, но и дека корупцијата останува еден од клучните општествени предизвици.

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор