Mcms4387 mcms.jpg

Градење отпорни заедници – работилница во Тетово

На 19 јуни 2025 година, МЦМС и организацијата Плиадес, во соработка со општината Тетово ја организираа работилницата на тема „Активни локални совети – отпорни заедници“ на која учествуваа членовите на Советот за малолетничка деликвенција и Советот за социјална заштита. Целта на работилницата беше да се поттикне продлабочено разбирање за улогата и значењето на локалните механизми за превенција во контекст на зајакнување на отпорноста на заедницата.

Во своето воведно обраќање, градоначалникот Билал Касами ја нагласи стратешката важност на функционалните локални механизми за превенција, потенцирајќи ја потребата од интегриран пристап во справувањето со социјалните предизвици, кој ќе се базира на координација и активна вклученост на сите засегнати страни. Тој подвлече дека советите не треба да се третираат како формални тела, туку како реални механизми за навремена интервенција во заедницата.

За Советот за малолетничка деликвенција зборуваше неговата претседателка, Блерта Ахмеди. Таа истакна дека во двегодишното функционирање  спровеле систематски предавања и работилници во училиштата, особено со средношколците, насочени кон подигнување на свеста за ризични фактори како што се наркоманијата, криминогеното однесување и влијанието на социјалните мрежи. Инаку, Советот е составен од професионалци, претставници од Центарот за социјални работи (ЦСР), Министерството за внатрешни работи (МВР), Основното јавно обвинителство и Судот, како и претставници на родителите и учениците.

MCMS4455 MCMS

Халиме Рустеми, претседателката на Советот за социјална заштита, рече дека од неговото формирање во 2022 година, Советот активно работи на препознавање на клучните социјални предизвици и нивно вградување во Социјалната стратегија на општината за периодот 2024–2027. Таа истакна дека Советот вклучува 15 члена од релевантни институции како што се здравствените установи, организациите што нудат услуги за лица со попреченост, жртви на семејно насилство и стари лица, претставници на ЦСР и МВР.

Учесниците ги идентификуваа најизразените локални ризици – од насилството и булингот во училишната средина, преку економските тешкотии и сиромаштијата и зависностите, до проблемите со паркирањето, семејното насилство, социјалната изолираност и ограничениот пристап до поддршка. Беше нагласено дека дел од овие предизвици бараат проширување на тематскиот опфат и вклучување на дополнителни институции и чинители во процесите на локална координација.

MCMS4415 MCMS

Дискусиите за време на работилницата отворија простор за преиспитување на постоечките структури и размислување за воспоставување на интегриран локален механизам за превенција кој, без да ја наруши работата на постоечките совети, би овозможил сеопфатен, координиран и одржлив пристап кон управување со ризиците во заедницата. На овој начин, би се зајакнале механизмите за локална отпорност, засновани на принципи на рана интервенција, хоризонтална соработка и активно граѓанско учество.

Работилницата придонесе за препознавање на потенцијалот за проширување на опфатот на превентивното дејствување, преку воспоставување на покоординиран и повеќечинителски пристап кој ќе ги опфати пошироките локални ризици.

Работилницата е дел од програмата „Пат кон отпорност и реинтеграција на ранливите семејства во заедницата“ што ја поддржува Глобалниот фонд за ангажман и отпорност на заедниците (ГЦЕРФ).

This post was originally published on this site

Продолжи со читање

  • Отворена канцеларија: Пријави повреда на избирачко право!

    Хелсиншкиот комитет за човекови права ги известува граѓаните дека во недела, 19 октомври 2025 година, канцеларијата на Комитетот ќе биде отворена во текот на целиот ден со цел да им овозможи на граѓаните да пријават  повреда на избирачкото право за време на првиот круг на Локалните избори. Комитетот ги охрабрува сите граѓани кои сметаат дека […]
    Read More… from Отворена канцеларија: Пријави повреда на избирачко право!
    The post Отворена канцеларија: Пријави повреда на избирачко право! appeared first on Хелсиншки комитет за човекови права.

  • Хелсиншки комитет остро реагира против злоупотребата на деца во политички цели

    Хелсиншки комитет за човекови права најостро реагира на сѐ почестите случаи на злоупотреба на деца и малолетници во политички активности во пресрет на претстојните локални избори. Иако официјалната изборна кампања завршува за неколку дена, на социјалните мрежи може да се забележат бројни фотографии и видеа каде децата се злоупотребени за политички цели од страна на […]
    Read More… from Хелсиншки комитет остро реагира против злоупотребата на деца во политички цели
    The post Хелсиншки комитет остро реагира против злоупотребата на деца во политички цели appeared first on Хелсиншки комитет за човекови права.

  • Кога се штеди на превенција, последиците се скапи – граѓанските организации и институциите со заеднички повик за поголеми вложувања во превенцијата

    Граѓанските организации и институциите од здравствениот сектор отворија јавен дијалог за унапредување на пристапот до квалитетни превентивни здравствени услуги за жените, девојките и ранливите групи, на тематскиот форум „Кога се штеди на превенција, последиците се скапи“ одржан на 15.10.2025 година. Главните заклучоци од дискусијата се дека неопходно е вклучување на…

  • Средба со претставници од институциите, експерти и бизнис заедницата

    Finance Think организираше средба со претставници од институциите, експерти и бизнис заедницата на тема „Праведна енергетска транзиција: Кои се придобивките, а кои ризиците“. Клучните заклучоци се: Економски придобивки преку заштеди во цената на електричната енергија за домаќинствата и зголемена конкурентност на компаниите. Почиста и поздрава околина преку поголемо користење на обновливи извори на енергија. Координација […]
    The post Средба со претставници од институциите, експерти и бизнис заедницата first appeared on Finance Think.
    The post Средба со претставници од институциите, експерти и бизнис заедницата appeared first on Finance Think.

  • Работна средба помеѓу старешинството на ИО “Димитар Влахов“ и на СИМ

    На 7.10.2025 год. (вторник) во Домот на НВО во Велес се одржа работна средба помеѓу старешинството на извиднички одред “Димитар Влахов“ Велес и старешинството на Сојуз на извидници на Македонија. На средбата учество зема старешината на СИМ Миќо Стојановски со членови на старешинството на СИМ и извршната канцеларија на СИМ….

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор