Vreme na predizvici 02122016 3

„Време на предизвици“

Улогата на граѓанските организации во решавањето на општествените проблеми, особено на актуелната политичка криза беше главната тема на панелот што се одржа во рамките на Националниот форум на Цивика мобилитас насловен „Време на предизвици“ на 16 ноември 2016 година во хотелот Дрим во Струга.

На панелот зборуваа Дона Костуранова од Младинскиот образовен форум (МОФ), Миша Поповиќ од Институтот за демократија „Социетас цивилис“-Скопје (ИДСЦС), Александар Цеков од Центарот за истражување и креирање политики (ЦРПМ) и Назим Рашиди од Диверзити медиа.

Vreme na predizvici 02122016 1

За нив нема дилема дека граѓанските организации треба да имаат активна улога во решавањето на кризата. „Имаме одговорност да се адаптираме на состојбите во општеството“, рече Костуранова, „но се соочуваме со порив работите да бидат контролирани на секое можно ниво. Имавме студентски избори кои треба да не загрижуваат, имаше неправилности но, ништо не се случи околу тоа. Советот за соработка со граѓанските организации е креиран без консултации со граѓанското општество. Држење настрана од општествените динамики не прави нерелевантни“, рече таа.

Vreme na predizvici 02122016 2

„Заробената држава креира намалени можности за дијалог“, смета Миша Поповиќ. „Има еднострани политики и еднострано водење од страна на властите и, со тоа се одзема можноста за дијалог и се креира поларизација“. За Александар Цеков од ЦРПМ, граѓанските организации имаат огромно влијание врз граѓаните за тоа како се гледа на политичките партии што овозможило да се демистифицираат некои процеси. „Очекувам дека ова влијание е биде ефектуирано во иднина. Резултатите од граѓанското општество ќе дојдат постепено. Тоа е подолготраен процес“, рече тој. Назим Рашиди зборуваше за потребата од соработка на организациите со медиумите за решенијата на организациите да бидат видени од граѓаните. „Ако решенија се видени од граѓаните, тие ќе направат притисок кај политичките структури“, рече тој.

Vreme na predizvici 02122016 3

„Еден од најголемите предизвици за граѓанскиот сектор е како да се справи со општествената криза, затоа што не станува збор само за политичка криза, туку за морална, етичка, вредносна криза“, рече Владимир Лазовски од Отворете ги прозорците. За Лулзим Хазири од АДИ прашање е како да се канализира разноликоста на секторот. „Дали најголем проблем ни е репрезентативноста? Кој каде ќе не претстави? Повремено се формираат мрежи, ама не се одржливи. Потребно е повеќе да се користи просторот, да се искористат можностите за дебати“, рече тој.

Покрај панелот, за време на Националниот форум беа организирани и повеќе паралелни настани, презентации, работилници и сл.

Vreme na predizvici 02122016 4

Сојузот на извидници на Македонија организираше работилница на тема „Алтернативни методи за вклучување на младите преку неформалното образование“. Мотивот беше да се идентификуваат нови начини за мобилизирање, особено на постари младинци кои би биле обучувани да бидат ментори на помладите членови кај кои интересот е многу поголем. Асоцијација за чиста животна средина „Ајде Македонија“ ја презентираше идејата „Нула отпад општини во Македонија. Организациите Нов контакт и Извор од Кратово ја формираа неформалната мрежа за миграции, Македонскиот центар за култура и развој ги презентираше програмите „Граѓанска превенција“ и „Здраво спорт за здраво општество“, свои презентации има и организациите: Епилепсија Македонија, Националниот совет за родова еднаквост (СОЖМ), Младинскиот сојуз – Крушево итн. Покрај презентациите, голем број организации ја искористија можноста да се претстават и преку штандови, постери и банери.

Vreme na predizvici 02122016 5

Националниот форум го посетија повеќе од 300 граѓански активисти и други заинтересирани граѓани.

Продолжи со читање

  • Практична поддршка за полесно финансиско известување

    На 30 април 2026 година, во просториите на Граѓанскиот ресурсен центар (ГРЦ) во Скопје, тимот на Цивика мобилитас одржа работилница за финансиско известување. Работилницата беше наменета за добитниците на партнерските грантови од повикот ЦМ-ПГ-2. Вкупно 19 учесници од сите 11 грантисти, вклучително координатори на проекти и лица задолжени за финансии,…

  • Придонесот на граѓанските организации во медиумската слобода

    „Обликување иднина во мир“ е глобалната порака под која оваа година се одбележува 3 Мај – Светскиот ден на слободата на медиумите, посветен на улогата на новинарството во заштитата на човековите права, демократските процеси и јавниот интерес. Денот се одбележува од 1993 година, по одлука на Обединетите нации и препорака…

  • Седма едукативна работилница во Куманово за унапредување на здравјето на мајките и децата со фокус на мајчиното ментално здравје

    На 23.04.2026 година во Куманово се одржа седмата по ред едукативна работилница посветена на здравјето на мајките и децата, со посебен фокус на мајчиното ментално здравје. На работилницата учествуваа 18 жени, бремени или во период до 12 месеци по породувањето. Работилницата им овозможи на учесничките да добијат важни информации за…

  • Наша моќ, наша планета: Граѓанскиот сектор предводник на промените

    Секоја година, 22 април нè потсетува дека планетата не се заштитува само со големи ветувања, туку со секојдневни работа, одлуки, практични решенија и заедници кои знаат дека имаат моќ да направат промена. Овогодинешното мото на Денот на планетата Земја, „Нашата моќ, нашата планета“, особено силно се поврзува со работата на…

  • Меѓународниот ден на Ромите низ призмата на граѓанското општество

    Меѓународниот ден на Ромите е уште една можност за проверка на напредокот на општеството за предизвиците со кои се соочуваат нашите сограѓани, но исто така и е и можност да го препознаеме придонесот на сите оние што секојдневно работат на нивно надминување. Во тој процес, граѓанските организации имаат клучна улога….

  • Средба со раководителката на секторот за Источна Европа на СДЦ

    Тимот на Цивика мобилитас на 5 март се сретна со Северин Доне-Декарт (Séverine Donnet-Descartes), раководителката на секторот за Источна Европа во Швајцарската агенција за развој и соработка (СДЦ). Таа се интересираше за предизвиците во граѓанското општество, како и за можностите што програмата ги нуди за граѓанските организации во земјата. Александар…

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор