20241204 114852 Mcms.jpg

Прилепчани отворенo и гласнo дискутираа за предизвиците со корупцијата „Не можеме никаде да завршиме работа без мито“

„Антикорупцискиот караван“ организиран од страна на програмата „Граѓаните против корупцијата“ продолжи во Прилеп, (среда 4 декември).

Уште на самиот почеток, голем број прилепчани го посетија  штандот на програмата пред „Саат кулата“ и почнаа да ги искажуваат своите ставови и поставуваа прашања на тема борба со корупцијата и како тие може да се вклучат во истата. Дополнително, граѓаните имаа можност директно да разговараат со претставниците на Државната комисија за спречување на корупцијата и Управата за финансиска полиција. Имено, над 20 граѓани пријавија и/или дискутираа со претставниците на институциите за конкретни случаи поврзани со ризици од корупција, непотизам и судир на интереси. Преку овие разговори граѓаните имаа можност да добијат јасни насоки како да пристапат, каде да се обратат во врска со нивните случаи, а воедно добија контакти за процесирање на нивните прашања.

20241204 113040 MCMS

Голема заинтересираност граѓаните изразија и за новата алатка „Реагирај“ на Институтот за демократија „Социетас Цивилис“,  тие беа запознаени со чекорите за нејзино користење и како да ги следат тековните повици за акции за барање на одговорност од институциите и на кои тие може да се приклучат. Додека, претставниците на Центарот за граѓански комуникации ги информираа посетителите со наодите од Граѓанскиот надзор над јавните набавки во Прилеп и им укажаа на нивните права како граѓани дека треба да бидат вклучени во  социо-економскиот развој на нивната општина.

20241204 113500 MCMS

Главен заклучок од неформалните средби, како и од изјавите за медиумите е дека граѓаните се  свесни дека корупцијата постои и ја има насекаде, и напоменаа дека е потребна поголема изразена волја од властите и институциите да се спречи истата.

image00009 MCMS

„Антикорупцискиот караван“ во Битола и Прилеп се организираше во рамки на програмата „Граѓаните против корупцијата“ спроведувана од Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) во партнерство со Центарот за граѓански комуникации (ЦГК), Институтот за демократија „Социетас Цивилис“, Скопје (ИДСЦС), Стопанската комора на Северна Македонија (СКСМ), 360 Степени, Истражувачка репортерска лабораторија Македонија (ИРЛ) и Балканска истражувачка репортерска мрежа Македонија (БИРН). Програмата е финансирана од Американската агенција за меѓународен развој – УСАИД/Северна Македонија.

Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на Македонски центар за меѓународна соработка

Продолжи со читање

  • Насилството врз децата не почнува кога ќе стане вест, а превенцијата не треба да започне откако насилството ќе стане вест

    Зад секоја вест за насилство врз дете, стојат дете со нарушено чувство на сигурност, семејство кое живее во страв и неизвесност; и заедница што треба да се запраша дали можела да стори нешто порано. Но, не секое насилство станува вест. Некои деца молчат од страв […]
    The post Насилството врз децата не почнува кога ќе стане вест, а превенцијата не треба да започне откако насилството ќе стане вест appeared first on Myla.

  • Eco Social Voices претставен на YCDF Skopje Local Point: Младите како двигатели на климатските промени

    Климатската акција започнува со младите, нивните идеи и можноста активно да учествуваат во создавањето промени. Во Europe House во Скопје, Еко Логик, во партнерство со Youth Climate Diplomacy Forum (YCDF), го претстави проектот Eco Social Voices на презентацискиот настан посветен на YCDF Skopje Local Point. Настанот беше можност за запознавање со целите, визијата и активностите […]

  • Новинарите ги декодираат институциите на ЕУ, acquis и политиките за проширување

    На 16 и 17 октомври 2026 година, Институтот за европска политика (ЕПИ) го организираше првиот модул за обука во рамките на проектот „Decode the EU – Communicating EU policies together“ во Струмица. Дводневната работилница собра 10 новинари од различни медиуми, со цел да се зајакне аналитичкото известување засновано на докази за процесот на пристапување на […]
    The post Новинарите ги декодираат институциите на ЕУ, acquis и политиките за проширување appeared first on EPI.

  • Извидниците од Велес волонтерски работеа на санирање на конференциската сала во ИЦО – Охрид

    Членовите на извидничкиот одред “Димитар Влахов“ – Велес, Валентин Јанкуловски, Благој Јорданов и Владимир Ивановски-Вуцо во периодот од 16 до 18 октомври 2026 год. во извидничкиот центар “Охрид“ во Охрид работена на санирање на Конференциската сала на ИЦО – Охрид. Со превземените активности од страна на нашите одредски членови ја…

  • Меморандум за разбирање со Британската бизнис-асоцијација

    Силните економии се градат врз силни партнерства. Finance Think и British Business Association in North Macedonia – Британската бизнис-асоцијација во Северна Македонија вчера потпишаа Меморандум за разбирање, поставувајќи основа за поблиска соработка за прашања важни за бизнис-секторот, носителите на политики и општеството. Партнерството ја поврзува широката деловна мрежа на Британската бизнис-асоцијација со економските истражувања и […]
    The post Меморандум за разбирање со Британската бизнис-асоцијација first appeared on Finance Think.
    The post Меморандум за разбирање со Британската бизнис-асоцијација appeared first on Finance Think.

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор