Kvir2024.jpg

Отворен повик за наградата КВИР МАКЕДОНИУМ

Хелсиншкиот комитет за човекови права – Скопје, во соработка со Коалиција Маргини, ХЕРА и Еквалис, објавува за првпат отворен повик за наградата КВИР МАКЕДОНИУМ, Награда за творештво во областа на квир уметноста.

Во рамки на овој повик за наградата, на квир уметноста не и’ пристапуваме исклучиво врз основа на сексуалноста или родовиот идентитет на уметникот. Нашиот пристап на читање и интерпретација на уметничката продукција означена како квир вклучува поширок пристап. Нѐ инстересираат дела и културно-уметнички практики кои:

  • Ги демистифицираат општествените норми, нормалноста, буржујската моралност и Западниот маскулинистички рационален субјект како историски ефекти на принудни и исклучувачки практики;
  • Му пристапуваат на родот и полот како на проблем наместо како на претпоставка и вечна природа;
  • Во сексуалноста гледаат можност за антагонистичко соочување со општествените и политички сценаријата на дисциплина и регулација на телата, и за предизвикување на идентитетските категории, а не како на универзална природна категорија по чијашто оска се хиерахизираат социјалните тела и животи;
  • Му пристапуваат на телото како отворена, динамична, и релациона материјалност, чиишто граници, површина и слоеви се предмет на постојано преговарање и трансформација, а не затворен и неисториски систем и судбина;
  • Ги разгледуваат комплексностите, заемните одредување и интерсекции на родот и сексуалноста со други категории на општетсвена и политичка опресија, исклучување и нееднаквост;
  • Ги очудуваат, изместуваат, трансформираат, и субверзивно употребуваат шемите и утврдени норми на чувствување и на емоционален однос со другите и светот;
  • Ги претставуваат низ критична перспектива искуствата на сексуалните и родовите малцинства; или
  • Квир пристапот го користат како методологија во својата уметничка работа при адресирање на социо-политички релевантни теми, односно методологија којашто е изведена од историите на квир политика, уметност или теорија…
Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на Хелсиншки комитет за човекови права

Продолжи со читање

  • Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода

    Кои се приоритетите за твојата населба? Заедно со Општина Кисела Вода, ги покануваме граѓаните да се вклучат во креирањето на буџетските приоритети за 2027 година. Предложи. Дискутирај. Приоритизирај. Не можеш да присуствуваш? Испрати го својот предлог тука: https://tinyurl.com/PrijaviProblem Твојот глас е важен за буџетот на твојата општина! #CHinMK #CivicaMobilitas Civica Mobilitas Embassy of Switzerland in […]
    The post Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода first appeared on Finance Think.
    The post Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода appeared first on Finance Think.

  • 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон!

    На 27 и 28 октомври, Finance Think учествува на Euromed Summit 2026 во Лисабон, Португалија, претставуван од извршната директорка, Благица Петрески.Во фокусот на дискусиите беа предизвиците на пазарот на труд, несовпаѓањето меѓу вештините и потребите на работодавачите, развојот на човечкиот капитал и економската конкурентност – теми кои се во сржта на истражувачката и аналитичката работа […]
    The post 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон! first appeared on Finance Think.
    The post 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон! appeared first on Finance Think.

  • Претставување на Вардарската регата на утринската програма “Здраво Македонијо“ на ТВ Канал 5

    На 29.10.2026 год. (четврток) на покана на редакцијата на националната ТВ Канал 5 во рамките на утринската програма “Здраво Македонијо“ во друштво на Жана Ѓоргиева, Емилија Вучиновска (miss urban viba), естрадниот уметник Дејан Николовски – Чуле учество зема и старешината на извиднички одред “Димитар Влахов“ и координатор на Вардарската регата…

  • Струмица: Женските кружоци бараат поголема поддршка и учество во локалното одлучување

    Струмица, октомври 2026 – Поголема вклученост на жените во месните заедници, обезбедување простор за нивно организирање и подобра институционална поддршка за нивните иницијативи беа дел од главните теми на јавната дебата „Женското лидерство како огледало на заедницата“, одржана на 28 октомври во Струмица. Дебатата ја организираше Хуманитарното здружение „Мајка“ – Куманово, во соработка со Организацијата […]

  • Прилеп: Жените од локалните заедници со конкретни предлози за поголемо учество во одлучувањето

    Прилеп, октомври 2026 – Во Прилеп се одржа јавната дебата „Женското лидерство како огледало на заедницата“, посветена на можностите и предизвиците за учество на жените, особено од руралните средини, во процесите на локално одлучување. Дебатата ја организираше Хуманитарното здружение „Мајка“ – Куманово, во соработка со Здружението за рурален развој „ЛАГ Агролидер“, во рамки на проектот […]

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор