Презентација на проектот и програмата за економско јакнење на жените, во Неготино
На ден 27.07.2024 година во Општина Неготино, успешно се реализира настанот, презентацијата на проектот и програмата за економско јакнење на жените и можностите кои ги нуди партнерскиот проект за активно учество на жените во пазар на труд преку организирање на бесплатни курсеви за зголемување на можностите и потенцијалите на жените за вработување и самовработување. Благодарност до сите учесници.
Настанот се реализира во рамките на партнерскиот проект „Гласот и учеството на жените и младите во: Креирање на јавни политики и овозможувачка средина за граѓанско учество“ се спроведува од Женска граѓанска иницијатива АНТИКО, Скопје и проектните партнери Здружението „Секогаш Соживот“ – с. Канатларци – Прилеп и ЗОК АДРИОН, Желино. Проект поддржан од Швајцарската влада преку Цивика мобилитас.


