кривогаштани

Почна мапирањето на локалните проблеми во Крушево, Долнени и Кривогаштани

Здруженијата за млади ЕМПАУРИНГ од Крушево и УРБАНО ГНЕЗДО од Кривогаштани, како и Центарот за млади Пелагонци – ЕТНОС од Долнени, кон крајот на јуни 2024 година реализираа по една работилница во своите заедници на кои учествуваа од 5 до 10 претставници на локалните власти, граѓанскиот сектор и млади активисти.

Работилницата на ЕТНОС се одржа на 27 јуни во просториите на Станица ПЕТ-Прилеп, на тема „Здравствена и противпожарна заштита“. Ја отвори Томе Стефаноски, пожарникар со долгогодишно искуство. Според него, пожарите најчесто се предизвикани од сточарите, а некои се резултат и на политичка одмазда. Д-р Ивана Стојческа Димеска од Приватната здравствена установа (ПЗУ) Св. Спас – Ропотово ја ја истакна тешката состојба со здравствената заштита во Долнени. „Недостасуваат државни здравствени установи, a приватните имаат кратко работно време“, истакна таа. Учесниците предложија да се обезбеди противпожарно возило и возило за брза помош со тим од доктор и сестра, како решение за локалните проблеми.

ЕМПАУРИНГ ја одржаа првата работна средба за секторска анализа на тема „Заштита на животна средина во Пелагонискиот регион“ на 24 јуни во Крушево. Заради обемноста на темата, работната група одлучи секторската анализа да се фокусира на подтемата „Отпадот, нерешено прашање за Пелагонискиот регион“.

„Со учеството во овој проект сакам да помогнам во развојот и напредокот на мојот град, а за таа цел треба да се активираат и другите млади луѓе и да се борат за поголема застапеност во одлучувачките процеси во Општина Крушево како што е решавањето на проблемите со отпадот“, изјави Стефанија Кочоска, член на работната група. За Сотир Маја, претставник на Здружението за спортски риболов „ЗСРК Мрена-1987“ од Крушево проблем е недоволно развиената свест на луѓето за ова прашање. „Проблемот со отпадот сметам дека ќе почне да се надминува со подигање на свеста на луѓето за селекција и рециклирање, но и ако се постават машини за селекција на пластика кои ќе им дадат повратни средства на граѓаните за секое парче пластика“, истакна таа. Дел од учесниците го потенцираа недостатокот на локална депонија, што го отежнува одлагањето на селектиран отпад. Низ дискусијата, преку споделување на позитивните и негативните искуства од членовите на работната група, експертот ги мапира потребите на луѓето од Крушево во врска со отпадот.

Темата на која се дискутираше на работилницата организирана од Урбано Гнездо во Кривогаштани беше „Локален економски развој во Пелагонискиот регион“. Стеве Јанчески, проектниот координатор, ги презентираше досегашните активности на проектот и плановите за идните фази. Се анализираа потребите на младинската популација во регионот, а на основа на дискусиите, експертот ќе ја подготви секторската анализа.

Учесниците беа задоволни од можноста да ги споделат своите мислења и идеи и очекуваат да го видат во пракса нивното спроведување.

Трите работилници се дел од проектот „Младински политики по мерка на младите“ што го спроведува Про Локал во партнерство со Здружението за млади Емпауринг од Крушево, Урбано Гнездо од Кривогаштани и Центарот за млади Пелагонци – ЕТНОС од Долнени.

Продолжи со читање

  • Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода

    Кои се приоритетите за твојата населба? Заедно со Општина Кисела Вода, ги покануваме граѓаните да се вклучат во креирањето на буџетските приоритети за 2027 година. Предложи. Дискутирај. Приоритизирај. Не можеш да присуствуваш? Испрати го својот предлог тука: https://tinyurl.com/PrijaviProblem Твојот глас е важен за буџетот на твојата општина! #CHinMK #CivicaMobilitas Civica Mobilitas Embassy of Switzerland in […]
    The post Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода first appeared on Finance Think.
    The post Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода appeared first on Finance Think.

  • 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон!

    На 27 и 28 октомври, Finance Think учествува на Euromed Summit 2026 во Лисабон, Португалија, претставуван од извршната директорка, Благица Петрески.Во фокусот на дискусиите беа предизвиците на пазарот на труд, несовпаѓањето меѓу вештините и потребите на работодавачите, развојот на човечкиот капитал и економската конкурентност – теми кои се во сржта на истражувачката и аналитичката работа […]
    The post 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон! first appeared on Finance Think.
    The post 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон! appeared first on Finance Think.

  • Претставување на Вардарската регата на утринската програма “Здраво Македонијо“ на ТВ Канал 5

    На 29.10.2026 год. (четврток) на покана на редакцијата на националната ТВ Канал 5 во рамките на утринската програма “Здраво Македонијо“ во друштво на Жана Ѓоргиева, Емилија Вучиновска (miss urban viba), естрадниот уметник Дејан Николовски – Чуле учество зема и старешината на извиднички одред “Димитар Влахов“ и координатор на Вардарската регата…

  • Струмица: Женските кружоци бараат поголема поддршка и учество во локалното одлучување

    Струмица, октомври 2026 – Поголема вклученост на жените во месните заедници, обезбедување простор за нивно организирање и подобра институционална поддршка за нивните иницијативи беа дел од главните теми на јавната дебата „Женското лидерство како огледало на заедницата“, одржана на 28 октомври во Струмица. Дебатата ја организираше Хуманитарното здружение „Мајка“ – Куманово, во соработка со Организацијата […]

  • Прилеп: Жените од локалните заедници со конкретни предлози за поголемо учество во одлучувањето

    Прилеп, октомври 2026 – Во Прилеп се одржа јавната дебата „Женското лидерство како огледало на заедницата“, посветена на можностите и предизвиците за учество на жените, особено од руралните средини, во процесите на локално одлучување. Дебатата ја организираше Хуманитарното здружение „Мајка“ – Куманово, во соработка со Здружението за рурален развој „ЛАГ Агролидер“, во рамки на проектот […]

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор