6 Godini Inrekom.jpg

Шест години ИНРЕКОМ

Историјата на Институтот за развој на електронски комуникации ИНРЕКОМ во Скопје почнува во летото на 2018 година. Група млади политолози и новинари, мотивирани со идејата за формирање на невладина организација, се стремеа кон создавање на значаен и препознатлив субјект во сферата на промоција и подобрување на развојот на електронските комуникации и медиумските услуги во Македонија.
Од тогаш, ИНРЕКОМ започна со активности, при што визијата за дигитализација на Македонија не само што не стагнираше, туку и постојано се засилуваше и унапредуваше преку нашите коментари, предлози, истражувања и анализа.

Во изминатите 6 години, ИНРЕКОМ зад себе низ бројки има:
✅ 10-на реализирани проекти
📚 10-на публикации, коментари, реакции и мислења за извештаи и предлог закони
📊 20-на спроведени истражувања на јавното мислење и истражувања на пазари за сопствени потреби и потреби на клиенти
🔍 10-на мониторирани регулаторни тела, државни институции и оператори
📝 10-на склучени меморандуми за соработка
📰 споделени објави во над 70-на медиуми

Откако бевме основани, ги следиме сите законски прописи поврзани со функционирањето на граѓанските организации. Непрекинато ги подобруваме нашите процедури за ефикасно функционирање преку развивање на стратегиски, акциски и комуникациски планови.
Па така, во 2022 година беше усвоен и повеќегодишниот стратешки план за развој, кој ги заменува општите области како „електронски комуникации“ и „медиуми“ со поспецифични дефиниции. Од 2023 година, Институтот се фокусира подетално кон:
– класични и модерни медиуми, слободата на говор, медиумската и информациската писменост
– развој на дигитализацијата и дигиталната писменост
– следење на операторите на електронски комуникации
– сајбер безбедност и хибридни закани со акцент на лажни вести
– мониторинг на процесот за следење на електронските комуникации и работата на агенцијата надлежна за следењето на комуникациите
– сајбер булингот и говорот на омраза
– дигиталната трансформација на јавната администрација и дигитализација на јавните услуги
– следење на процесите во електронското банкарство, крипто валутите и дигиталниот маркетинг

Во следниот период планираме враќање на информативниот портал НТВ.мк, продолжување на поткастот Инфотек, отворање на Академија за медиумска, информациска и дигитална писменост која ќе одржува обуки, работилници, каравани и летни кампови. Дополнително ИНРЕКОМ планира засилено да нуди правна и друг вид помош при поднесување на приговори до операторите и регулаторните тела од страна на корисниците.
Инстиутот ќе продолжи да работи на застапување на политики за независни регулаторни тела, развој на пазарот на електронски комуникации и за независни и професионални медиуми.

ИНРЕКОМ останува да биде отворен за млади талентирани индивидуи кои преку волонтерство се посветени на дополнувањето на успешната репутација на Институтот со свои идеи и учество во истражувањата. Продолжуваме и да го зголемуваме бројот на вклучени истражувачи во проектите кои ќе претстојат во наредниот период. Ја продолжуваме и ќе ја засилиме соработката со нашите партнери, пријатели и клиенти. Дополнително во претстојниот период, ИНРЕКОМ ќе подлежи и на мало освежување на визуелниот идентитет согласно новите трендови.
За крај, во претходните шест години, многу медиуми и новинари го следеа развојот на ИНРЕКОМ, чија поддршка беше клучна за тоа што Институтот стана денес, и за тоа сме им исклучително благодарни.

Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на ИНРЕКОМ Скопје

Продолжи со читање

  • Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода

    Кои се приоритетите за твојата населба? Заедно со Општина Кисела Вода, ги покануваме граѓаните да се вклучат во креирањето на буџетските приоритети за 2027 година. Предложи. Дискутирај. Приоритизирај. Не можеш да присуствуваш? Испрати го својот предлог тука: https://tinyurl.com/PrijaviProblem Твојот глас е важен за буџетот на твојата општина! #CHinMK #CivicaMobilitas Civica Mobilitas Embassy of Switzerland in […]
    The post Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода first appeared on Finance Think.
    The post Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода appeared first on Finance Think.

  • 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон!

    На 27 и 28 октомври, Finance Think учествува на Euromed Summit 2026 во Лисабон, Португалија, претставуван од извршната директорка, Благица Петрески.Во фокусот на дискусиите беа предизвиците на пазарот на труд, несовпаѓањето меѓу вештините и потребите на работодавачите, развојот на човечкиот капитал и економската конкурентност – теми кои се во сржта на истражувачката и аналитичката работа […]
    The post 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон! first appeared on Finance Think.
    The post 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон! appeared first on Finance Think.

  • Претставување на Вардарската регата на утринската програма “Здраво Македонијо“ на ТВ Канал 5

    На 29.10.2026 год. (четврток) на покана на редакцијата на националната ТВ Канал 5 во рамките на утринската програма “Здраво Македонијо“ во друштво на Жана Ѓоргиева, Емилија Вучиновска (miss urban viba), естрадниот уметник Дејан Николовски – Чуле учество зема и старешината на извиднички одред “Димитар Влахов“ и координатор на Вардарската регата…

  • Струмица: Женските кружоци бараат поголема поддршка и учество во локалното одлучување

    Струмица, октомври 2026 – Поголема вклученост на жените во месните заедници, обезбедување простор за нивно организирање и подобра институционална поддршка за нивните иницијативи беа дел од главните теми на јавната дебата „Женското лидерство како огледало на заедницата“, одржана на 28 октомври во Струмица. Дебатата ја организираше Хуманитарното здружение „Мајка“ – Куманово, во соработка со Организацијата […]

  • Прилеп: Жените од локалните заедници со конкретни предлози за поголемо учество во одлучувањето

    Прилеп, октомври 2026 – Во Прилеп се одржа јавната дебата „Женското лидерство како огледало на заедницата“, посветена на можностите и предизвиците за учество на жените, особено од руралните средини, во процесите на локално одлучување. Дебатата ја организираше Хуманитарното здружение „Мајка“ – Куманово, во соработка со Здружението за рурален развој „ЛАГ Агролидер“, во рамки на проектот […]

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор