НАционален форум

Годишна конференција на граѓански организации за соработка помеѓу Владата и граѓанското општество

Национален форум на Цивика мобилитас

Ви го најавуваме Националниот форум на Цивика мобилитас што ќе се одржи на 15 ноември во хотел Холидеј Ин, оваа година во соработка со Владата.

На форумот поздравно обраќање ќе има амбасадорката на Швајцарија во Република Северна Македонија, Н.Е. Вероник Улман, а главни говорници на настанот ќе бидат: Христијан Мицкоски, претседател на Владата; Александар Кржаловски, лидер на тимот на Цивика мобилитас; и Игор Јанушев, генерален секретар на Владата.

Покрај нив, со претставниците на граѓанските организации ќе дебатираат и: Изет Меџити, прв заменик претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање; Весна Јаневска, Министерка за образование; Златко Перински, министер за локална самоуправа; Зоран Љутков, министер за култура; и Стефан Андоновски, министер за дигитална трансформација.

ЧАСАКТИВНОСТ
     – 12:00Пристигнување и регистрација
12:00/12:15Изјави за медиумите од говорниците на форумот
12:15/13:00СЕСИЈА 1: ВОВЕДНИ ОБРАЌАЊА

– Воведно обраќање: Н.Е. Вероник Улман, Амбасадорка на Швајцарската Конфедерација во Северна Македонија
Христијан Мицкоски, Претседател на Владата на Северна Македонија
Александар Кржаловски, Лидер на тимот на Цивика мобилитас
Модератор Марија Митева, портпарол на Владата
13:00/13:30СЕСИЈА 2: СОРАБОТКА ВЛАДА – ГРАЃАНСКИ ОРГАНИЗАЦИИ

Игор Јанушев, Генерален секретар на Владата, дебата на три главни теми: соработка меѓу Владата и ГО; Совет и Стратегија за соработка  со ГО; реформа на државното финансирање за ГО
Отворени (општи) прашања од публиката
13:30/13:45Кафе пауза
13:45/14:55СЕСИЈА 3: ТЕМАТСКА ДИСКУСИЈА СО МИНИСТРИ ВО ВЛАДАТА

Прашања до министрите од страна на грантисти на програмата Цивика мобилитас, групирани според тематските приоритети на програмата и поширокото граѓанско општество:
Изет Меџити, Прв заменик претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање
Весна Јаневска, Министерка за образование
Златко Перински, Министер за локална самоуправа
Зоран Љутков, Министер за култура и туризам
Стефан Андоновски, Министер за дигитална трансформација
Отворени (општи) прашања од публиката
14:55/15:00
(15:30)
Затворање на форумот (сумирање од модератор), проследено со неформален коктел и заминување на учесниците
Содржината на оваа програма е единствена одговорност на Цивика мобилитас и на ниту еден начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на Владата на Швајцарија

Пополнете ја пријавата за учество на форумот најдоцна до среда, 13 ноември 2024 г. до 17.00 часот. НАПОМЕНА: Бројот на места е ограничен, учеството на форумот е планирано за по еден претставник од организација. Задолжително пријавете го вашето учество.

Пријави го твоето учество

Максималниот број на регистрирани учесници е исполнет. Ви благодариме за интересот.

Националниот форум е најголемиот годишен настан на програмата Цивика мобилитас. Веруваме дека со Вашето учество ќе придонесете за подобрување на соработката меѓу Владата и граѓанското општество.

Продолжи со читање

  • Меѓународниот ден на Ромите низ призмата на граѓанското општество

    Меѓународниот ден на Ромите е уште една можност за проверка на напредокот на општеството за предизвиците со кои се соочуваат нашите сограѓани, но исто така и е и можност да го препознаеме придонесот на сите оние што секојдневно работат на нивно надминување. Во тој процес, граѓанските организации имаат клучна улога….

  • Средба со раководителката на секторот за Источна Европа на СДЦ

    Тимот на Цивика мобилитас на 5 март се сретна со Северин Доне-Декарт (Séverine Donnet-Descartes), раководителката на секторот за Источна Европа во Швајцарската агенција за развој и соработка (СДЦ). Таа се интересираше за предизвиците во граѓанското општество, како и за можностите што програмата ги нуди за граѓанските организации во земјата. Александар…

  • Швајцарскиот амбасадор Зомер во посета на семејствата од Кочани и граѓанските иницијативи

    Повеќе од десет родители и членови на семејствата погодени од трагедијата во дискотеката во Кочани се сретнаа со швајцарскиот амбасадор во земјава, Н.Е. Кристоф Зомер. На средбата со нивното здружение – Здружение на граѓани „16-ти Март 2025“ учествуваа ипретставници од Амбасадата на Швајцарија и тимот на Цивика мобилитас. Истиот ден,…

  • Социјалната правда не се слави, таа се создава!

    Денот на социјалната правда не е датум што треба само формално да се одбележи. Тој треба да не потсети дека правдата не е апстрактен поим, туку конкретна реалност што директно влијае врз животот на луѓето: врз нивната плата, сигурност, достоинство и иднина. За нас од „Гласен текстилец“, социјалната правда не…

  • Граѓанските организации дискутираа за како подобро да ги промовираат своите постигнувања

    Комуникациите и видливоста на Цивика мобилитас и на граѓанските организации беа тема на работилницата што се одржа на 11 февруари 2026 година во просториите на Граѓанскиот ресурсен центар. Вкупно 21 претставник од 20 граѓански организации, актуелни добитници на партнерски грантови (ЦМ-ПГ-2), дискутираа за комуникациските предизвици и како полесно да ги…

  • Граѓанското учество е право и одговорност на сите

    Во фокусот на овој број на Граѓаните за промена е граѓанското учество. Тема која граѓанските организации и во овој квартал не само што ја дискутираа туку и ја практикуваа. Колегите од ПроЛокал, од Битола, тоа го правеа на регионално и на локално ниво, во цела Пелагонија. Заедно со партнерите од…

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор