0 02 05 47c376f783705f2cb1ae95bd0e7ace7278f517cf466cfd86a61fefa71d7ce6ef 2678896c8d5bef6f.jpg

Граѓанските организации се клучен фактор и партнери за промени во борбата против корупцијата

Тимот на програмата „Граѓаните против корупцијата“ денес официјално ги претстави новите граѓански организации од грантовата шема за Граѓанска вклученост на настанот насловен – „Партнерство за промени“.

Со вкупен фонд од околу 40 милиони денари, дванаесет грантисти ќе работат на проекти насочени кон зголемување на транспарентноста, отчетноста и културата на интегритет, со посебен фокус на вклучување на граѓаните во борбата против корупцијата.    Нивните проектни активности вклучуваат иновативни методи, акции и едукација на граѓаните за коруптивните пракси во повеќе области во општеството како: градежништво, животна средина, образование, здравство, локална самоуправа, правосудство, култура и сл.

5

На настанот се презентираа и достигнувањата на петте грантисти од Грантовите за брз одговор, кои од април оваа година имплементираа проекти за подигнување на свеста кај граѓаните за изборната корупција, младинското учество и креирање на алатки за поголема отчетност и транспарентност на институциите. Покрај презентациите за нивните постигнувања грантистите ги споделија нивните искуства од работата со граѓаните и нивните предизвици со кои се соочуваат во борбата со корупцијата.

4

За нивната посветеност и заложба за промени изрази поддршка и директорот на канцеларијата за демократија и добро владеење на УСАИД во Северна Македонија, г. Марк Елингстад, кој истакна дека корупцијата ја поткопува довербата во општеството, го стагнира растот и ја разорува демократијата. Тој додаде дека граѓаните и граѓанските организации се храбри и се гласноговорници на општествените проблеми дури и кога постојат препреки на патот.

3

„Ниту еден проект, ниту една програма не може сама да ја победи корупцијата. Но, заедно – граѓаните,институциите, граѓанските организации, медиумите, приватниот сектор и сите други чинители – можеме да создадеме средина во која нема да постои простор за коруптивно однесување“ додаде во нејзиното обраќање и координаторката на програмата Снежана Камиловска Трповска.

Настанот заврши со видео промоцијата за успешната приказна на неформалната група Борба за Влае која сведочи за пример, како здружени поединци со храбри иницијативи и упорност можат да придонесат кон позитивни промени во борбата против корупцијата.


Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на Македонски центар за меѓународна соработка

Продолжи со читање

  • Насилството врз децата не почнува кога ќе стане вест, а превенцијата не треба да започне откако насилството ќе стане вест

    Зад секоја вест за насилство врз дете, стојат дете со нарушено чувство на сигурност, семејство кое живее во страв и неизвесност; и заедница што треба да се запраша дали можела да стори нешто порано. Но, не секое насилство станува вест. Некои деца молчат од страв […]
    The post Насилството врз децата не почнува кога ќе стане вест, а превенцијата не треба да започне откако насилството ќе стане вест appeared first on Myla.

  • Eco Social Voices претставен на YCDF Skopje Local Point: Младите како двигатели на климатските промени

    Климатската акција започнува со младите, нивните идеи и можноста активно да учествуваат во создавањето промени. Во Europe House во Скопје, Еко Логик, во партнерство со Youth Climate Diplomacy Forum (YCDF), го претстави проектот Eco Social Voices на презентацискиот настан посветен на YCDF Skopje Local Point. Настанот беше можност за запознавање со целите, визијата и активностите […]

  • Новинарите ги декодираат институциите на ЕУ, acquis и политиките за проширување

    На 16 и 17 октомври 2026 година, Институтот за европска политика (ЕПИ) го организираше првиот модул за обука во рамките на проектот „Decode the EU – Communicating EU policies together“ во Струмица. Дводневната работилница собра 10 новинари од различни медиуми, со цел да се зајакне аналитичкото известување засновано на докази за процесот на пристапување на […]
    The post Новинарите ги декодираат институциите на ЕУ, acquis и политиките за проширување appeared first on EPI.

  • Извидниците од Велес волонтерски работеа на санирање на конференциската сала во ИЦО – Охрид

    Членовите на извидничкиот одред “Димитар Влахов“ – Велес, Валентин Јанкуловски, Благој Јорданов и Владимир Ивановски-Вуцо во периодот од 16 до 18 октомври 2026 год. во извидничкиот центар “Охрид“ во Охрид работена на санирање на Конференциската сала на ИЦО – Охрид. Со превземените активности од страна на нашите одредски членови ја…

  • Меморандум за разбирање со Британската бизнис-асоцијација

    Силните економии се градат врз силни партнерства. Finance Think и British Business Association in North Macedonia – Британската бизнис-асоцијација во Северна Македонија вчера потпишаа Меморандум за разбирање, поставувајќи основа за поблиска соработка за прашања важни за бизнис-секторот, носителите на политики и општеството. Партнерството ја поврзува широката деловна мрежа на Британската бизнис-асоцијација со економските истражувања и […]
    The post Меморандум за разбирање со Британската бизнис-асоцијација first appeared on Finance Think.
    The post Меморандум за разбирање со Британската бизнис-асоцијација appeared first on Finance Think.

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор