ЕПИ

Успешно спроведена третата Национална дебатна анкета, 150 граѓани дискутираа и прашуваа за изборните реформи

Граѓаните дискутираа и прашуваа каков изборен систем сакаат и кои реформи се потребни во изборниот процес во земјава во рамките на третата Национална дебатна анкета за демократија организирана од ЕПИ, во соработка со Центарот за делиберативна демократија од Универзитетот Стенфорд од САД.

На 4 и 5 јуни, околу 150 граѓани од целата земја се информираа и дискутираа за изборните реформи, а потоа своите прашања ги поставуваа на панели составени од релевантните општествени чинители.

Настанот го отвори претседателот Стево Пендаровски, кој со својот говор ги загреа и мотивираше граѓаните за пополодни дискусии за изборните модели и потребни реформи за иднината на земјата.

На прашањата на граѓаните за изборните единици и гласањето на дијаспората одговараа политичките претставници Павле Трајанов, Арта Биљали-Зендели, Драган Ковачки, Викторија Аврамовска-Мадиќ, како и претставникот од граѓанскиот сектор Сефер Селими.

Вториот ден од настанот беше посветен на изборните листи и регистрацијата на гласачи, а по дискуиите на граѓаните на нивните прашања одговараа Рената Дескоска, Сашо Клековски, Халил Снопче, Фадил Зендели и Гордан Георгиев.

Дебатната анкета е уникатна форма на политички консултации која ги комбинира техниките на испитување на јавното мислење и јавната расправа. Таа цели да претстави како би изгледало јавното мислење на одредена тема, доколку граѓаните би имале можност повеќе да се запознаат со темата. Дебатната анкета ги прикажува преференците и мислењата на граѓаните и пред и по детално запознавање со темата.

Дебатната анкета ги мери резултатите, но и промените во ставовите на граѓаните пред и по дебатниот настан.

Дебатата е дел од проектот „АКТ – Активна граѓанска акција 2.0“ кој го спроведува ЕПИ, а е поддржан од National Endowment for Democracy.

Продолжи со читање

  • Изградба на демократска отпорност во Западен Балкан: Од заробена држава до дигитален суверенитет

    За да се одговори на новите значајни предизвици во борбата против корипција и заробеност на државите од регионот на Западен Балкан, детално анализирани во најновиот Регионален антикорупциски извештај, Мрежата за лидерство за развој и интегритет на Југоисточна Европа (СЕЛДИ) координирана од МЦМС, организираше Форум за политики на 15 септември 2026 година во Подгорица, Црна Гора.

  • Практичен водич за остварување права

    Знаеш ли кои права ти припаѓаат и каде да се обратиш за да ги оствариш? Пристапот до социјална и здравствена заштита, лична документација и статусни права е основа за достоинствен и сигурен живот. Сепак, процедурите, институциите, потребните документи и условите за остварување на одредено право често можат да бидат сложени и тешко разбирливи. Токму затоа…

  • МЗМП достави извештај до ГРЕВИО за спроведувањето на Истанбулската конвенција во Северна Македонија

    Македонското здружение на млади правници (МЗМП) достави извештај до Групата експерти за акција против насилството врз жените и семејното насилство – ГРЕВИО, како придонес кон следењето на спроведувањето на Истанбулската конвенција во Северна Македонија. Извештајот го опфаќа периодот од 2023 до 2026 година и се […]
    The post МЗМП достави извештај до ГРЕВИО за спроведувањето на Истанбулската конвенција во Северна Македонија appeared first on Myla.

  • Совети и упатување

    Совети и упатување Кога се соочуваш со насилство, закани, контрола или страв, сосема е разбирливо да не знаеш од каде да започнеш. Не мора сама да ги знаеш институциите, процедурите и своите права. Станица ПЕТ може да те сослуша, да ти помогне да ја разбереш ситуацијата и да ти даде информации за можностите за поддршка…

  • Како да побарам помош?

    💜 Не си сама. Побарај поддршка. Понекогаш најважниот чекор е да кажеш: „Ми треба помош.“ Доколку се соочуваш со семејно или родово базирано насилство, закани, контрола, заплашување, психичко, физичко, сексуално или економско насилство, не мораш сама да се справуваш со ситуацијата. Станица ПЕТ е тука да те слушне, информира и поддржи. Обраќањето до нас е…

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор