Screenshot
|

Кодексот ќе ја зголеми меѓусебната доверба на организациите и ќе изгради подобра слика за нив

Денес, 31 март 2022г., се одржа онлајн информативна сесија за Кодексот на граѓански организации на која учествуваа 34 претставници од организациите, грантисти на програмата Цивика мобилитас.

Учесниците беа запознаени со процесот на подготовка на Кодексот, придобивките од оваа алатка за поголема отчетност и нејизната цел. „Кодексот претставува катализатор за постојано развивање на вредностите на организациите. Со него ќе се зајакне системот на саморегулација што ќе придонесе за поголема транспарентност, ефикасност и доверба во граѓанските организации“, истакна Александра Савеска, соработник за проекти во Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС).

Screenshot_18

Учесниците во групи зборуваа за своето досегашно искуство во саморегулацијата во организациите и го дадоа своето мислење за потенцијалните придобивки од Кодексот, предизвиците со кои би се соочиле при спроведување и на кој начин би ја примениле алатката во нивната работа. Кодексот за граѓански организации ќе помогне да се зголеми квалитетот на работата во организациите. Тоа ќе придонесе за поголема транспарентност што ќе ја зголеми довербата помеѓу организациите во секторот и граѓаните. Ќе се изгради и подобра слика кон донаторите со што ќе се подобри финансиска состојба, е општиот заклучок од дискусиите.

Дел од учесниците изразија интерес да го потпишат Кодексот, истакнувајќи дека пристигнува во идеален момент за нивните организации. Тие ќе добијат поддршка од тимот задолжен за спроведување.

Screenshot_24

Досега, вкупно 62 граѓански организации се потпишаа, а сите заинтересирани организации кои сакаат да пристапат на Кодексот ќе може да го направата тоа пополнувајќи ја следната изјава (deklaratë për pranimin e Kodit). Изјавите се депонираат во Македонскиот центар за меѓународна соработка на следниот е-маил: asv@mcms.mk.Со пристапување организациите стануваат дел од платформата за развивање на Кодексот и подобрување на транспарентноста и отчетноста на граѓанскиот сектор.

2k

Продолжи со читање

  • Средба со раководителката на секторот за Источна Европа на СДЦ

    Тимот на Цивика мобилитас на 5 март се сретна со Северин Доне-Декарт (Séverine Donnet-Descartes), раководителката на секторот за Источна Европа во Швајцарската агенција за развој и соработка (СДЦ). Таа се интересираше за предизвиците во граѓанското општество, како и за можностите што програмата ги нуди за граѓанските организации во земјата. Александар…

  • Швајцарскиот амбасадор Зомер во посета на семејствата од Кочани и граѓанските иницијативи

    Повеќе од десет родители и членови на семејствата погодени од трагедијата во дискотеката во Кочани се сретнаа со швајцарскиот амбасадор во земјава, Н.Е. Кристоф Зомер. На средбата со нивното здружение – Здружение на граѓани „16-ти Март 2025“ учествуваа ипретставници од Амбасадата на Швајцарија и тимот на Цивика мобилитас. Истиот ден,…

  • Социјалната правда не се слави, таа се создава!

    Денот на социјалната правда не е датум што треба само формално да се одбележи. Тој треба да не потсети дека правдата не е апстрактен поим, туку конкретна реалност што директно влијае врз животот на луѓето: врз нивната плата, сигурност, достоинство и иднина. За нас од „Гласен текстилец“, социјалната правда не…

  • Граѓанските организации дискутираа за како подобро да ги промовираат своите постигнувања

    Комуникациите и видливоста на Цивика мобилитас и на граѓанските организации беа тема на работилницата што се одржа на 11 февруари 2026 година во просториите на Граѓанскиот ресурсен центар. Вкупно 21 претставник од 20 граѓански организации, актуелни добитници на партнерски грантови (ЦМ-ПГ-2), дискутираа за комуникациските предизвици и како полесно да ги…

  • Граѓанското учество е право и одговорност на сите

    Во фокусот на овој број на Граѓаните за промена е граѓанското учество. Тема која граѓанските организации и во овој квартал не само што ја дискутираа туку и ја практикуваа. Колегите од ПроЛокал, од Битола, тоа го правеа на регионално и на локално ниво, во цела Пелагонија. Заедно со партнерите од…

  • Светски ден за борба против ракот: само 10 отсто од жените опфатени со скрининг за рак на грлото на маткатa

    Иако ракот на грлото на матката е едно од ретките малигни заболувања што речиси целосно може да се превенира, во Северна Македонија секоја година заболуваат околу 200 жени, а помеѓу 40 и 60 жени го губат животот од оваа болест. Алармантен е податокот дека во 2024 година со организираниот скрининг…

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор