Здружение на граѓани за култура и уметност АН–БЛОК Скопје
Вкупен буџет овозможен од Цивика мобилитас: 314.154 МКД
Времетраење: 4 месеци
КОНСТИТУЕНТИ
Директни конституенти: 100 млади лица (4 групи по 25 учесници) на возраст од 16 до 19 години од двата пола, со различен социо-економски статус и различна етничка и верска припадност, ученици во СМУГС „Д-р Панче Караѓозов“.
Индиректни конституенти: корисници на услуги во Клиниката за детски болести или Дом за стари лица „ЖАНА-С“, ЈУ Детски дом „11 Октомври“, како и пошироката средина како опкружување на горенаведените корисници.
ЗА ПРОЕКТОТ ПОДДРЖАН ОД ЦИВИКА МОБИЛИТАС
Поттикнување општествена одговорност кај младите преку волонтерски активности.
ЗА ШТО Е ПОТРЕБНА АКЦИЈАТА
Добивање неформална едукација на младите кои ќе ја применат во реализирање волонтерски активности со што ќе придонесат за подобрување на квалитетот на животот на локално ниво, а ќе се здобијат со позитивни општествени вредности.
При формирање на директната целна група акцент ќе биде ставен на родовата застапеност.
ЦЕЛИ И РЕЗУЛТАТИ
Општа цел:
Поттикнување општествена одговорност кај младите преку активно и квалитетно искористување на слободното време и нивно вклучување во волонтерски активности од областа на културата и уметноста со акцент на негување на здрави животни навики.
Специфична цел/и:
Развивање свесност за совесно и одговорно однесување, како и зголемување на самодовербата.
РЕЗУЛТАТИ
- Стекнати знаења од Законот за волонтерство на РСМ;
- Подобрени способности за комуникација со старите лица, деца со здрав развој и со болно дете и со деца без родители;
- Поттикнати позитивни општествени вредности;
- Развиена свесност за совесно и одговорно однесување и зголемена самодоверба;
- Правилно и корисно организирање на слободно време и здрави стилови на живеење;
- Правилен раст и развој и градењето на здрави личности со стабилни морални вредности;
- Пресретнување на потребите на заедницата и јакнење на врските во истата;
- Стекнато волонтерско работно искуство, промовирани позитивни волонтерски практики, како и нивното значење.
АКТИВНОСТИ
Вкупно за сите 4 групи со по 25 учесници ќе се одржат:
- 12 теоретски семинари;
- 4 работилници;
- 4 подготвителни волонтерски работилници;
- 4 волонтерски активности.