|

Фондација НВО Инфоцентар Скопје

Во партнерство со  Здружение за локална демократија Центар на заедницата на општина Струга и Здружение Регионален центар за соработка СПЕКТАР – Крива Паланка 

Вкупен буџет: 2.570.530 МКД

Времетраење: 15 месеци

КОНСТИТУЕНТИ

Главни конституенти: локални инспектори од 80 општини и Град Скопје, Инспекциски совет, најмалку девет граѓански организации и граѓани од Скопскиот, Североисточниот (од општините Крива Паланка, Куманово и Кратово) и Југозападниот (од општините Струга, Охрид и Дебар) регион.

ЗА ПРОЕКТОТ ПОДДРЖАН ОД ЦИВИКА МОБИЛИТАС

Локални инспекциски служби во интерес на граѓаните

ЗА ШТО Е ПОТРЕБНА АКЦИЈАТА

Информираност и учество на граѓанските организации и на граѓаните во креирањето и донесувањето одлуки за децентрализацијата на локалните инспекторати според локалните потреби, практики и услуги според очекувањата на граѓаните како и зголемување на вклученоста на „grass root“ организациите во подобрувањето на локалните јавни политики за инспекциски надзор.

ЦЕЛИ И РЕЗУЛТАТИ

Општа цел: Независни и ефикасни инспекциски служби на локално ниво кои работат во интерес на граѓаните.

Специфична цел/и: Подобрување на функционалноста и транспарентноста на локалниот инспекциски надзор и поттикнување на двонасочната комуникација со граѓанските организации и граѓаните.

РЕЗУЛТАТИ

  • Продлабочена соработка на општините со Инспекцискиот совет и меѓу самите општини, преку размена на знаење, информации и добри практики;
  • Граѓанска иницијатива за подобрување на законската рамка за локален инспекциски надзор;
  • Информирани граѓани за работата и надлежностите на локалните инспекциски служби.

АКТИВНОСТИ

  1. Работилници за локалните инспектори во 8 плански региони;
  2. Препораки за подобрување на законската рамка;
  3. Јавна дебата;
  4. Инфо-средби на инспекторите со граѓанските организации и граѓаните „Запознај го својот инспектор“;
  5. Продукција на информативни мултимедијални содржини;
  6. Препораки за поголема транспарентност и двонасочна комуникација на инспекциските служби со граѓаните;

Веб страна

Продолжи со читање

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор