Ryco logo

Јавен повик за претставници во Советодавен одбор на RYCO

Врз основа на Меѓународниот договор за воспоставување на Регионалната канцеларија за младинска соработка на Западен Балкан (РИКО), Сектор млади, врз донесената Одлука од страна на директорот на Агенцијата за млади и спорт, се објавува
ЈАВЕН ПОВИК

За избор на двајца претставници во Советодавниот Одбор на РИКО

Агенцијата за млади и спорт ги повикува сите млади лица на возраст од 15 до 29 години да се пријават на јавниот повик за избор за два претставници во советодавниот одбор на РИКО, согласно со утврдените критериуми, кој ги содржат следниве точки:

Критериуми:

1.         Да е номиниран од страна на граѓанска организација која што делува на територија на Република Северна Македонија;

2.         Да има експертиза во најмалку 1 од следните области:

a.         Интеркултурен дијалог

b.         Младински политики

c.         Помирување

d.         ЕУ интеграции

e.         Младинско учество

3.         Да има најмалку 5 години искуство во граѓанскиот сектор / младински програми;

4.         Да не е член во други тела на РИКО;

5.         Добро познавање на контекстот за потребите на младите во регионот;

6.         Познавање на граѓанскиот сектор;

Дополнителни критериуми:

1.         Добро да го владее англискиот јазик, (говор и пишување);

2.         Да има добри комуникациски способности и способности за застапување и лобирање;

3.         Искуство во спроведување на истражување, ќе се смета како предност.

 

Потребни документи за пријавување:

1.         Пополнета пријава

2.         Кратка биографија

3.         Писмо за номинација од матичната граѓанска организација

4.         Листа на референции (најмалку 3 референции)

5.         Други релевантни документи во согласност со повикот

По завршување на јавниот повик предвидени се три фази на селекција: 

1. Техничка проверка на документација, 

2. Пред селекција врз основа на критериумите и

 3. Интервју со подобни кандидати за номинација.

Што подразбира членството во Советодавниот Одбор;

1. Членовите имаат мандат од времетраење на 2 години со право на реизбор;

2. Членовите ги избира Управниот Одбор на РИКО врз база на предлог од комисијата создадена во рамките на АМС;

3. Редовно учество на состаноците на Советодавното Одбор (кој подразбира и патување во странство), предвидени се најмалку 2 работни средби годишно;

4. На своја иницијатива или по налог на Управниот Одбор Советодавниот Одбор спроведува истражувања или проценка за прашања во кои се во надлежност на РИКО;

5. По потреба може да формира работни групи од членови и експерти, по препорака од Управен Одбор

6. Советодавниот Одбор поднесува извештај до Управниот Одбор и Генералниот Секретар на РИКО

7. Работата на членовите на Советодавниот Одбор е доброволна и за тоа не добиваат надоместок. РИКО ги покрива патните трошоци и трошоци за сместување и исхрана кога се повикуваат да присуствуваат на состаноците.

Апликантите своите пријави треба да ги достават во затворен плик на кој на горниот лев агол треба да стои ознаката “не отворај”, а во средината треба да биде назначена точната адреса на примачот.

КРАЕН РОК за пријавување: 15.02.2021 година до 16:00 ч.

Адресата на која треба да се пријави е:

Агенција за млади и спорт

Сектор млади

Ул. Македонија 38, 1000 Скопје (Палата “Панко Брашнаров”)

Со назнака “за Јавен повик за избор на двајца претставници во советодавниот одбор на РИКО”

Или лично, во Архивата на Агенцијата за млади и спорт  најдоцна до 15.02.2021 година (понеделник), до 16:00 часот.

 

За дополнителни информации заинтересираните можат да се обрата на mail: stepanoskistefan@gmail.com  секој работен ден од 8:30 до 16:30 часот, или во просториите на Агенција за млади и спорт, Сектор млади.

Јавниот повик ќе трае од 01.02.2021 до 15.02.2021 година (понеделник), до 16:00 часот.

НАПОМЕНА: Организациите чиј претставник ќе биде избран во Советодавниот Одбор немаат право на учество како апликант или партнер, за финансиска поддршка од РИКО.

Продолжи со читање

  • Учество на работилницата во рамки на проектот “Зајакнато граѓанско учество во заштита на животната средина“

    На 9.6.2026 год. (вторник) се одржа работилницата во рамки на проектот „Зајакнато граѓанско учество во заштита на животната средина“, кој е поддржан од Expertise France, а се спроведува од страна на Македонското здружение на млади правници (МЗМП) во партнерство со Здружението за одржлив развој Милеуконтакт Македонија (МКМ), Центарот за правни…

  • СВЕЧЕНО ДОДЕЛУВАЊЕ НА СЕРТИФИКАТИТЕ ВО ШТИП

    Со големо задоволство ја завршивме реализацијата на обуката за шминка во Општина Штип, каде што свечено беа доделени сертификати на успешните учеснички. Општина Штип беше десеттата општина во која се спроведоа бесплатните обуки во рамките на проектот. Со доделувањето на сертификатите во Штип, успешно го заокруживме овој значаен процес, при што вкупно 70 жени од…

  • ВЕЛО-БУРЕ ПАРКИНГ Циркуларно решение за одржлива урбана мобилност

    Вело-Буре паркинг е иновативно решение кое го трансформира отпадниот материјал во функционална урбана инфраструктура за паркирање велосипеди. Преку примена на принципите на циркуларна економија, иницијативата придонесува кон намалување на отпадот, поттикнување на велосипедската култура и создавање поодржливи градови. Решението е наменето за училишта, општини, јавни институции и приватни компании кои сакаат да инвестираат во зелена […]

  • Со одржливо управување со органскиот отпад до чиста животна средина преку системот за селекција подготовка и селективно собирање на био отпад за компостирање во компостари во ООУ „Димо Хаџи Димов“

    Со големо задоволство на 4.06.2026 година, заедно со  вредните ученици и совесни граѓани, успешно реализиравме уште една акција за селекција, подготовка и собирање на органски отпад во ООУ „Димо Хаџи Димов“.  Продолжуваме со активноста фокусиран на поттикнување на граѓанскиот активизам и заштитата на околината преку паметно управување со отпадот.
    Главната цел на проектот е активно вклучување на локалната заедница — учениците, нивните родители, роднини и соседи. Заедно, како клучна целна група, ќе ги истражиме и примениме придобивките од правилното постапување со органскиот отпад.
    Од отпад до нов живот преку одлагање на собраниот био отпад во училишните компостари каде што ќе се трансформира во висококвалитетен, природен хумус кој ќе се користи за уредување на училишниот двор.
    Невнимателното фрлање на органскиот отпад има сериозни последици. Важноста на оваа активност за селекција и одлагање на био отпадот во компостара директно придонесува кон:

    Заштита на медиумите на животната средина: Спречување на штетните влијанија врз почвата, водите и воздухот.
    Грижа за здравјето: Намалување на ризиците по човековото здравје преку почитување на пропишаните правила за управување со отпад.
    Растеретување на депониите: Спречување на органскиот отпад без потреба да завршува на депонија.
    Од отпад до нов производ: Моќта на циркуларната економија проектот нуди оптимизирани концептуални решенија кои започнуваат од нашите домови. Преку правилно селектирање (сортирање) и собирање на отпадот од домаќинствата, овозможуваме тој да не биде само ѓубре, туку вредна суровина. На овој начин, отпадот се вклучува во секундарен циклус со што се постигнува вистинска циркуларна економија — добивање на нов производ во нов процес.

    Ги повикуваме сите граѓани да покажат интерес, да се информираат и активно да се вклучат во активностите. Секој поединечен труд е чекор поблиску до позелена и поодржлива иднина за сите нас!
    Оваа активност се остварува во рамките на проектот „Граѓански активизам за остварување на циркуларна економија во управувањето со органски отпад“ спроведуван од Центар за ресурси во животна средина (РЕЦ) – Северна Македонија во партнерство со EcoLogic и Center for Environmental Democracy – Florozon Флорозон – Центар за еколошка демократија. Проектот е подржан од владата на Швајцарија преку Цивика мобилитас.
    #CivicaMobilitass, #CHinMK, Цивика мобилитас (civicamobilitas.mk)

  • Успешна еко-акција во ООУ „Владо Тасевски“: Со граѓански активизам до одржливо управување со органскиот отпад во рамките на проектот „Граѓански активизам за остварување на циркуларна економија во управувањето со органски отпад“

    На 5.06.2026 година, во ООУ „Владо Тасевски“ докажавме дека големите промени започнуваат од малите, секојдневни навики. Во изминатиот период со заеднички сили на вредните ученици и свесните сограѓани, успешно собравме и подготвивме органски отпад за компостирање.
    Преку овој проект активно го поттикнуваме граѓанскиот активизам за одржливо управување со отпадот. Локалната заедница — учениците, нивните родители, роднини и соседи — се нашата клучна целна група со заедничка мисија: правилно селектирање на отпадот уште од нашите домови!
    Важноста на оваа иницијатива е да се научат граѓаните и учениците дека правилното сортирање и собирање на органскиот отпад од домаќинствата носи клучни придобивки за сите нас:

    Заштита на животната средина и здравјето: Ги спречуваме штетните влијанија врз почвата, водите, воздухот, како и директните ризици по човековото здравје.
    Растеретување на депониите: Значително ги намалуваме огромните количини отпад кои инаку без потреба би завршиле на депонија.
    Поттикнување циркуларна економија: Овозможуваме оптимизирани концептуални решенија каде отпадот се вклучува во секундарен циклус како вредна суровина за добивање нов производ.

    Секој чекор започнува од поединецот, но промената ја правиме заедно. Биди и ти дел од решението за позелена и поодржлива иднина!
     
    Оваа активност се остварува во рамките на проектот „Граѓански активизам за остварување на циркуларна економија во управувањето со органски отпад“ спроведуван од Центар за ресурси во животна средина (РЕЦ) – Северна Македонија во партнерство со EcoLogic и Center for Environmental Democracy – Florozon Флорозон – Центар за еколошка демократија.
    Проектот е подржан од владата на Швајцарија преку Цивика мобилитас.
    #CivicaMobilitass, #CHinMK, Цивика мобилитас (civicamobilitas.mk)

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор