|

Ромска Асоцијација за жени и млади – ЛУЛУДИ

Вкупен буџет:  3.781.174 МКД

Времетраење: 24 месеци

КРАТОК ОПИС НА ОРГАНИЗАЦИЈАТА

Ромска асоцијација за жени и млади (РАЖМ) „ЛУЛУДИ“ е невладина, доброволна, непрофитна,  непартиска и  независна  граѓанска организација формирана како потреба за промени и поддршка на потребите и проблемите со кои се соочуваат жените Ромки во Р.С. Македонија, вклучувајќи ги и младите Роми, се со цел подобрување на статусот на жената Ромка во општеството и семејството, како и зголемување на нивото на едукација на младите Роми преку заедничка соработка со други невладини организации и институции во државата.

Општите цели и задачи на здружението се да создава услови и организиран настап за постојани активности на жените и младите, како и да ги следи, проучува и иницира прашањата што бараат општествено разрешување, а непосредно се поврзани со унапредување на општествено- социјалната и економската положба на жените и младите.

Мисијата на РАЖМ „Лулуди“ е подобрување на статусот на жената Ромка и младите Роми во општеството и семејството, преку нивно целосно вклучување во општествените текови, а во соработка со други организации и институции на локално, национално и меѓународно ниво.

КОНСТИТУЕНТИ

Ромската заедница, жени Ромки, млади Роми, маргинализирани групи.

РЕЗУЛТАТИ

  • Унапредени вештини за застапување за промена/ подобрување на регулативата;
  • Развиени вештини за раководење со проектен циклус на РАЖМ „Лулуди“;
  • Унапредена финансиска одржливост на РАЖМ „Лулуди“;
  • Развиени вештини и практики за обучување и развој на вештини од страна на тимот на РАЖМ „Лулуди“ кон своите целни групи.

Веб страна

Продолжи со читање

  • Центар за граѓанска иницијатива – Прилеп

    Вкупен буџет: 5.347.857 МКД Период на реализација: 1 јули 2024 – 30 јуни 2026  година Специфична тема: Родова еднаквост Партнери: Конституенти: Проектот е насочен кон различни групи и актери во Пелагонискиот регион, со специфичен фокус на маргинализираните заедници и клучните чинители вклучени во промовирањето на социјалните промени и справувањето со…

  • Хелсиншки комитет за човекови права – Скопје

    Вкупен буџет: 5.547.802 МКД Специфична тема: Социјална инклузија Период на реализација:  1 јули 2024 – 30 јуни 2026 година Партнери: Конституенти: Жените од маргинализирани заедници во Скопскиот плански регион кои се во поголем ризик од нееднаков третман поради нивна специфична положба или лична карактеристика. Посебен фокус ќе се стави на…

  • ФИНАНЦЕ ТХИНК – Институт за економски истражувања и политики, Скопје

    Вкупен буџет: 5.600.000 МКД Период на реализација: 1 јули 2024 – 31 октомври 2026 година Специфична тема: Образование Партнери: Конституенти: Граѓани, жители на Скопскиот регион; млади од Скопскиот регион; носители на политики за образование, здравство, економски, социјални и политики за млади (МОН, БРО, МЗ, ИЈЗ, МТСП, АВРМ, МФ, МЕ и…

  • Центар за ресурси во животната средина (РЕЦ) – Северна Македонија Скопје

    Вкупен буџет: 5.500.000 МКД Период на реализација: 1 јули 2024 – 31 октомври 2026 година Специфична тема: Климатски промени/ Животна средина Партнери: Конституенти:  Учениците од 7до 9 одделение од Општинските основни училишта (ООУ) на Скопскиот регион, како идни двигатели во општеството. Учениците и околу 2500 граѓани ќе имаат пристап до корисни печатени…

  • Центар за развој и промоција ПРОМО ИДЕА – Струмица

    Вкупен буџет: 5.589.950 МКД Период на реализација:  1 јули 2024 – 31 август 2026 година Специфична тема: Млади Партнери: Конституенти:  Младите во Југоисточниот регион на Република Северна Македонија, поделени во две подгрупи: од 18 до 21 година и од 21 до 29 години, независно од нивниот социоекономски статус, вклучувајќи ученици, студенти, фриленсери,…

  • Центар за помош на лица со ментален хендикеп ПОРАКА Неготино

    Вкупен буџет: 5.600.000 МКД Период на реализација:  1 јули 2024 –  30 јуни 2026 година Специфична тема: Социјална инклузија Партнери: Конституенти: Семејства и лицата со попреченост, организации на лицата со хендикеп како и лекарските – медицински установи. Засегнатите страни ги опфаќаат лицата со попреченост, старателите, здравствените работници, организациите во заедницата…

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор