|

ЗДРУЖЕНИЕ ЗА ЕКОЛОГИЈА И УНАПРЕДУВАЊЕ НА КУЛТУРАТА И СПОРТОТ, РОСТУШЕ МАВРОВО И РОСТУША

Вкупен буџет: 325.000 МКД

Времетраење: 5 месеци

КОНСТИТУЕНТИ

Зеукстрион е здружение кое за свои конституенти ги има најпрвин младите работејќи во насока на подобрување на нивните знаења и можности што директно придонесува кон развојот на заедницата.

Исто така, во рамки на локалните заедници организацијата работи во силно партнерство со локалните власти, училиштата и локалните бизниси.

На регионално и национално ниво организацијата својата работа ја насочува кон сите организации кои работат во полето на екологијата, а особено оние кои во еко туризмот препознаваат важна гранка на потребен развој.

ЗА ПРОЕКТОТ ПОДДРЖАН ОД ЦИВИКА МОБИЛИТАС

Младите за Маврово

ЗА ШТО Е ПОТРЕБНА АКЦИЈАТА

Како земја во развој, Северна Македонија не става приоритет на локален развој и зелени политики преку туризам и одвојува малку или ништо од своите буџетски средства за еко инцијативи кои можат да донесат реални промени за младите во земјата. Од друга страна, серија студии на помали и поголеми еко настани покажаа капацитет да привлечат голем број млади ангажирано да работат на својата иднина креирајќи иновативни решенија. Маврово Ростуша е општина позната по голем процент на емиграција на младото население кое не наоѓајќи можности за работа во родниот крај заминува во странство. Проектот затоа цели да го задржи вниманието на младите од регионот кон можностите за развој на бизниси и иновативни решенија кои ќе го развијат еко туризмот, а воедно ќе им помогнат на младите да го откријат својот потенцијал и потенцијалот на родниот крај.

Најпрвин, проектот се стреми да ја подобри туристичката понуда имајќи ги во предвид надлежностите на општината и да го стимулира локалниот развој преку ангажман на младите во еко туризам и спорт, создавајќи нови можности за нив. Проектот ќе ги развие вештините на локалните млади зголемувајќи ги нивните шанси за вработување во регионот. Сведоци сме дека акциите кои придонесуваат кон локален економски развој се најефикасни за создавање одржливи можности за локалното население. Локалниот развој преку туризам и спорт е важен за градење вештини на локалните заедници релевантни за животната средина и локалниот контекст.

ЦЕЛИ И РЕЗУЛТАТИ

Општа цел: Главната цел на проектот е да го поддржи локалниот развој и вработувањето на младите преку градење на одржлив туристички производ составен од спортски понуди на отворено со цел да се подобри квалитетот на животот, да се заштити природата и да се изградат нови можности за младите луѓе од регионот. Ова е пилот-проект што ќе се одвива во три локалитети: Маврово-Ростуша, Галичник и Лазарополе со цел да се изгради на националната понуда за еко туризам во наредните години.

Специфична цел: Специфичната цел на овој проект е да се зголеми понудата за еко туризам за ангажирање на млади и зголемување на вработеноста кај младите од Маврово и Ростуша.

РЕЗУЛТАТИ

  1. Зајакнат регионален развој преку еко -туризмот и спојување на младинските интереси и младинската иновација;
  2. Истакнати потенцијали за здрава и чиста животна средина која ќе придонесе кон подобар живот на младите од регионот;
  3. Подобрена соработка помеѓу општината и младите во насока на развој на еко туризам и одговор кон потребите и правата на младите од регионот.

АКТИВНОСТИ

  1. Создавање широко партнерство за развој на еко-туризам;
  2. Лансирање на проектот и почетна средба;
  3. Поддршка на три иновативни бизнис плана за развој на еко туризам кој ќе вклучува младински ангажман и младински инцијативи;
  4. „Промотивна кампања“;
  5. Создавање кратко видео за промовирање на еко туризам и спорт на отворено со цел подигнување на свеста на национално ниво за туристичката понуда и можностите што младите можат да ги имаат во туризмот.

Веб страна

Продолжи со читање

  • Центар за граѓанска иницијатива – Прилеп

    Вкупен буџет: 5.347.857 МКД Период на реализација: 1 јули 2024 – 30 јуни 2026  година Специфична тема: Родова еднаквост Партнери: Конституенти: Проектот е насочен кон различни групи и актери во Пелагонискиот регион, со специфичен фокус на маргинализираните заедници и клучните чинители вклучени во промовирањето на социјалните промени и справувањето со…

  • Хелсиншки комитет за човекови права – Скопје

    Вкупен буџет: 5.547.802 МКД Специфична тема: Социјална инклузија Период на реализација:  1 јули 2024 – 30 јуни 2026 година Партнери: Конституенти: Жените од маргинализирани заедници во Скопскиот плански регион кои се во поголем ризик од нееднаков третман поради нивна специфична положба или лична карактеристика. Посебен фокус ќе се стави на…

  • ФИНАНЦЕ ТХИНК – Институт за економски истражувања и политики, Скопје

    Вкупен буџет: 5.600.000 МКД Период на реализација: 1 јули 2024 – 31 октомври 2026 година Специфична тема: Образование Партнери: Конституенти: Граѓани, жители на Скопскиот регион; млади од Скопскиот регион; носители на политики за образование, здравство, економски, социјални и политики за млади (МОН, БРО, МЗ, ИЈЗ, МТСП, АВРМ, МФ, МЕ и…

  • Центар за ресурси во животната средина (РЕЦ) – Северна Македонија Скопје

    Вкупен буџет: 5.500.000 МКД Период на реализација: 1 јули 2024 – 31 октомври 2026 година Специфична тема: Климатски промени/ Животна средина Партнери: Конституенти:  Учениците од 7до 9 одделение од Општинските основни училишта (ООУ) на Скопскиот регион, како идни двигатели во општеството. Учениците и околу 2500 граѓани ќе имаат пристап до корисни печатени…

  • Центар за развој и промоција ПРОМО ИДЕА – Струмица

    Вкупен буџет: 5.589.950 МКД Период на реализација:  1 јули 2024 – 31 август 2026 година Специфична тема: Млади Партнери: Конституенти:  Младите во Југоисточниот регион на Република Северна Македонија, поделени во две подгрупи: од 18 до 21 година и од 21 до 29 години, независно од нивниот социоекономски статус, вклучувајќи ученици, студенти, фриленсери,…

  • Центар за помош на лица со ментален хендикеп ПОРАКА Неготино

    Вкупен буџет: 5.600.000 МКД Период на реализација:  1 јули 2024 –  30 јуни 2026 година Специфична тема: Социјална инклузија Партнери: Конституенти: Семејства и лицата со попреченост, организации на лицата со хендикеп како и лекарските – медицински установи. Засегнатите страни ги опфаќаат лицата со попреченост, старателите, здравствените работници, организациите во заедницата…

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор