Здружение на граѓани „НЕКСУС – Граѓански концепт“, Скопје
Вкупен буџет: 329.350 МКД
Времетраење: 15.11.2019 – 15.2.2020
Конституенти
Професор(к)и и студент(к)и чиј главен предмет на работа/изучување се жените, мирот и/или безбедноста, и граѓанските организации кои работат на полето на родовата проблематика и мирот и/или безбедноста.
За проектот поддржан од Цивика мобилитас
Улогата на жените во зачувувањето на мирот и безбедноста: Резолуцијата 1325 – Основа за акција
За што е потребна акцијата
Тековниот процес за зачленување на Република Северна Македонија во НАТО алијансата е во заавршна фаза, а тоа упатува на претстојните обврски на земјата, односно потребата од интензивирање на активностите за зачувување на мирот и безбедноста, со целосна вклученост на жените како човечки ресурс.
Во рамките на ова, но и веќе преземените активности кои произлегуваат од Резолуцијата 1325 – Жени, мир и безбедност на Советот за безбедност на Обединетите нации, и предлог верзијата на Националниот акциски план (НАП) 2018-2022, се наметна прашањето, а со тоа и потребата да се утврди во колкав степен и од кого, Резолуцијата 1325 се имплементира, но и зошто НАП 2018-2022 сè уште е во предлог верзија, вклучително и кои цели предвидени со планот треба да бидат формулирани како работни задачи и активности, и да се спроведат.
ЦЕЛИ И РЕЗУЛТАТИ
Општа цел: Поголемо и пошироко разбирање на вредностите на НАТО поврзани со жените, мирот и безбедноста, и тоа со имплементација на Резолуцијата 1325 преку НАП 2018-2022, со вклученост на релевантните општествени фактори, зголемување на нивото на дебатата за мирот и безбедноста, со акцент за потребата од вклученост на жените како важен учесник во овие процеси.
Специфични цели:
- Воспоставување и имплементација на родово сензитивни и сеопфатни јавни политики, вклучително и спречување на конфликти, градење на мир и хуманитарна соработка;
- Обезбедување имплементација на целите содржани во Резолуцијата 1325, и учество на жените во кризниот менаџмент на национално, регионално и меѓународно ниво, и превенција на насилството врз жените во јавната сфера;
- Учество на жените во процесите на донесување одлуки во дипломатијата, чувањето на мирот и медијацијата, процесите за зголемување на примената на мировните политики, превенцијата од насилство врз жените во хуманитарните и другите спорни и конфликтни ситуации.
Резултати
- Зголемено разбирањето за вредностите на НАТО поврзани со жените, мирот и безбедноста;
- Отворање јавни дебати за потребата од имплементација на родово сензитивни политики поврзани со превенција на конфликтите, градењето на мирот и хуманитарната соработка;
- Надлежните државните институции и министерства ги вклучуваат жените во процесите на одлучување во рамките на формалната и неформалната дипломатија, зачувувањето на мирот, градењето на мирот и процесите на медијација, и укажувањето на придобивките од навремената и целосна имплементација на Резолуцијата 1325.
- Учесниците (професор(к)ите, студент(к)ите и претставниците на невладините организации) развиваат проекти за имплементација на целите на Резолуцијата 1325, преку спроведувањето на НАП 2018-2022, и развиваат методи за следење на неговото извршување.
- Забрзување на донесувањето и спроведувањето на НАП 2018-2022, кои преку овој документ ги редуцираат можните пречки во процесите на вклучување на жените во мировните и безбедносните активности.
Активности
- Формирање комисија од тројца професор(к)и од Институтот за родови студии, Филозофски факултет – Скопје, за евалуација и избор на пристигнатите научни трудови кои ќе бидат публикувани;
- Одржување дводневна конференција со панел дискусии и презентации на добри практики од регионот со фокус на теми: превенција и разрешување на конфликти, мировни преговори, градење на мирот, миротворство, хуманитарни активности и помирување;
- Издавање збирка на избраните научни трудови базирани на темата Жените, мирот и безбедноста на три јазици (македонски, албански и англиски);
- Изработка на промотивни материјали за конференцијата;
- Промоција на збирката трудови онлајн.