Вонреден билтен за справување со КОВИД-19 пандемијата
Објавено: 15/04/2020

Прочитајте го првиот Вонреден билтен за справување со коронавирус пандемијата кој се однесува на периодот од 6 до 12 април и останете во тек со активностите кои ги преземаат организациите.
Голем број граѓански организации наоѓаат нови начини за да ги поддржуваат нивните заедници за време на кризната состојба, како на локално така и на национално ниво. Ние во првиот број издвоивме четири од нивните стории.
Во меѓувреме продолжете да го следите и да пријавувате новости во прегледот на активности на граѓанските организации поврзани со КОВИД-19. Само во текот на минатата недела базата ја збогативме со 86 нови пријави, со што надминавме 250 записи.
На сите кои ја користат алатката им благодариме на поддршката и се надеваме дека нивната проактивност значи дека алатката навистина им користи во овие моменти.